Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје.

Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него.

Несреќата се случила во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, утврдиле полицајците.

Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.