Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Нема предлог од Владата за повлекување на актуелниот конзул во Њу Џерси и именување нов

0
By НОВА ТВ Balaban on February 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 17, 2022 21:06

Нема предлог од Владата за повлекување на актуелниот конзул кој е во Њу Џерси и именување нов, изјави вечерва шефот на дипломатијата Бујар Османи, во врска со реакциите во јавноста, откако дел од медиумите вчера објавија дека 28-годишната телевизиска презентерка Бесмира Ејупи била предложена за генерален конзул во Њујорк-Њу Џерси.

– Бидејќи сум ограничен поради фактот што овие шпекулации и нецелосни информации излегуваат од затворена седница на Влада и не сум во состојба да ги образложам, за жал, затоа што пренесување информации од затворена седница на Влада е казниво според закон, она што можам да го кажам е дека уште вчера портпаролите на Влада демантираа, меѓутоа и ние денеска како МНР известивме дека имаме конзул во Тотова, САД и тој има мандат до јуни 2023 и немаме никакви планови да предложиме нов, истакна Османи во гостувањето на ТВ Сител.

Според него, сите именувања, предлози и сите дебати за амбасадори и за конзули, додека не се добие потврда од земјата во којашто заминува, се доверливи информации и не смеат да се коментираат во јавност.

– Имаме девет генерални конзулати, сите се пополнети, само еден конзулат се уште не е пополнет, а тоа е во Торонто. Од овие осум што се пополнети, четворица се надворешни, тројца се внатрешни од МНР, повеќето сум ги наследил што ги именувале моите претходници, така што нашиот закон вели до една четвртина најмалку треба да бидат од куќата, да бидат кариерни дипломати, информира Османи.

Тој притоа се пофали дека минатата година испратил околу 20 амбасадори, што, како што рече, е една третина од вкупниот број амбасадори што ги имаме, и тоа само за една година.

– Од тие 20, дури 16 се дипломати од МНР. Законот вели 25 проценти, јас одам на 85 проценти, бидејќи тоа беше ветувањето и целта дека ќе ја професионализираме дипломатијата, но секогаш ќе има и политички номинирани и амбасадори и конзули, и тие политички номинации доаѓаат од Владата, додаде Османи.

Дел од медиумите вчера објавија дека 28-годишната телевизиска презентарка Бесмија Ејупи на затворена седница на Влада пред два дена била предложена за генерален конзул во Њујорк-Њу Џерси.

МНР претходно излезе со реакција во врска со објавите за испраќање конзул во Њујорк, во која велат дека Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев.

– Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, се наведува во соопштението на МНР, во кое додаваат дека Панев е дипломат од кариера, кој е избран согласно сите законски прописи, а во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека нема никаква одлука и Владата нема именувано генерален конзул во Њујорк. – Нема никаква одлука, не е точна информацијата. Значи нема именувано генерален конзул во Њујорк, и си продолжува генералниот конзул којшто е досега на задача во Њујорк.Така да, нема ништо вистина во тоа, рече Груби.

На новинарско прашање дали може да потврди дека предлогот за генерален конзул за Њу Џерси, што според дел од медиумите бил предложен пред два дена, на денешната затвореена седница наводно бил повлечен, Груби рече дека е погрешна информацијата и ги упати новинарите на соопштението на МНР врска со ова прашање. 

 

актуелниот конзул Нема предлог Њу Џерси Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.