Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Согласно Законот за лекови и медицински средства може да се одобри увоз и на нерегистриран лек, доколку барањето е оправдано со барање од здравствена институција или лекари за терапија на одредена група на пациенти и ги содржи документите кои се предвидени во законот. Агенцијата го одобрува лекот во најитни постапки, категорични се од МАЛМЕД. Министерството за здравство ги почнало разговорите за евентуално обезбедување на антивирусниот лек Paxlovid, но дали и кога истиот ќе биде најрано достапен за заболените од ковид-19 се уште не се знае. Од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, за НоваТВ велат дека „како орган надлежен за стручните и управните…
Судијата известител Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со ковид-19, врз основа на препораките на СЗО. Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативната поднесена на Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест КОВИД-19 и сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи…
Во овој момент не постојат реални закани за безбедноста на нашата држава. Таа е стабилна, институциите се разбира секоја во својата надлежност се подготвени и работат на тоа, изјави министерката за одбрана. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, учествува на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел денеска, Северна Македонија го дели ставот дека Русија треба да покаже вистинско придвижување кон деескалација, јавува дописничката на МИА од Брисел. Русија вчера најави повлекување на дел од своите трупи околу Украина, за што сведочат и снимки, меѓутоа за земјите членки на НАТО овие најави не се доволни, како што објасни генералниот секретар…
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (15 февруари) околу 15 часот и 40 минути во тетовско Селце-Кеч ги лишиле од слобода: Б.А.(48), Х.А.(18), У.А.(21), Б.А.(67) и Б.А.(40), сите од ова село, поради сомнение дека учествувале во физичка пресметка со неколку други лица од истото село, која се случила околу 12 часот во близина на селските гробишта, а поради претходни недоразбирања. Според пријавеното, во меѓусебната пресметка биле употребени тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.
Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат в понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување, најавуваат од УХМР. Времето денеска е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадрието на места засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
СДСМ во изминатиот период, во неколку наврати ја покачуваше минималната плата и ја донесе на историски највисока вредност. Со последното зголемување на 18.000 денари, минималната плата е двојно зголемена од 8.800 денари, колку што изнесуваше пред 4,5 години, соопштија денеска од СДСМ. Започнувајќи од мартовската плата, 80.000 работници ќе добиваат зголемени месечни примања за околу 45 евра. Воспоставена е методологија, која обезбедува континуиран раст на минималната плата, која никогаш повеќе нема да биде пониска од 57 отсто од просечната плата. Покрај растот на минималната плата, ќе следува раст на пензиите. Фондот за пензиско осигурување е стабилен и се подготвува нова методологија…
Ги известуваме правните субјекти дека, согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки, информираат од Централниот регистар. Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00…
Во текот на вчерашниот ден (15.02.2022) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 246 пешаци. Притоа 195 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло…Од нив 51 на територија на СВР Велес, 50 на територија на СВР Тетово, 35 на територија на СВР Скопје… За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги…
По спроведена вакцинација на 864. 759 лица во нашата земја, кај помалку од 0,03% од извршените вакцинации е пријавен сомнеж за несакана реакција – велат за НОВА ТВ од МАЛМЕД Околу 260 граѓани или само 0,03 отсто пријавиле сомнеж за несакана реакција од вакцината против ковид-19 од досега имунизирани 864.759 лица и дадени околу 2 милиони вакцини. Првата вакцина против ковид-19 во Македонија е дадена на 19 февруари лани и оттогаш, за една година, до МАЛМЕД (Агенција за лекови и медицински средства) речиси секоја недела стасувале по неколку пријави. – До Агенцијата за лекови и медицински средства од почеток на…
Декларацијата е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ По признанието на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за сторените изборни нерегуларности, пратениците од оваа партија кои беа дел од режимот, мора да поднесат оставки. Еден од нив е и Антонијо Милошоски, осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести, се вели во денешното соопштение од СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да глуми загрижен патриот, Милошоски да се повлече од позицијата…
Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно повторно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК. Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година. Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија…
На 14.02.2022 во 13.30 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Орде Чопела“, патничко возило „опел вектра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од Прилеп удрило во О.Џ.(35) од с.Белушина, крушевско. О.Џ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.