Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: Најавите се да се избегне штрајкот и да дојдеме до договор за покачување на платата

0
By НОВА ТВ Balaban on February 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 14, 2022 11:34

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вели дека е отворен за комуникација со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за нивното барање за покачување на платите на наставниците. Порачувајќи дека нема придобивки од одржување штрајк, Шаќири денеска изјави дека инсистира на директна комуникација со СОНК за да не дојде до тоа.

– Јас претходната недела имав состанок со претседателот и двајца претставници на СОНК, а крајот на неделата ќе реализирам уште еден состанок на кој ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии, отворени сме за комуникација и во најбрзо време ќе дадеме одговор за овој многу важен процес, најави Шаќири во однос на барањето за повисока плата на наставниците, по покачувањето на минималната.

– Oтворени сме за комуникација. Оваа недела пак ќе реализирам состанок, а на тој состанок освен МОН ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии. Можно е да биде до крајот на оваа недела или почетокот на другата недела, рече денеска Шаќири во одговор на новинарско прашање пред почетокот на настанот за унапредување на средното стручно образование.

Тој напомена дека се разгледуваат неколку можности во однос на процесот за покачување на платитe, a потсети и дека е во собраниска процедура Законот за наставници во кој е вклучено и покачувањето на платата.

– Ќе бидеме отворени, мислам дека во најбрзо време, до март имаме оставено период кога ќе дадеме одговор за овој многу важен процес, додаде министерот за образование.

Во однос на најавите за штрајк, доколку не се исполни барањето за покачување на платите, министерот смета дека од штрајк немаме придобивка и затоа, како што рече, инсистира на директна комуникација со СОНК за да не дојде до штрајк.

– Мислам дека најавите се да се избегне штрајот, и да дојдеме до договор за покачување на платата. Наредниот период е клучен период за комуникација меѓу важните институции, но многу важен процес е и финансискиот дел, додаде Шаќири.

да се избегне Најавите Шаќири штрајкот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.