Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Ковачевски: За само 50 дена покажавме дека можеме и умееме да се справиме со предизвиците

0
By НОВА ТВ Balaban on March 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 12, 2022 11:42
Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците, рече Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во видео обраќање до јавноста се осврна на продлабочената економска криза, како и на пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, кој Владата го донесе со цел заштита на граѓаните и стопанството.

Во продолжение текстот на видео изјавата во целост:

Почитувани граѓани,

Живееме во време на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина. Економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните, но ние мора да бидеме подготвени и да планираме како ќе го премостиме овој бурен период.
Кога пред 50 дена кога ја преземав функцијата премиер реков дека ова ќе биде кризна година полна предизвици. Свесни за ризиците по економијата и животниот стандард, ги насочивме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите.

Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, го решивме проблемот со затоплување во Скопје, ги поддржавме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите.

Свесен сум дека за никој нема да биде лесно, но кризата за жал е нешто што ги погоди сите граѓаните на Европа па и светот. Јас и сите членови на Владата и институциите ќе продолжиме посветено и ефикасно да носиме мерки за заштита на животниот стандард, за унапредување на животот на граѓаните и поддршка за стопанството.

За крај, сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои работат и се платени од граѓаните, максимално одговорно да ги трошат државните пари. Нема да има разбирање и оправдување за ниеден функционер кој неодговорно ќе го троши буџетот со кој располага.

Истовремено, сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме.

видео обраќање Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.