Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. Ноќеска во два часот по полноќ, со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред, почна летното сметање на времето. Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ. Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Исланд, Русија и Белорусија. Сезонското менување на времето,…
Ќе дува слаб претежно северен ветер. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Наутро по котлините ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе достигне 22 степена. Според УХМР, утре ќе биде значително облачно со врнежи од дожд, претежно во западните делови. На…
Знаеме дека ќе биде тешко, но фудбалот прави чуда. И вчера никој не веруваше, но се случи тоа што ќе се случи. Одиме во Португалија да дадеме максимум и се надевам дека ќе отидеме на светско, порача Трајковски Стрелецот на победоносниот гол против Италија, Александар Трајковски, изјави оти судбината посакала тој да ѝ донесе сензационална победа на македонската репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ на кој настапуваше четири години како поранешен член на Палермо. – Со последните сили шутнав и целиот фокус го ставив во тој последен шут. Како да беше судено дека морам да дадам гол на стадионот каде што поминав прекрасни четири…
Фудбалерите ќе бидат префрлени со автобус директно до плоштадот „Македонија“, поради големиот интерес на навивачите, планирано е околу 18.00 часот фудбалерите да ги поздрават граѓаните, но само накратко, 15 -20 минути. Оттаму одат во хотелски карантин каде бидат се до недела, кога треба да отпатуваат за Порто, потврдија за НоваТВ од Град Скопје. Македонските фудбалери се очекува да слетаат од Палермо денеска околу 17. 30 часот на скопскиот аеродром, потврди за НоваТВ, Златко Андоновски, портпарол на Фудбалската федерација на Македонија. Фудбалерите се договориле со селекторот Благоја Милевски веднаш по слетувањето да бидат упатени во хотел, во карантин, но сепак, победниците…
Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило, информираа од ЈСП. Од ЈСП информираат дека денеска околу пладне во двокатен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија „57“ избувнал пожар, во кој, за среќа нема повредени патници, а причинета е само материјална штета. – Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Веднаш излезе на терен внатрешната контрола на ЈСП Скопје, при што од изјавата на возачот и сведоци, било констатирано дека пожарот избувнал во делот…
Навивач во Турција пукал во телевизорот кога Бурак Јилмаз го промаши пеналот за време на синоќешниот фудбалски натпревар Португалија – Турција. При водство од 2:1 за Португалија, Турција во 85. минута добива шанса да изедначи преку пенал и можност да се играат продолженија на натпреварот. Но Јилмаз, за несреќа, успеа да го промаши пеналот и Португалија се пласираше во финалето на баражот за СП во Катар. Јилмаз денеска објави дека се збогува со турската репрезентација откако го промашил пеналот. https://youtu.be/RrYdXd1Syjg
Јилмаз синоќа прво го намали водството на Португалија на 2-1, а во 85 минути не реализираше пенал, по што во завршните минути домаќините само ја потврдија победата, која им донесе финале против македонските фудбалери во вторник во Порто Турскиот фудбалски репрезентативец, Бурак Јилмаз, објави дека го одиграл последниот натпревар во националниот дрес, непосредно откако Турција загуби синоќа од Португалија (1-3) во полуфиналето од мундијалскиот бараж. Јилмаз синоќа прво го намали водството на Португалија на 2-1, а во 85 минути не реализираше пенал, по што во завршните минути домаќините само ја потврдија победата, која им донесе финале против македонските фудбалери во…
Овој натпревар (против Турција) е завршен и сега нашиот фокус е кон Македонија, што несомнено ќе биде многу тежок дуел. Самото тоа што тие ја победија Италија значи дека ќе ни биде многу тешко, изјави португалскиот селектор Фернандо Сантош за националната телевизија РТП. Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3-1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар. – Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го победивме првото…
По сензационалната победа на фудбалската репрезентација на Македонија над Италија со 1 спрема 0, македонските песни, освен на трибините, синоќа но и денеска ечеа и по улиците среде Палермо, но и низ други градови во Италија. На едно од видеата се гледа дека ниту Италијанците не останаа рамнодушни на македонските песни, па, еве, некои од нив и заиграа… Македонската Фаланга од се срце ги бодреше фудбалерите, а „експлозија“ од емоции се случи кога Александар Трајковски го постигна победничкиот гол на само три минути пред крајот на натпреварот, во судиското продолжение. https://youtu.be/vq6XdMLzS58 (Извор: Спортманија, Спорт)
Пријавените, на различни катастарски парцели кај месноста „Манастирец“ во близина на езерото „Шпиље“-општина центар Жупа, на државно земјиште, без одобрение за градба изградиле објект Против двајца скопјани поднесена е кривични пријави за узурпација на државно земјиште каде почнале бесправно да градат. – Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против А.Ќ.(49) и Ј.А.(55), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправна градба“. Пријавените, на различни катастарски парцели кај месноста „Манастирец“ во близина на езерото „Шпиље“-општина центар Жупа, на државно земјиште, без одобрение за градба изградиле објект, информираше Стефан Димоски, портпарол на…
Тетовската полиција денеска приведе жител на градот кој еден час претходно нападнал телевизиски снимател. Инцидентот се случил претпладнево околу 11 часот на улицата „Илинденска“, каде снимател работел и снимал со камера. -Полициски службеници на СВР Тетово го привеле 31-годишниот Ј.М.од Тетово, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 19-годишниот тетовец Б.П. дека околу 11 часот и 15 минути на улица Илинденска” во Тетово, физички го нападнал додека тој извршувал професионални снимателски задачи. Приведениот Ј.М. задржан е во Полициската станица Тетово, информираше Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок на…
За време на бомбардирањето на воени и цивилни цели и инфраструктура во Србија и Црна Гора, загинале околу 2.500 луѓе, повеќе од 12.500 биле ранети, а 1.008 припадници на армијата и полицијата биле убиени или исчезнати. Со уништувањето на инфраструктурата причинета е штета од десетици милијарди долари Србија денеска ја одбележува 23-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз тогашна СР Југославија во 1999 година со серија комеморативни собири, кои започнаа по неуспешните преговори за завршување на конфликтот и за решавање на кризата во Косово, јави Хина. НАТО и меѓународната заедница како причина за воената интервенција во СРЈ ја…