Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците, рече Ковачевски Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во видео обраќање до јавноста се осврна на продлабочената економска криза, како и на пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, кој Владата го донесе со цел заштита на граѓаните и стопанството. Во продолжение текстот на видео изјавата во целост: Почитувани граѓани, Живееме…
Тој загинал додека чекал ред за масло во еден од поголемите хипермаркети во комплексот Славејков, кадешто маслото било на промоцијата од 2,99 лева. По долго чекање, починал покрај палетите со овој производ Чекајќи во редица за да купи масло за јадење во продавница, седумдесет и четиригодишен маж загина во Бургас, јавуваат медиумите во Бугарија. Тој загинал додека чекал во редица за масло во еден од поголемите хипермаркети во комплексот Славејков, кадешто маслото било на промоцијата од 2,99 лева. По долго чекање, починал покрај палетите со овој производ. Брза помош пристигнала на местото на настанот, но, за жал, само констатирала смрт.…
Руската армија денеска го онеспособи главниот комуникациски центар на вооружените сили на Украина во предградието на Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. – Утрото на 12 март, високопрецизно оружје со долг дострел ја погоди украинската воена инфраструктура. Воениот аеродром во Василково и главниот центар на радио и електронската разузнавачка служба на Вооружените сили на Украина во Бровари беа ставени вон функција, соопшти Конашенков. Тој исто така рече дека руските сили уништиле „речиси 3.500 украински воени објекти од почетокот на воените операции во Украина“. – За време на операцијата вон функција се ставени 3.491 објекти на украинската воена…
Гори магацин за муниција во Василково, 36 километри јужно од главниот град Киев. Пожарот, според полициските извештаи во Украина, избувнал околу 7 часот утринава, по силен руски напад со шест проектили на локалниот воен аеродром. Ammunition depot in Vasylkiv, Kyiv Oblast, on fire. According to Kyiv Oblast police, the fire broke out following a heavy Russian attack with 6 missiles at the local military airfield at about 7 a.m. Video: Kyiv Oblast Police pic.twitter.com/jUuUFxfnk7 — The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 12, 2022
Руското бомбардирање и гранатирање се одвиваат доста насилно додека зборуваме, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. – Ние проценуваме дека Русите почнуваат да прават поголем импулс на теренот кон Киев, особено од исток. Пентагон предупреди дека руските трупи почнуваат да напредуваат кон главниот град Киев, додека украинските сили продолжуваат да се борат против налетот на ракетен оган, јави Фокс Њуз. – Руското бомбардирање и гранатирање се одвиваат доста насилно додека зборуваме, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. – Ние проценуваме дека Русите почнуваат да прават поголем импулс на теренот кон Киев, особено од исток. Информацијата доаѓа…
Владата на Република Северна Македонија на 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи. На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на…
Според овие нацрти се очекува намалување на цените на бензинот за 6,5 денари и на дизелот за 9 денари. По усвоените владини антикризни мерки, денеска се очекува Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги да ги објави новите цени на бензините и нафтените деривати. Собранието ги усвои измените во законите за ДДВ и за акцизи, па денеска РКЕ ќе заседава за да ги усклади цените на горивата според овие измени. Акцизата на горивата се намалува од 1,2 денари до 4,7 денари, додека ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто. Според овие нацрти се очекува намалување на цените на бензинот…
Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР. – По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти. Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите…
Собранието ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, со што се исполнети правните услови за реализација на владините антикризни мерки. Со сетот од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните, а ги помагаме и компаниите, стопанството, соопштија денеска од СДСМ Го укинуваме ДДВ за основните производи храна. Со оваа мерка се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот. Ги укинуваме царинските давачки за увоз на основните прехранбени производи. Ја намаливме и акцизата за горивата и го…
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени. Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Во источните подрачја ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура…
САД досега немаат изнесено докази за планирана употреба на хемиско оружје од страна на Русија, но самиот факт дека тоа се кажува во јавноста говори дека американските разузнавачи имаат информации дека таков напад може да се случи. Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа предупреди дека Русија ќе плати „жестока цена“ ако употреби хемиско оружје во Украина. – Нема да зборувам за разузнавањето, но Русија ќе плати жестока цена ако употреби хемикалии, изјави Бајден за Си-ен-ен. САД досега немаат изнесено докази за планирана употреба на хемиско оружје од страна на Русија, но самиот факт дека тоа се кажува во јавноста говори дека американските разузнавачи имаат информации дека…
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – убиство. Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот, на возраст од 46 години, лишил од живот едно лице, нанесувајќи му два убоди со нож во пределот на градите. Настанот се случил на 15 ноември лани, при меѓусебна тепачка на обвинетиот со трето лице, во дворот на куќа на улицата „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци. Оштетениот се обидел да ги раздвои, меѓутоа, обвинетиот му нанел повреда – убоден канал во срцето, па оштетениот починал на пат кон болница. Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави и предлог…