СЦ „Јане Сандански“ ќе биде салата-домаќин на Скопје на Европското првенство во ракомет за жени коешто кон крајот на годинава ќе се игра во неколку земји, меѓу кои е и нашата, соопшти денеска Европската куќа на ракометот (EХФ).  

Освен Македонија, домаќини на ова првенство ќе бидат и Словенија и Црна Гора.

ЕП ќе се одржува од 4. до 20. ноември. За амбасадор на настанот е избрана словенечката пејачка Сенида која ќе ја изведе и официјалната химна на првенството.