Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Моќна грчка армија“ го призна хакерскиот напад врз домашните банки

0
By НОВА ТВ Balaban on February 23, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 23, 2022 12:27

МВР работи на обезбедување повеќе податоци за хакерскиот напад врз домашните банки од страна на хакерската група „Моќна грчка армија“.

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е во комуникација со надлежните институции со цел обезбедување на повеќе информации и податоци за ддос нападите на веб страни на банки во нашата држава, изјавија од МВР за НОВА ТВ.

Од Народната банка утрово соопштија дека „како резултат на ДДоС напад  вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки“.

– Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, тврдат од НБ. 

Хакерската група „Моќна грчка армија” на Твитер обелодени дека нападнала неколку банки во земјава, меѓу кои Централната кооперативна банка, ТТК Банка, УНИ банка, Прокредит банка, НБМ, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.

Од ТТК банка соопштија дека е успешно спречен хакерски напад врз нејзината интернет-страница и по кој нема последици, а дека случајот го пријавиле во полиција.

На почетокот на февруари „Моќна грчка армија“ на Твитер објави дека го  пробиле компјутерскиот систем на Министерството за образование и наука, а веста ја негираа од МОН.

Хакерите тогаш изјавија и дека нивни цели биле и неколку други министерства и институции во земјава .

(Љ.Б.)

 

 

„Моќна грчка армија“ домашните банки МВР Народната банка обезбедува хакерскиот напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.