Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РСБСП: Брзото возење главна причина за сообраќајните незгоди со фатални последици

0
By НОВА ТВ Balaban on February 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 18, 2022 11:19

Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт. Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото во просек за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места, појаснуваат од РСБСП.

Брзината е идентификувана како клучен фактор на ризик за безбедноста во патниот сообраќај, кој влијае и на ризикот од сообраќајни незгоди, како и на сериозноста на повредите кои се резултат на сообраќајни незгоди.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.

– Науката и статистиката покажуваат дека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 50 км/ч е 26 метри, додека сопирачкиот пат на возило со брзина од 60 км/ч е 34 метри. Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт. Токму тоа беше и причината најголемата дозволена брзина во населено место во изминатите години да се намали од 60 км/ч на 50 км/ч. Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото во просек за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места, појаснуваат од РСБСП.

Затоа, според нив, е важно да се намали просечната брзина во населени места и на регионалните патишта со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот.

– Според резултати од странски истражувања, со намалување на просечната брзина за само 1 км на час, бројот на сообраќајни незгоди во населено место би се намалил за 4 проценти, а бројот на сообраќајни незгоди надвор од населено место би се намалил за 2 проценти. Фактот дека побавното возење е побезбедено се потврдува и со фактот дека веројатноста за смртност на пешаците при удар на возило кое се движи со брзина од 50 км на час е 85 проценти, додека веројатноста пешак да загине при удар на возило кое се движи со брзина од 30 км на час е помалку од 10 проценти, нагласуваат од РСБСП.

Оттаму апелираат до возачите да бидат одговорни и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

Брзото возење РСБСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.