Author: НОВА ТВ

ЕУ мора да има европска дипломатска академија со цел да се надминат зголемените проблеми во креирањето надворешна политика, се наведува во предлогот на Европскиот парламент. „За да може ЕУ да се придвижи кон „зрели“ надворешни односи, мора да создаде своја дипломатска академија каде што дипломатите ќе се подготвуваат и ќе се приближат до заедничките вредности и интереси на ЕУ“, стои во предлогот на пилот -проектот во кој ЕУРАКТИВ своевремено имаше увид. Идејата за дипломатската академија на ЕУ беше „распространета“ минатата пролет од европратеникот од социјалистите Начо Санчез Амор, кој рече дека главната цел на проектот е да ги испита можностите…

Read More

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 5.390 тестирања, а регистрирани се 639 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 218, во Тетово – 113, во Гостивар – 99, во Струмица – 37, во Куманово – 34, во Кичево – 32, во Битола – 17, во Струга – 16, во Дебар – девет, во Велес и во Охрид по осум, во Прилеп, во Кавадарци и во Берово по шест, во Штип, во Ресен и во Македонски Брод по пет, во Валандово – четири, во Кочани – три,…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса, кој е во посета на Република Северна Македонија. Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, ја поздравил мисијата и напорите на генералниот секретар Ал-Иса за унапредување на меѓуверскиот дијалог, верската толеранција и мирната коегзистенција на глобално ниво. Тој, исто така, нагласил дека Република Северна Македонија е мултиетничка, мултирелигиска и мултикултурна секуларна држава, а почитувањето на различните религии, културата, јазикот и етничкото потекло претставуваат камен темелник на безбедноста и на просперитетот на државата. На средбата, Џафери го информирал за надворешно-политичките приоритети на…

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти, системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Договорот е во висина од околу 11 милиони евра. Првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври годинава во земјата треба да пристигнат на 25 август, истакна денеска во интервју за МИА претседателот на ДИК Александар Даштевски. -Договорот е склучен и покрај ова што го рековте вие…

Read More

Властите во автономниот регион Внатрешна Монголија запленија 169 рогови од загрозен вид елени, при што уапсени се 15 осомничени лица за шверц на производи кои потекнуваат од животински видови во изумирање. Роговите, тешки вкупно 176,75 килограми, биле конфискувани откако сообраќајната полиција во градот Линзи запрела машинско земјоделско возило со истечена регистрација. Возачот, по име Чен, започнал да се однесува сомнително и се обидел да го скрие товарот од полицајците. Тој подоцна признал дека е дел од шверцерски канал, во кој биле вклучени повеќемина трговци од провинцијата Хебеј. Еленот е заштитено животно во Кина и главно ги населува планинските области и…

Read More

„На 19 дена пред почеток на учебната година министерката Мила Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни 3 одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настав онлајн. Тоа е истиот модел, истото како и минатата година кој заврши успешно со тоа што наставата се одвивала по распоред“, обвинува претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска. Јаневска додава дека на 19 дена пред почеток на учебната година во јавноста не е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто…

Read More

Концепцијата предвидува во училиштата да се реализираат и повеќе видови задолжителни воннаставни активности. Тие може да бидат краткотрајни, како акции (еколошки или хуманитарни, доброволна и општествено корисна работа надвор од училиштата), излети, екскурзии и еднократни работилници, а може да бидат и подолготрајни, какви што се: еколошките клубови, спортските клубови, училишниот театар, училишниот хор и оркестар… Концепцијата за основно образование, која овој март беше усвоена по четири месеци дебати и полемики, ќе се применува со стартот на учебната 2021/2022 година. Најпрво во прво и четврто одделение, за кои наставните програми по сите предмети се веќе изработени, а потоа етапно и во другите…

Read More

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека неговата земја ќе помогне во опремувањето и модернизирањето на ерменските вооружени сили, пофалувајќи го Ереван како „ сојузник на Русија и клучен партнер во Кавкаскиот регион“. Шојгу вети дополнителна поддршка за земјата кога му честиташе на својот ерменски колега Аршак Карапетјан на средбата во Москва, пренесоа руските медиуми. -Ние придаваме големо значење на развојот на нашата соработка во воената област, како во билатерален формат, така и во рамките на ОДКБ (Организација за договорот за колективна безбедност). Истовремено, ние сме подготвени да продолжиме да помагаме во спроведувањето на реформата и програма за реопремување…

Read More

„Надминавме 1 милион аплицирани дози вакцини. Интересот за вакцинација од пред два дена е значитечно зголемен“, информира Министерството за здравство. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 561.912 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.914 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани. Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години…

Read More

На ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, македонската репрезентација се најде на 72. место. Овој пласман е за 10 позиции послаб од претходните рангирања на 7 април и на 27 мај. Од ривалите на Македонците во квалификациите за Светското првенство 2022, најдобро рангирана е Германија (16), Романија е 45-та, Исланд 53-ти, Ерменија се наоѓа на 88. место, Лихтенштајн е 189-ти. Лидер е Белгија, пред Бразил и Франција. Во Топ 10 уште се: Англија, Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.

Read More

Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 14.08.2021 година (сабота) и 15.08.2021 година (недела), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци. Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16.08.2021 година (понеделник) до 20.08.2021 година (петок), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Read More

Килијан Мбапе и покрај желбата да си замине од Париз, останува во ПСЖ и следната сезона. Според „АС“, претседател на парижаните, Насер Ал-Келаифи знае дека напаѓачот Килијан Мбапе нема да потпише нов договор со клубот. И покрај ова, ПСЖ нема да го пушти напаѓачот во Реал Мадрид до летото 2022 година, кога истекува неговиот договор. ПСЖ разбира дека одлуката на Мбапе не може да се промени, но тие не сакаат да го пуштат сега. За ПСЖ, ова не е прашање на пари. Веќе е одлучено дека Мбапе во ПСЖ ќе биде заменет со Кристијано Роналдо, чиј договор со Јувентус истекува…

Read More