Author: НОВА ТВ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на ковид-19: Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45, Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15, Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети…

Read More

Автопатот „Струма“ каде се случи автобуската несреќа на 23 ноември имал маани, извести бугарската министерка за регионален развој, Виолета Комитова. Сепак таа додаде дека тие недостатоци не се причина за несреќата во која загинаа 45 лица. „Очигледно несреќата не била со голема брзина, но во неа избувнал и пожар. Пожарот е многу чуден настан и веруваме дека тој е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгорел овој автобус“, кажа Комитова. Според Комитова историјата на овој патен правец започнува во 2002 година, со одобрен технички проект и градежна дозвола, а во 2006 година има дополнителна дозвола за изградба на…

Read More

Како Влада мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот и да воведеме нови заштитни и безбедносни мерки, не само за владините системи, туку и за целата инфраструктура која е од суштинско значење за благосостојбата на граѓаните, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. Тој во своето обраќање на 17-та конференција „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, што се одржа во организација на фондацијата Метаморфозис посочи дека слободата на изразување, слободата на медиумите и заштитата на медиумскиот плурализам се најзначајни за демократијата. Но од друга страна, како што рече, се случуваат големи предизвици,…

Read More

Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 проценти и изнесува 5 065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30.7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7 209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението во Република Северна Македонија. Со тоа природниот прираст изнесува -2 144, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените…

Read More

Сексуалната експлоатација веќе не е доминантна форма на експлоатација во Северна Македонија. Според податоците на МВР, на прво место сега доаѓа трудовата експлоатација. Како што информира заменик националната координаторка на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Светлана Влаховиќ-Димановска, на денешната дебата за борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија, од ова година во земјава имаме промена на доминантната форма на експлоатација и наместо сексуалната експлоатација која со години беше најзастапена, сега на прво место е трудовата експлоатација. – Ова година во нашата држава е констатирано тренд на зголемување на бројот на идентификувани жртви. Досега…

Read More

Министерството за финансии, заедно со Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува да работи на градење поефикасен и праведен даночен систем преку јасно дефинирани правила и принципи, што придонесува кон подобри јавни услуги, забрзан, инклузивен и одржлив раст на нашата економија, а со тоа и позадоволни даночни обврзници, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на одбележувањето на Денот на даночните работници. Настанот што го организира Управата за јавни приходи, посочуваат од Министерството за финансии, претставува признание за посветеноста на даночните работници во ефикасното собирање на јавните приходи и во остварувањето на јавниот интерес кој е од исклучителна важност за државата. -Вашата…

Read More

По повод 100-годишнината од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје денеска беше доделена јубилејна награда на поединци, органи, организации и институции кои дале придонес за развојот и унапредувањето на Филозофскиот факултет, како и на организации со кои факултетот има остварено успешна и исклучителна соработка. – Денеска доделуваме награди постхумно на наши професори, големи имиња, да покажеме дека мисијата на Филозофски факултет е градење на институции и е на некој начин и столбот на државата како што се Љупчо Копровски, тоа се поранешни министри во Владата, потоа во Собранието. Талат Џафери, претседател на Собранието е наш поранешен студент, па и голем…

Read More

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи пораст од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.6 %. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во…

Read More

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај на овој планински премин е укината од 12:30 часот. Претходно од 11:00 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека, а од 10:30 часот беше нормализиран сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово, кај местото викано Врбјанска Раскрсница, што половина час беше во прекин во двата правци поради паднато дрво. Се уште е во сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола –…

Read More

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип вчера ја лишиле од слобода Д.Ц.(49) од Штип. При претрес извршен со судска наредба во нејзиниот дом, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени 13 пакувања прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. – Д.Ц. е приведена во полициска станица и по комплетно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

Read More

Без вода денеска од 12:05 часот се корисниците од улицата „Орце Николов“ на потегот помеѓу „Ѓорѓи Пулевски“ и „Рузвелтова“ во Дебар Маало во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради санирање на уличен дефект од Ф-100 милиметри на улица „Орце Николов“ бб, спроти ПУИГ. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Read More

Остварен е голем напредок помеѓу ЕУ и соседите во Југоисточна Европа во полициската соработка и во споредба со другите сфери, оваа сега е најнапредната соработка помеѓу ЕУ и директните соседи, рече во видео пораката еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на 22-от состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје. Според него, Конвенцијата за полициска соработка за ЈИЕ е еден од темелите за таквата соработка и клучен елемент за де факто безбедносното партнерство што ЕУ го разви со регионот. Вархеји додаде дека денеска се прави уште еден чекор напред на Конвенцијата…

Read More