Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Мик Шумахер, возачот на Хаас, имаше страотна несреќа за време на квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија, неговиот болид се распадна, а тој нема да вози на денешната трка, потврдија од неговиот тим. Синот на легендарниот шампион во Формула 1, Мик, заврши во заштитната ограда во 12тата кривина на патеката во Џеда. Тој, за среќа, е во добра здравствена состојба, но нема да вози на денешната трка. Red Flag 🚩 Mick Schumacher has a heavy hit at Turn 12. #SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/12lBHlXRex — TSN (@TSN_Sports) March 26, 2022
Бендот, до самиот почеток на концертот, успеа да ги чува во тајност имињата на повеќето музичари – пријателите кои, наместо нивното заштитно лице и глас, ги пееја хитовите на „Парни ваљак“: Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски. Со солзи и многу нежни моменти, синоќа во преполната загрепска Арена се одржа концерт на легендарниог бенд „Парни ваљак“ наречен „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже… Аки“ со којшто беше одадена почест на незаменливиот великан на музичката сцена. Повеќе…
Во овие неизвесни времиња, кога целиот свет се грижи иднината и безбедноста, Северна Македонија е дел од најмоќниот воено политички сојуз кој го гарантира нашиот територијателен интегритет и сигурност. Членството во алијансата е многу повеќе од гарантирана безбедност и заштита на нашите граѓани, објави премиерот Ковачевски Пред точно две години ја остваривме една од стратешките цели поставени уште од осамостојувањето на државата – полноправно членство во НАТО алијансата. Две години подоцна, во екот на најголемата воена и економска криза по втората светска војна, ја согледуваме исправноста на оваа одлука, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил. Во објавата…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје се изречени вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 39 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)… -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме…
Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, изјави дека „Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва“. Блинкен беше замолен од новинарите да ја коментира вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“. – Мислам дека претседателот, како што објасни синоќа Белата куќа, рече дека Путин не може да има овластување да започне војна или агресија против Украина или некој друг, рече Блинкен. – Како што знаете, ние многупати кажавме дека Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва или на кое било друго место, рече Блинкен.…
На денешен ден одбележуваме 2 години од членството во НАТО. Додека сите граѓани се радуваа и гласно го поздравуваа големиот успех на државата, и исполнувањето на една клучна стратешка цел, членството во НАТО, само Мицкоски не честиташе, соопштија денеска од СДСМ. Ова е видео потсетување како цела собраниска сала аплаудира само Мицкоски не, прави се друго, само не се радува, не честита: https://www.youtube.com/watch?v=i9jCa1A68yc Тоа е Мицкоски, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Ништо се нема променето во оваа партија.
Украинското Министерство за одбрана утрово објави информација за корупција меѓу руските војници стационирани во соседна Белорусија. Според украинската страна, руските војници продавале гориво и залихи, а во некои случаи ги менувале за алкохол. Украинската војска утрово објави и дека руските сили досега изгубиле 582 тенкови, 294 парчиња артилерија, 93 повеќецевни ракетни фрлачи, 52 противвоздушни системи, 73 цистерни со гориво и 1.114 други возила во Украина.
Историски успех за Северна Македонија и силна гаранција за нашата безбедност, стабилност и просперитет, напиша утрово на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод две години од членството на земјава во НАТО. – Денес одбележуваме две години од членството на Северна Македонија во НАТО, наше најголемо надворешно – политичко достигнување и најзначајна политичка верификација на нашата државност. Нашето знаме се вее заедно со другите 29 знамиња на НАТО – сојузниците, сведочејќи за единството и солидарноста меѓу партнерските земји во овие времиња на безбедносни предизвици со кои се соочуваме. Станавме посилно интегрирани во евро-атлантската заедница, како сојузници со најголемите…
Но, не губете надеж, бидејќи со вистинските лидери, Америка ќе се врати, ќе биде посилна од било кој било кога, рече Трамп на состанокот во американската држава Џорџија, пренесе „Дејли мејл“ Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше сегашниот Џозеф Бајден, велејќи дека „во 15-те месеци откако стана претседател, направил толку штета, колку што не направиле колективно, петте најлоши американски претседатели. – Помина повеќе од една година, за тоа време успеа да го убие, буквално да го убие американскиот сон. Но, не губете надеж, бидејќи со вистинските лидери, Америка ќе се врати, ќе биде посилна од било кој било кога,…
Меѓу нив има американски, ирски и руски новинари. Таа тврди дека се ранети уште десетина Дванаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската агресија, објави украинската државна обвинителка на својата Фејсбук страница. „Да се каже вистината за агресијата на Путин е смртоносна – досега се убиени 12 новинари“, објави Ирина Венедиктова. Меѓу нив има американски, ирски и руски новинари. Таа тврди дека се ранети уште десетина. Според Венедиктова, сите новинари биле убиени од руската армија, но оваа информација не може да се потврди независно, посочуваат западните медиуми. Досега се нападнати најмалку 56 претставници на медиумите, меѓу кои 15…
На 30 март 2020 година македонското знаме беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапување на земјава во Алијансата. Знамето беше кренато додека се интонираше македонската химна. Северна Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. Во вонредни околности, кога светот се соочуваше со пандемијата на Ковид-19, вршителот на должност амбасадор на земјава во САД Вилма Петковска во Вашингтон му го предаде оригиналниот документ на ратифакиција од Преспанскиот протокол за членство на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија амбасадорот Филип Рикер. Датумот 27 март 2020 година беше означен…
Република Северна Македонија две години членка на НАТО. Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата, ден кога ја заокруживме стратешката цел – членство во најмоќниот воено политички сојуз. Заедно сме посилни, напиша министерката Петровска. Министеркатра за одбрана Славјанка Петровска утрово на својот фејсбук профил објави дека денешниот датум, 27 март, е во редот на најважните од независноста на државата зашто земјава пред две години на овој ден стана полноправна членка на НАТО. -Република Северна Македонија две години членка на НАТО. Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата, ден кога ја заокруживме стратешката…