Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на Џафери со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, Ал-Иса

0
By НОВА ТВ on August 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 12, 2021 15:41

Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса, кој е во посета на Република Северна Македонија.

Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, ја поздравил мисијата и напорите на генералниот секретар Ал-Иса за унапредување на меѓуверскиот дијалог, верската толеранција и мирната коегзистенција на глобално ниво. Тој, исто така, нагласил дека Република Северна Македонија е мултиетничка, мултирелигиска и мултикултурна секуларна држава, а почитувањето на различните религии, културата, јазикот и етничкото потекло претставуваат камен темелник на безбедноста и на просперитетот на државата.

На средбата, Џафери го информирал за надворешно-политичките приоритети на нашата држава и тоа за членството во НАТО, цел која  ја остваривме во март 2020 година и членството во Европската Унија, цел на која Собранието континуирано работи за да испорача конкретни резултати и да ги исполни европските аспирации на граѓаните.

Во однос на  регионалната соработка и односите со соседите, Џафери, се вели во соопштението, истакнал дека континуирано се стремиме да создадеме позитивна атмосфера и билатералните прашања  да ги решаваме во духот на добрососедството и основните европски вредности.

Генералниот секретар на Муслиманската светска лига, Ал-Иса, нагласувајќи дека различностите се богатство, искажал пофалби за меѓуетничката и меѓурелигиската соработка во Република Северна Македонија, и ја поздравил важната улога на Собранието во градењето соживот, која може да послужи како пример во регионот и пошироко.

Тој, се наведува во соопштението, се осврна и на борбата против екстремизмот и радикализмот и нагласи дека за нивно сузбивање најважни се семејството, образованието и институциите. Потенцирајќи дека Мусламанската светска лига придава големо значење на образованието на децата како најсигурна заштита од екстремизам и радикализам, информираше дека на конференциите кои оваа невладина организација ги организира, се канат претставници на Ватикан, на будистичките организации, на еврејските религиски организации и заеднички работат на градење мостови помеѓу заедниците на локално, регионално и глобално ниво. Тој истакна дека Муслиманската светска лига има одлична соработка со сите земји од Западен Балкан и продолжува посветено да работи на градењето нови партнерства меѓу различните заедници, вери и нации, се вели во соопштението.

Муслиманска светска лига џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.