Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бремените жени да се вратат на работа, укинување на ПЦР тестот при излез од земјава, предлага Комисијата за заразни болести

0
By НОВА ТВ Balaban on February 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 22, 2022 13:52

Комисијата за заштита од заразни болести денеска донела заклучоци и предложила две мерки до министерот за здравство, Беким Сали.

– Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата е првата предлог-мерка, а втората е укинување на ослободувањето од работа за бремените жени согласно препораките на релевантните институции, изјави денеска на прес конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Тој ја појасни првата предлог мерка за укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата.

– Тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да поседувате ПЦР тест или сертификат дека сте вакцинирани или дека сте прележале ковид-19  дека таму нема да ви се бара, туку напротив – при излез од земјава, се укинува  мерката којашто беше донесена минатата година дека треба да ги поседувате и да ги покажете на нашата граница, рече д-р Мехмедовиќ.

Оваа мерка беше воведена на 31 август минатата година.

Тој до бремените жени упати препорака да се вакцинираат против ковид-19 и појасни дека мерката да бидат ослободени од работа се укинува по препораките од релевантни институции.

– Во светот препораките се дека може да се вакцинираат и дека вакцинацијата за бремените жени е безбедна и е препорачлива, и не само за нивното здравје и со работниот процес, туку и, генерално, со движењето низ популацијата. Доколку бремените жени сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани, додаде д-р Мехмедовиќ.

(Љ.Б.)

 

 

Бремените жени да се вратат комисија на работа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.