Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска од Брисел: Северна Македонија бара да види вистинска деескалација на терен од страна на Русија

0
By НОВА ТВ Balaban on February 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 16, 2022 13:28

Во овој момент не постојат реални закани за безбедноста на нашата држава. Таа е стабилна, институциите се разбира секоја во својата надлежност се подготвени и работат на тоа, изјави министерката за одбрана. 

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, учествува на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел денеска, Северна Македонија го дели ставот дека Русија треба да покаже вистинско придвижување кон деескалација, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Русија вчера најави повлекување на дел од своите трупи околу Украина, за што сведочат и снимки, меѓутоа за земјите членки на НАТО овие најави не се доволни, како што објасни генералниот секретар на организација, Јенс Столтенберг утрово.

– Ако навистина почнат да се повлекуваат, ние тоа ќе го поздравиме, останува да се види, тие секогаш ги движат силите назад и напред, но тоа не е потврда за вистинско повлекување, горе-долу, напред-назад. Трендот во последните недели и месеци е зголемување на руските капацитети близу украинската граница, и Русија ја задржува способноста за целосна инвазија без предупредување, изјави Столтенберг пред почетокот на состанокот на 30-те министри за одбрана на НАТО.

Министерката Петровска потврди дека и Северна Македонија не гледа вистинско повлекување.

– Политичките изјави се само чекор од таа деескалација, но знаете како, за да бидеме убедени во деескалацијата треба да видиме придвижување и на теренот. Тоа е тоа што го очекуваме и се надеваме дека во претстојниот период ќе го видиме, изјави министерката за МИА утрово пред почетокот на состанокот.

Во последните недели лидерите на земјите членки на Алијансата водат интензивна дипломатска активност со Русија и изразуваат надеж дека кризата помеѓу Русија и Украина ќе може да се реши на дипломатски начин, за тоа Алијансата сака гаранции. Со таа цел на крајот на јануари НАТО испрати и низа предлози до Москва за темите за кои е подготвена да разговара, но одбива да го прифати руското барање за целосно исклучување на членството на Украина во НАТО.

– Даваме до последно шанса на дијалогот, на дипломатското решение, како Алијанса и како министри имаме обврска да го штитиме територијалниот интегритет и безбедноста на сите земји членки на Алијансата. Од она што очекувам и сум убедена дека од овој состанок ќе произлезе е да го потврдиме единството на сите земји членки и да ги донесеме одлуките во таа насока, рече министерката за одбрана Петровска.

НАТО ќе ги прими денеска и министрите за одбрана на Украина и Грузија за да дискутираат за безбедносната состојба и нивниот територијален интегритет. Вчера германскиот канцелар, Олаф Шолц, стави до знаење дека членството на Украина во НАТО не е маса во догледен период.

Шефот на Северноатлантската алијанса Столтенберг нагласи дека оваа одлука им припаѓа само на земјите членки и земјите кандидати, и дека Русија нема право да се меша.

– На 30-те сојузници е да одлучат, не одлучува Русија кој е земја членка на НАТО, тоа јасно го кажавме, треба да се почитува правото на секоја нација да го одбере својот пат, дали сакаат или не, но НАТО не може да потпише правно обврзувачки договор со Русија кој ќе гласи дека нема да има натамошно проширување на НАТО, изјави Јенс Столтенберг.

Во меѓувреме, сите напори се вложуваат за изнаоѓање дипломатско решение а најавите од Москва влеваат „умерен оптимизам“, додаде генералниот секретар, кој сепак истакна дека НАТО се подготвува и за најлошото истовремено.

– Подготвени сме да седнеме но истовремено се подготвуваме и за најлошото, ако има руска инвазија на Украина ќе платат висока цена, рече генералниот секретар.

Македонската министерка од своја страна увери дека што се однесува до безбедноста на Северна Македонија, ситуацијата е под контрола и стабилна.

– Во овој момент не постојат реални закани за безбедноста на нашата држава. Таа е стабилна, институциите се разбира секоја во својата надлежност се подготвени и работат на тоа, изјави министерката за одбрана. 

Брисел министерскиот состанок НАТО Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.