Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, објави нова листа на кандидати за градоначалници кои ќе се тркаат на локалните избори во октомври, додека преостанатите ќе бидат познати во наредните денови. Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник Велес – Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на…
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на екстра лесното масло за домаќинства не се менува, одлучи денеска Регулаторната комсиија за енергетика. Новата цена на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 71 денар за литар, а 73,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62 денара. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,195 денари за килограм и ќе изнесува 36,681 денари. Цената на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 62 денари за литар. Намалувањето на малопродажните…
Пари Сен-Жермен останува заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба. И покрај трансферот на Лионел Меси, Парижаните се стремат да го обезбедат доаѓањето на Французинот. ПСЖ планира да потпише со Погба кога ќе му заврши договорот со Јунајтед, во 2022 година. Самиот 28-годишен фудбалер би сакал да се пресели во Барселона или Реал, но шпанските врвни клубови се во финансиска криза. Францускиот тим е подготвен да плати 600 илјади евра неделно (околу 31 милион евра годишно) за да го убеди Погба да потпише за нив.
Со цел обезбедување и целосна грижа за колективното здравје на граѓаните денеска заседаваше Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата за да се координирааат органите на државната управа, правните лица основани од државата, како и единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19. Заземајќи одделни ставови, почитувајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, ГККШ донесе предлози, кои како одлуки ќе бидат разгледани на утрешната Владина седница. -Членовите на Кризниот штаб разговараа за актуелната состојба со здравствената криза предизвикана од КОВИД-19, при што министерот за здравство Венко Филипче ги информираше…
Состојбата во Авганистан од час во час станува се покритична, пренесуваат светските медиуми. Дел од коментаторите на Би-Би-Си прогнозираат дека земјата во иднина може да стане рај за исламските терористи и оценуваат дека е срамно што авганистанските воени сили, кои долг период биле подготвувани и во кои многу било вложено, лесно се предале и не издржале на притисокот на Талибанците. За медиумот, изјава даде и портпаролот на талибанската организација, кој најави дека ќе биде мирен трансферот на власта, а во наредната Влада на, како што го рече, Авганистанскиот исламски емират ќе може да учествуваат сите Авганистанци. На прашањето на новинарката…
Се уште не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија. Ќе се одржат консултации со партиите застапени во Парламентот, пред да биде предаден следниот мандат. Сите опции за формирање кабинет со широка парламентарна поддршка ќе бидат исцрпени. Тоа го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев. – Очекувам одговорност од сите нив, сакам да видам јасна посветеност на бугарскиот Парламент и ќе биде јасно кој работи за народот и кој сее хаос, нагласи тој. На прашањето на која политичка сила ќе му го предаде третиот мандат, откако има најава дека вториот ќе биде вратен од ГЕРБ-СДС, Радев одговори дека…
Министерството за здравство инфомира дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден. Со последните бројки 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 6.770 тестирања, а регистрирани се 672 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 230, во Тетово – 115, во Гостивар – 101, во Куманово – 43, во Кичево – 37, во Струмица – 36, во Охрид – 20, во Струга – 13, во Битола и во Дебар по девет, во Штип – 8, во Кавадарци и во Кочани по седум, во Велес и во Ресен по шест, во Прилеп – 5, во Македонски Брод – 4, во Радовиш, во Виница и…
Претседателот Стево Пендаровски, денеска имаше средба со поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, кој е во Скопје, по повод одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот договор. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски на средбата ја нагласи клучната улога на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон во надминувањето на конфликтот во 2001 година и постигнувањето на Охридскиот рамковен договор. -Двајцата соговорници констатираа дека и од оваа временска перспектива, договорот е позитивен пример за решавање на конфликти, кој истовремено на државата и гарантира стабилна и демократска иднина, односно институционално надминување на сите предизвици. Претседателот…
Европската фудбалска асоцијација, денес ги објави имињата на конкурентите за наградите во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21. Секоја позиција има по три кандидати за признанието. Ќе се избираат најдобар голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач. Во најтесниот избор на УЕФА се најдоа: Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едуард Менди (Челзи), Едерсон (Манчестер сити). Одбрана: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер сити), Антонио Рудигер (Челзи). Средниот ред: Кевин де Брујн (Манчестер сити), Жоржињо (Челзи), Нголо Канте (Челзи). Напаѓачи: Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Килијан Мбапе (ПСЖ), Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд).
Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 42,5 отсто, додека бројот на ноќевањата за 54 проценти. Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во овој споредбен период има зголемување за 97,8 отсто, а кај странските за 8,3 проценти. Во однос на ноќевањата, зголемувањето кај домашните туристи е за 87,2 отсто, а кај странските за 27,9 проценти. Бројот на туристите во јуни 2021 година изнесувал 47 167 и од нив 47,2 отсто биле домашни туристи, а 52,8 странски. Бројот на ноќевањата, пак, изнесувал 117 701 и од…
Пред 20 години Северна Македонија заедно со поддршката на ЕУ и меѓународните медијатори храбро избра компромис и одговорност. На нашиот континент, национализмот и етничките судири пречесто се користат за да се прават поделби и да се сее омраза, меѓутоа плурализмот е богатство и сила. Мотото на ЕУ е обединети во различностите, а со договорот токму денеска го одбележуваме лидерството на оваа земја која избра мир како најдобар начин за справување со различностите и водење дијалог, изјави потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел во видеопораката до учесниците на конференцијата по повод…