Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Македонската фудбалска репрезентација предмалку стигна на скопскиот аеродром. По кратките формалности, тие ќе се упатат со чартер лет кон Порто, каде што ќе го играат историскиот меч со Португалија, објави Spoirtmanija.mk. Мечот се игра во вторник во 20.45 часот на стадионот “Драгао“ во Порто.
Од пламените јазици и отровните гасови, во болница починал Арбен Мици (26), уапсен за „семејно насилство”, кој, според првичните сознанија од увидот, поради отежната психолошка состојба со запалка ја запалил просторијата во која престојувал. Инцидент се случил во притворското одделение во полицискиот комесаријат во Камза, општина во Тирана, кога притвореник ја потпалил просторијата во која се наоѓало уште едно притворено лице, јавуваат медиумите во Албанија. Од пламените јазици и отровните гасови, во болница починал Арбен Мици (26), уапсен за „семејно насилство”, кој, според првичните сознанија од увидот, поради отежната психолошка состојба со запалка ја запалил просторијата во која престојувал. Повредени,…
„Бајден е слаб, болен и несреќен“, искоментира Володин на мрежата Телеграм. Вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој во говорот во Варшава рече дека „Путин не може да остане на власт“, предизвика гнев кај политичарите во Москва и е протолкувана како драматичен пресврт во надворешната политика на САД. Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин овој настап на Бајден го нарече „недипломатски“ и „хистерија“. „Бајден е слаб, болен и несреќен“, искоментира Володин на мрежата Телеграм. „Американските граѓани треба да се срамат од својот претседател. Можно е и да е болен. Би било добро да се подложи на лекарски преглед“, додаде…
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066, бројот на оздравени пациенти е 293.819, на починати е 9.206, а бројот на активни случаи изнесува 2.041. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.245 тестови, а регистрирани се 188 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 123, Битола – 18, Кавадарци – 10, Прилеп – 6, Куманово – 5, Штип и Делчево – по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод…
Избраниците не селекторот Благоја Милевски можат да имаат максимална поддршка од трибините од 2.500 навивачи. Продажбата на билетите за дуелот во Порто во вторник од 20:45 часот, ќе се одвива преку „Mk Tickets“ официјалниот партнер на ФФМ, и можат да се купат на линкот. https://mktickets.mk/event/por-mkd/ Продажбата на влезници за македонските навивачи за финалето од мундијалскиот бараж во Порто започнува денеска, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наведувајќи оти билетите можат да се купат по цена од 820 денари. Согласно правилата на УЕФА, за македонските навивачи се предвидени пет отсто од вкупниот капацитет од 50.000 седишта на стадионот „Драгао“, што значи дека избраниците не селекторот Благоја Милевски можат да имаат максимална…
На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Република Северна Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, премиерите ќе разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок. Во центарот на дискусиите ќе бидат дискусиите за регионот од војната во Украина. Петков, Ковачевски, Чука и Кривокапиќ ќе разговараат за…
Тие додадоа дека на жените без придружба кои веќе резервирале билети ќе им биде дозволено да отпатуваат, но само денеска и утре. Тие, исто така, наведуваат дека некои жени со билети вчера биле одбиени да се качат во авион на аеродромот во Кабул. Талибанците им соопштиле на авиокомпаниите во Авганистан дека жените не можат да се качат на домашни или меѓународни летови без машка придружба, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на два извора. Изворите, кои не беа именувани од безбедносни причини, соопштиле дека Министерството за спречување на пороците и промоција на доблестите вчера испратило писмо до авиокомпаниите во кое…
Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје. Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него. Несреќата се случила во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, утврдиле полицајците. Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен со гол во пријателскиот натпревар против Холандија (2-4) вчеравечер во Амстердам имаше незаборавно враќање во националниот тим, девет месеци откако колабираше на теренот на ЕУРО2020. Ериксен се запиша во листата на стрелци во 48 минута, само две минути по влегувањето во игра од клупата за резерви на дуелот во Амстердам, точно 288 денови откако доживеа речиси смртоносен срцев удар. Данецот колабираше за време на натпреварот против Финска на ЕУРО2020 на стадионот „Паркен“ во Копенхаген и потоа мораше да му биде вграден апарат за регулирање на работата на срцето. Ериксен (30), кој ја продолжи клупската кариера на…
По осум години од самопрогласувањето на двете „народни републики“ во Донбас, тамошните челници од Москва бараа да ја признае нивната независност, а руската Државна Дума донесе резолуција во таа смисла и ја испрати до претседателот Владимир Путин. Самопрогласената Луганска Народна Република, доминатно руски и рускојазичен регион на истокот од Украина, наскоро би можела да одржи референдум за присоединување на Руската Федерација, изјави локалниот челник, Леонид Пасечник. „Мислам дека во блиско време на територијата на републиката ќе биде спроведен референдум, на кој народот ќе го реализира своито апсолутно уставно право и ќе го искаже своето мислење во врска со стапување во…
Градските власти на Болдер, Колорадо, во САД, наредија евакуација на околу 19.000 луѓе поради брзото ширење на шумските пожари. Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Болдер објави на Твитер дека меѓу оние на кои им е наредено да заминат има луѓе поврзани со околу 8.000 домови во близина на пожарот. Крупните животни беа прифатени на саемот во округот Болдер, соопштија властите. Се проценува дека пожарот брзо пораснал од 60 хектари на 123 хектари, соопшти канцеларијата. Портпаролката на пожарникарската служба, Марја Вашбурн, рече дека топлото време и силните ветрови помогнале за ширење на огнот, но и дека силината на ветрот…
Нè очекува еден од најтешките и највозбудливите натпревари досега за сите нас играчи кои сме тука во репрезентацијата. Пред нас се 90 минути во кои можеме да си го исполниме сонот од детството и сонот на целата нација. Знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме и ќе изгинеме на теренот за да дојдеме до Светското првенство во Катар, изјави Елмас. Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во вторник во Порто во рамки на финалето од мундијалскиот бараж ќе биде посилна за Елиф Елмас, кој оцени дека дуелот против Португалија за „црвено – жолтите“ ќе биде досега најтешкиот. – Нè…