Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Почна скринингот за ковид-19 на 5.000 ученици во Скопје, во ОУ „Блаже Конески“ се тестираат 150 деца
Почна скринингот за ковид-19 во неколку основни училишта во Скопје – досега се добиени пет илјади согласности од родители. Едно од училиштата каде се проверува има ли и колку ученици се инфицирани со ковид-19 е и ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром каде во моментов екипи на Центарот за јавно здравје тестираат околу 150 ученици. – Скринингот се одвива без проблеми, дојдоа екипи од Центарот за јавно здравје и земаат брис од учениците чии родители дадоа согласност за тестирањето, ни изјавија од основното училиште „Блаже Конески“. Скрининг за ковид-19 во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром Од Министерството за здравство информираат…
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е. од гостиварското село Ѓурѓевиште, по добиена пријава дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште и во раката имал секира со која му се заканувал. Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Бугарија ќе мора да изгради доверба со своите европски партнери за да влезе во Шенген зоната. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, по средбата со неговиот холандски колега Марк Руте, јави БГНЕС. Според него, Бугарија номинално ги исполнила условите за влез во Шенген зоната, но не ефективно. – Мора навистина да го запреме шверцот и да ја подобриме граничната контрола, истакна бугарскиот премиер. – Не ни веруваат затоа што се покажа со текот на годините дека сме лажеле за многу работи што ги ветивме. Сега треба да изградиме и да покажеме доверба. Новата бугарска влада ќе покаже дека го…
На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати. Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка.
Моторот генерира електрична енергија која се складира во батерии со голем капацитет со хемиско комбинирање со водород од резервоар со атмосферски кислород. Најголемата јапонска железничка компанија „Џеј-ар ист“ го претстави возот „Хибари“ којшто се движи на водород и електрична енергија. Тој беше претставен во експерименталната база во градот Кавасаки, во околината на Токио. Тестовите на електровозот се очекува да почнат во втората половина на март на една од линиите во околината на јапонската престолнина. Моторот генерира електрична енергија која се складира во батерии со голем капацитет со хемиско комбинирање со водород од резервоар со атмосферски кислород. Во атмосферата се испушта…
Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт. Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото во просек за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места, појаснуваат од РСБСП. Брзината е идентификувана како клучен фактор на ризик за безбедноста во патниот сообраќај, кој влијае и на ризикот од сообраќајни незгоди, како и на сериозноста на повредите кои се резултат на сообраќајни незгоди. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.…
Капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби Спасените патници и членови на екипажот од траектот што се запали додека пловеше од Грција за Италија, се пренесуваат на грчкиот остров Крф, каде што ќе се пребројат, регистрираат и идентификуваат, а паралелно во тек е истрага за евентуални исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина. На траектот имало вкупно 290 лица, 239 патници и 51 член на…
Никој нема проблем со содржината на предлог-декларацијата, туку со нејзината форма – процесот да се извади од Историската комисија, да се префрли на политички фронт, да стане обид за компетиција со бугарскиот Парламент кој од двата парламента ќе донесе посилна деклрација за Гоце Делчев. Тоа не е решение, оценува шефот на дипломатијата. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, вечерва изјави дека не треба да се создава притисок со рокови кај Заедничката историска комисија со Бугарија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања. Османи, во гостувањето на ТВ Сител, исто така најави дека следниот состанок…
Посочи дека се работи на нов Закон за помилување, на којшто уште додека раководел со работната група во состав на Министерството за правда пред да стане министер, биле воспоставени маргините како да не се остави простор да биде погрешно толкуван или некоја одредба да му даде преголема екстензија на претседателот, односно министерот или другите субјекти. Првата верзија од новиот Кривичен законик верувам дека ќе биде готова пред одморите, по што ќе се отвори широка расправа и до крајот на годината ќе биде донесен, најави вечерва министерот за правда Никола Тупанчевски во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма. Тупанчевски посочи дека досега…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на годинешната Минхенска конференција за безбедност која започнува утре, 18 февруари и ќе трае до недела. Премиерот Ковачевски и членовите на делегацијата што ја сочинуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби. На ова 58 издание на Минхенска конференција за безбедност, која оваа година е…
Нема предлог од Владата за повлекување на актуелниот конзул кој е во Њу Џерси и именување нов, изјави вечерва шефот на дипломатијата Бујар Османи, во врска со реакциите во јавноста, откако дел од медиумите вчера објавија дека 28-годишната телевизиска презентерка Бесмира Ејупи била предложена за генерален конзул во Њујорк-Њу Џерси. – Бидејќи сум ограничен поради фактот што овие шпекулации и нецелосни информации излегуваат од затворена седница на Влада и не сум во состојба да ги образложам, за жал, затоа што пренесување информации од затворена седница на Влада е казниво според закон, она што можам да го кажам е дека уште…
Поранешниот специјален претставник на Владата за надминување на спорот со Бугарија, Владо Бучковски, вечерва во во емисијата „Само интервју“ изјави дека Македонија била блиску до решение со нашиот источен сосед кон крајот на 2020 година. – Тоа беше пред Новата 2021 година. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски. Тој потсети дека повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака, доколку е потребно. – Со неколку невладини организации, јас по потпишувањето…