Author: НОВА ТВ Balaban

Веќе е распишан Конкурсот за Меѓународниот фестивал за творештво за деца и млади, кој ќе се одржи на 21 март оваа година во Скопје, а во истиот термин ќе се одржи и интернационалната онлајн трибина на тема “Литературата за деца и млади денес – тенденции, специфики и перспективи”. Во рамките на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност “ИНАКУ”– Скопје покренат е Меѓународен проект за литература за деца и млади во кој ќе бидат вклучени голем број истакнати универзитетски професори и писатели од земјава и странство. Меѓу имињата кои ќе бидат дел од проектот се: проф.д-р Стана Смиљковиќ, проф.д-р Милутин Ѓуричковиќ, Љубивоје…

Read More

Христос Стилијанидис, министерот надлежен за цивилна заштита, говореше за справувањето со снежната бура, рече дека постоеле пропусти, грешки, недостиг на координација, дека потребна е „воена соба“ (War Room) за брзо носење одлуки, но и дека земјата нема современи радари за навремена прогноза. Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина. Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата…

Read More

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени. Под влијание…

Read More

Дел од точките на разговор на средбата беа и заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар Попова Шапка – Брезовица како и дијалогот Косово-Србија. Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министрите Бесими, Османи, Шаќири, Бектеши, Нуредини и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска престојуваа во Приштина каде беа пречекани од премиерот на Косово, Албин Курти, кој беше придружуван од министерката за образование, наука и технологија, Арберие Нагавци, министерот за финансии, труд и трансфери, Хекуран Мурати, министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, министерот за одбрана, Арменд…

Read More

Додава дека Албанија е втора во регионот, по Црна Гора, според високото ниво на јавниот долг, којшто на крајот на 2021 година достигнал рекордно ниво од 80,1 отсто од Бруто домашниот производ, што е највисоко ниво во периодот на транзиција. Албанскиот претседател Илир Мета изрази загриженост во врска со висотото ниво на јавниот долг, кој според него може да ја доведе земјата во сериозна криза. Во изјава за медиумите, Мета вели дека нетранспарентноста од страна на министерството за финансии во однос на  нивотото на јавниот долг за 2021 година ја доведува во прашање финансиската стабилност на земјата.   Додава дека…

Read More

Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и моја прва сопруга. За местото и датумот на погребот дополнително ќе ги известиме семејството и пријателите, објави  Вучиќ на социјалните мрежи. Познатата српска новинарка која е и прва сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ, почина денеска во Белград на 56 годишна возраст. Причината за нејзината ненадејна смрт не е позната,  јавуваат српските медиуми. – Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и моја прва сопруга. За местото и…

Read More

Две медицински сестри од Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување сертификати за вакцинација, заработувајќи повеќе од 1,5 милиони долари, јавија американски медиуми, повикувајќи се на обвинителството и полицијата. На Џули Де Вуоно, сопственичка на здравствен центар, и нејзината вработена Мариса Ураро вчера им се судеше. Обвинителот на округот Сафолк, Рејмонд Тирни, рече дека Де Вуоно и Ураро обезбедиле лажни сертификати, наплаќајќи им на возрасните по 220 долари, а на децата по 85 долари. Двете медицински сестри внесувале неточни информации во државната база на податоци за вакцинација. Полицијата го претреса домот на Де Вуоно и пронајдоа околу 900.000 долари во готовина…

Read More

Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација. Целта е заедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот“, рече министерот Николовски. Mинистерот за земјоделство, шумарството и водостопанство Љупчо Николовски денеска,  заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, и претставници од МЗШВ, во Кочани одржаа средба со…

Read More

Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции. Најмладиот починат од ковид-19 е охриѓанец на 48-годишна возраст  Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица – по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија – по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани – по 29, Ресен – 22, Струга и…

Read More

Бугарското МНР преку сопштение, објавено денеска на неговата веб-страница, изрази загриженост „за последните случувања во Република Северна Македонија, поврзани со постапки на функционери кои изнесуваат негативни ставови во јавноста и кои се во спротивност со позитивната клима создадена од активните напори на владите на Бугарија и Северна Македонија#. Ставот на претседателот Стево Пендаровски е дека ниту една негова постапка, ниту досега била, ниту отсега ќе биде во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година, вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани од Република Бугарија, соопштија вечерва од Кабинетот на претседателот во коментар…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ оствари средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на која беше разговарано за новиот пристап и насоката во која ќе тече дијалогот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.  ,,Во пријатна атмосфера на меѓусебно уважување разговаравме со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, и потврдивме дека двете страни имаат волја за брз напредок во соработката и давање нова вредност на односите помеѓу двете држави. Новиот пристап на двете земји за враќање на дијалогот на вистинскиот пат ќе придонесе кон зајакнување на довербата и…

Read More

СЦ „Јане Сандански“ ќе биде салата-домаќин на Скопје на Европското првенство во ракомет за жени коешто кон крајот на годинава ќе се игра во неколку земји, меѓу кои е и нашата, соопшти денеска Европската куќа на ракометот (EХФ).   Освен Македонија, домаќини на ова првенство ќе бидат и Словенија и Црна Гора. ЕП ќе се одржува од 4. до 20. ноември. За амбасадор на настанот е избрана словенечката пејачка Сенида која ќе ја изведе и официјалната химна на првенството.

Read More