Author: НОВА ТВ

Африканската унија денеска ги обвини производителите на вакцини против Ковид -19 дека на африканските земји не им даваат еднаква шанса да ги купат и ги повика земјите производители, особено Индија, да ги укинат забраните за извоз на вакцини и нивните состојки. – Овие производители многу добро знаат дека никогаш не ни го дале вистинскиот пристап, рече Стриве Масијива, специјален пратеник на Африканската унија за Ковид-19, на брифингот на Светската здравствена организација во Женева. Тој нагласи дека Африканската унија и нејзините партнери, со намера да вакцинираат 60 проценти од населението, очекувале да купат половина од потребните дози, додека другата половина се…

Read More

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. Дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информира дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.

Read More

Густ чад од пожар вечерва ги вознемири жителите на скопската населба Автокоманда, но како што информира командирот на скопската противпожарна единица, Владимир Симоновски, за НоваТВ, пожарот е веќе локализиран и набргу ќе е целосно изгаснат. – Станува збор за напуштен објект позади поранешната плинара на улица „Романија“ бб, каде се наоѓа и нашата противпожарна единица во Автокоманда. Реагиравме веднаш, а гореше кровна конструкција, изјави Симоновски. Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, а неофицијално ќе се работи и на верзијата да излегол од контрола оган кој евентуално го запалиле бездомници, кои често престојуваат во напуштениот објект.

Read More

Коментирајќи ја прошталната посета на регионот на канцеларката Ангела Меркел, Флоријан Бибер, професор во Центарот за југоисточни студии на Универзитетот во Грац, оцени дека главна порака што Ангела Меркел би сакала да ја испрати е дека се надева дека Западен Балкан ќе остане важна тема за Германија по изборите, јави дописникот на МИА од Белград. Бибер за Н1 изјави дека нејзините пораки за напредокот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ ги разоткриваат границите на она што канцеларката Меркел и Германија можеа да го направат во однос на проширувањето. -Ако имаме една земја како Бугарија, која не е најмоќна, а…

Read More

Во глобална операција на Интерпол насочена против илегални обложувања и перење пари за време на одржувањето на ЕУРО 2020 лишени од слобода се 1.400 луѓе и запленети 6.7 милиони евра, соопшти денеска европската криминалистичка полиција со седиште во Лион. Операцијата под кодно име SOGA (од soccer gambling – спортско обложување) била спроведена во Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Република Ирска, Италија, Полска, Португалија, Русија, Романија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индија, Малезија, Малдиви, Филипини, Сингапур и Виетнам. На азискиот и европскиот континент, како што е соопштено, биле спроведени повеќе илјади рации во кои…

Read More

На денешната седница 106. седница Владата усвои Информација за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам. Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на Република Северна Македонија, како и да се врши пријавување и одјавување на туристи од страна на давателите на услуги за сместување преку Интернет, се посочува во владиното соопштение. Дополнително, како што се наведува…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци,…

Read More

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема да биде дел од „Отворен Балкан“сè додека Србија не го признае Косово, јави дописничката на МИА од Тирана. Тој додаде дека не може да биде на иста маса и да носи заеднички одлуки со држава која ги негира злосторствата извршени врз албанскиот народ. Курти истакна дека сите треба да извршат притисок врз Србија, а не врз Косово. – Ние сме за добри билатерални односи, а не да искажуваме разбирање кон Србија. Секое разбирање за непризнавање на Косово го чини Косово. Ние не сметаме дека е во интерес една Србија која ги негира…

Read More

Папата Франциск денеска, за време на посетата на некои од најсиромашните словачки населби, ги осуди предрасудите кон Ромите и дискриминацијата кон нив, порачувајќи дека е погрешно да се етикетираат цели етнички групи. На претпоследниот ден од неговата посета на Словачка, Папата го посети предградието на вториот по големина словачки град, Кошице. – Не можеме да ја поедноставиме реалноста на другите за да одговара на нашите однапред замислени идеи – луѓето не смеат да бидат етикетирани, рече тој, зборувајќи во близина на дотраени бетонски згради покрај депонија, во која живеат околу 4.300 луѓе. „Многу често бевте предмет на предрасуди и остра…

Read More

Наместо до 14 септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ќе се одвива онлајн до 20 септември, како една од мерките за спречување на Ковид-19. Од владината прес – служба соопштија дека Владата на денешната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.

Read More

Владата на редовната 106-та седница, на предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје. Според мислењето на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, проектот на ЕФТ „Солар“ за „Сончева електрична централа Ерџелија“ и проектот на Ветерен парк Вирови за „Ветерна електрана Вирови“ ги исполнуваат условите од Законот за стратешки инвестиции и со овие одлуки тие се квалификуваат за вадење банкарска гаранција која им е неопходна за целосно затворање на постапката…

Read More

Британскиот туристички сектор подготвува нов бран отпуштања поради рестриктивните владини регулативи за патувања што ја уништија летната сезона, соопшти денеска здружението АБТА. Новите резервации за ова лето беа 83 проценти пониски од нивото пред пандемијата, така што повеќето членки планираат да отпуштат повеќе работници кон крајот на овој месец, кога Владата ќе ги прекине сите преостанати субвенции, соопшти здружението кое опфаќа повеќе од 4.300 туристички брендови. Авиокомпаниите и туристичките компании ги критикуваа владините регулативи за патување, тврдејќи дека се премногу скапи и комплицирани, но и одговорни за уште една изгубена сезона на летни годишни одмори. – Владините мерки за патување…

Read More