Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ники нормално работи како учителка, а на 1 февруари, за време на час, добила болки. Побарала лекарска помош и како што вели, така таа и сопругот дознале дека е бремена во 34 недела. Ники Гарлик и нејзиниот сопруг Келси од американската сојузна држава Илиноис, дознале дека чекаат бебе само неколку часа пред породувањето. Двајцата претходно имале проблеми со зачнувањето и мислеле дека веројатно никогаш нема да можат да имаат биолошко дете. Поради ова, тие одлучиле да посвојат две деца кои сега имаат четири и шест години. Меѓутоа, Ники ненадејно се породи на почетокот на овој месец. Го добија и синот…
Претреси се извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во с.Никиштани, Карпош и Бит Пазар, каде се пронајдени предмети поврзани со кривични дела. Според првичните проценки, запленетата дрога е во вредност над 200.000 евра. Во текот на ноќта по насоки на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, службеници од Министерството за внатрешни работи, спроведоа координирана полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје. Со акцијата во која десет лица се лишени од слобода, е сузбиена меѓународна криминална група чии членови покрај наши државјани, биле и албански и косовски државјани.…
Претреси биле извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во с.Никиштани, кај С.Ф.(36), при што биле пронајдени машини за копање на биткоини, со кои се вршела кражба на електрична енергија, како и на подрачјата на Карпош и на Бит Пазар, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела На 22.02.2022 од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции со САЕ„Тигар“, Единицата за брзо распоредување, како и Одделот за сузбивање на сериозен и…
МВР работи на обезбедување повеќе податоци за хакерскиот напад врз домашните банки од страна на хакерската група „Моќна грчка армија“. – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е во комуникација со надлежните институции со цел обезбедување на повеќе информации и податоци за ддос нападите на веб страни на банки во нашата држава, изјавија од МВР за НОВА ТВ. Од Народната банка утрово соопштија дека „како резултат на ДДоС напад вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки“. – Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои…
Ги доближивме институциите до граѓаните, граѓаните ги вклучивме во креирање на политиките. Овој концепт имаше огромен придонес за земјата да се трансформира од заробена држава во отворено општество, нагласи Ковачевски. Силната политичка волја за реформи кои ги трансформираа институциите во вистински сервис на граѓаните, останува меѓу нашите врвни приоритети. Градиме нова политичка култура која ќе биде принцип на владеење не само сега, туку и во иднина, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата по повод десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија. Како што истакна Ковачевски, концептот на отворена власт овозможи испорака на квалитетни услуги и ја зголеми…
Регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), 3 починати од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г), а дополнително се пријавени уште 11 починати Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.506 тестови, а регистрирани се 848 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 451, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18,…
Медиумската Информативна Агенција – МИА е добитник на Наградата за филантропија за 2021 година во категоријата за медиуми за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Северна Македонија. Наградата во име на Агенцијата ја прими директорот Драган Антоновски кој истакна дека е задоволен што во општеството се забележува работата на МИА. – Последниве години ние се свртевме повеќе кон обичните луѓе, кон граѓанскиот сектор, кон потребите на граѓаните. Ги пренесуваме информациите од државните инситуции, но даваме и доволно простор за она што значи граѓански активизам, невладин сектор, рече Антоновски. Бранко Докузовски, извршен директор на Здружението „Хорус“, кое е членки на…
Укинувањето на актуелните мерки, вклучувајќи ги и сертификатите, може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети, додаде Мехмедовиќ. Сѐ уште е рано за укинување на некоја од мерките за заштита од ковид-19, нагласи денеска портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ. Тој појасни дека процентот на вакцинирани во земјата е сѐ уште низок, па укинување на некоја од мерките би можело да доведе до влошување на епидемиолошката состојба. – Вакцинацијата во нашата држава изнесува 41 отсто, толку се имунизирани со две примени дози. И дека е премногу низок опфатот со…
Од 800 тестирани деца во училиштата, само осум биле позитивни на коронавирусот, информира денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ. – Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1800 или 2000 испитаници. Интересот беше голем. Околу 5.000 родители доставија согласност за тестирање на нивните деца. Иницијалните информации укажуваат на тоа дека во овој момент од 800 тестирани деца, само осум биле регистрирани како позитивни, изјави Мехмедовиќ, кој потенцира дека за да се има репрезентативност на податоците треба да заврши скринингот на предвидената бројка, утврдена со…
Комисијата за заштита од заразни болести денеска донела заклучоци и предложила две мерки до министерот за здравство, Беким Сали. – Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата е првата предлог-мерка, а втората е укинување на ослободувањето од работа за бремените жени согласно препораките на релевантните институции, изјави денеска на прес конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ. Тој ја појасни првата предлог мерка за укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата. – Тоа не значи дека во…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за 12,6 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 12,1 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 10,4 отсто, Финансиски…
Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ Прв посткорона open air спектакл во земјава! 28 мај (сабота) 2022 година, Стадион на АРМ Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје, информираа денеска од Авалон Продукција. Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse…