Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Неофицијално дознаваме дека станува збор за мајка на ученик кој го посетува средното училиште каде се случил инцидентот Вчера (14 февруари) околу 13 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 39-годишната Д.К.Ш. од Тетово, која претходно оштетила повеќе предмети во службена просторија на образовна институција во Тетово. Неофицијално дознаваме дека станува збор за мајка на ученик кој го посетува средното училиште каде се случил инцидентот. Се расчистува и документира случајот и против пријавената ќе следува соодветен поднесок.
Помалку заразени и починати од ковид-19 во земјата биле пријавени во периодот од 7. до 13. февруари годинава во однос на претходната недела, а само кај тинејџерите е забележан пораст на бројот на позитивни, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Регистрирани сe 8.638 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела (n=9.977). Процентот на позитивност се движи од 27,2% до 37,4%, просечно 32,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=4.838; 56,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 837,8,1/100.000. Тестирани се вкупно 26.360 материјали во…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 79 возачи, од кои 38 на територија на СВР Скопје, 13 на територија на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните…
На Гала оперскиот концерт ќе настапат нашите солисти: Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Елена Голомеова – сопран, Соња Пендовска Мадевска – мецосопран, Благој Нацоски – тенор, Зоран Сотиров – тенор, Никола Стојчески – тенор, Ристе Велков – баритон, Игор Дурловски – бас, хорот и оркестарот на Национална опера и балет. На 18.2.2022 (петок), со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт, насловен како „ARIGATO“, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“. Концертот се организира во знак на благодарност кон пријателска Јапонија, по…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3, Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по -1. Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 92 реинфекции. Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти од:…
Околу 400 квадратни метри трска во водите на Охридското Езеро изгореле во пожар во близина на Извидничкиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пожарот во полиција бил пријавен 46 минути по полноќ на 13 февруари. Изгаснат е со интeрвенција на Територијалната против пожарна единица од Струга. – Во Одделението за внатрешна контрола – Струга, вчера во 00 часот и 46 минути пријавено е дека настанал пожар на трска во водите на Охридското Езеро, во близина на Извидничкиот центар во Струга во кој, нема повредени лица,изјави Димоски. По насока на Јавен обвинител на опожареното место…
На 11 и 12.02.2022 на Граничен премин Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север откриени се 5 фалсификувани ПЦР тестови и 3 возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација. Имено, на 12.02.2022, при пасошка контрола, било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, кумановско, Д.Г.(56) од Кочани М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
За само два месеца запленети 7 кг хероин со вредност од речиси 300.000 евра, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Вчеравечер (13 февруари) во 22 часот 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот Х.М. од тетовско, поради сомнение дека околу 2 часот во Челопек, во два наврата физички нападнал 20-годишно женско лице, со кое порано бил во љубовна врска и 24-годишно женско лице, и двете од тетовско. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Сѐ уште циркулира и Делта варијантата којашто е докажана кај 3 примероци (два се од Гевгелија и еден е од Велес ), а кај еден примерок е потврдена influenca тип H3N2. Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје минатата недела се изврши секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS CоV 2, а кај 35 била докажана BA1 сублинијата на омикрон. Кај 3 примероци беше докажана BA 2 сублинијата на омикрон позната и како „stealth“ омикрон (два од Скопје и еден од Струмица), потврдија од ИЈЗ. Сѐ уште циркулира и Делта варијантата којашто е докажана кај…
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вели дека е отворен за комуникација со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за нивното барање за покачување на платите на наставниците. Порачувајќи дека нема придобивки од одржување штрајк, Шаќири денеска изјави дека инсистира на директна комуникација со СОНК за да не дојде до тоа. – Јас претходната недела имав состанок со претседателот и двајца претставници на СОНК, а крајот на неделата ќе реализирам уште еден состанок на кој ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии, отворени сме за комуникација и во најбрзо време ќе дадеме одговор за овој многу важен…
Во текот на вчерашниот ден (13.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 306 возачи. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да…