Бендот, до самиот почеток на концертот, успеа да ги чува во тајност имињата на повеќето музичари – пријателите кои, наместо нивното заштитно лице и глас, ги пееја хитовите на „Парни ваљак“: Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски.

Со солзи и многу нежни моменти, синоќа во преполната загрепска Арена се одржа концерт на легендарниог бенд „Парни ваљак“ наречен „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже… Аки“  со којшто беше одадена почест на незаменливиот великан  на музичката сцена.

Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски, кој почина пред повеќе од два месеци.  Се започна многу емотивно, со снимка на песната на  Аки „За малку нежност“ , објавуваат хрватските медиуми.

Бендот, до самиот почеток на концертот, успеа да ги чува во тајност имињата на повеќето музичари – пријателите кои, наместо нивното заштитно лице и глас, ги пееја хитовите на „Парни ваљак“: Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски.

FOTO tportal.hr

Според „Јутарњи лист“ синоќешниот концерт, несомнено, беше најемотивниот настап на „Парни ваљак“ во нивната 47-годишна музичка кариера, бидејќи, тие на сцената за првпат се појавија без нивниот фронтмен Аки Рахимовски.