Author: НОВА ТВ

Ситуцијата со пожарот во Пасјак е стабилна, но во опасност во моментот се Курјачко маало и Балабанци при што зафатен е дел од туристичкиот локалитет „Истевнички Кукуљ“. -Моментално, најзагрозено е маалото Балабанци и Курјачко маало, исто така во голема опасност е локалитетот ,,Истевнички кукуље” каде мал дел веќе е зафатен од пожарот. Имаме две машини на терен вклучително и багер кои прават појас да не се шири пожарот, истакна делчевскиот градоначалник Горан Трајковски. Трајковски, кој веќе неколку дена ги координира работите, информираше дека во моментот во гаснењето учествуваат околу 200 луѓе меѓу кои и припадници на Армијата и дел од…

Read More

Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, како и хуманитарна помош во повеќе региони. Како што се наведува во фејсбук-статусот на организацијата, хуманитарна помош е испратена во Берово/Пехчево и тоа 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 50 душеци, и во Куманово, каде се испратени 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри и 50 душеци Се дополнува дека за утре е…

Read More

Независниот синдикат на пожарникарите при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска информираше дека до нив секојдневно пристигнуваат дојави за прекршување на правата од работен однос во услови кога пожарникарите се борат со гаснење на пожарите низ државата. – Додека во овие моменти се очекува, а од страна на нашите колеги професионални пожарникари се добива максимално залагање во гаснењето на пожарите и справување со оваа тешка ситуација во која се наоѓа Републиката, дотолку не се покажува од лидерствата на оние кои треба да се грижат за добробитта на секој пожарникар, грижа за неговата/нејзината спремност за делување, за квалитетна работна облека…

Read More

Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој на Фејсбук објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион. – По извршеното изведување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар. Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветар, претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 43 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 9. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните и во ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен дожд, електрични празнења, силен ветар над 80 километри на час и услови за појава на град. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло…

Read More

При удар на гром денеска загинаа шеснаесет луѓе на свадбена церемонија во Бангладеш, соопштија властите. Сватовите се симнале од брод во градот Шибгањ, недалеку од границата со Индија, за да се засолнат од бурата кога ги погоди гром, изјави  Сакиб ал Раби, локален претставник на властите. Сакиб ал Раби рече дека шеснаесет луѓе загинале во рок од неколку секунди откако претрпеле удар од гром во западната област Чапаинавабганџу . Невестата не била меѓу нив, а младоженецот е повреден. Силните монсунски бури неодамна го погодија Бангладеш, а поројните дождови што го захатија округот Кокс Базар, на југоисток од земјата, усмртија дваесетина…

Read More

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран. Машинскиот персонал во Железници на РСМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинава, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машиновозачите и помошниот персонал. Димовски информираше дека од Железничката станица во Скопје  во 14.30 часот  веќе е заминат возот 643 на релацијата  Скопје – Битола. Според Димовски, на средбата е договорено за платата за јули менаџерскиот тим во соработка со министерствата за  финанси и транспорт да смогне сили вториот дел…

Read More

Коалицијата на ДУИ и СДСМ за претстојните локални избори е договорена од лидерите на партиите и предвидува комбиниран модел на поддршка – некаде во прв круг, некаде во втор круг, но ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие избори, изјави првиот вицепремиер и министер и за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. -Имавме состанок господинот Заев и господинот Ахмети на којшто учествувавме и Николовски и јас, договаравме во детали коалиција за локалните избори која што наликува на таа што ја направивме во 2017 година. Гледајќи во анкетите убедени сме во победа во огромно мнозинство во сите општини…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1. Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1. Пријавени се три починати лица : две лица од  Гостивар (68г и…

Read More

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска истакна дека не е разговарано за разрешување на првите луѓе на ЦУК, затоа што сметаат дека со сите околности околу пожарите се соочиле одговорно. Сепак, како што рече, Владата ќе одржи седница, на која ќе се дебатира и за ова прашање. -Сметаме дека со сите околности се соочивме доста одговорно, и за среќа немаме ниту една жртва, за разлика од земјите во регионот. Секако дека секогаш може многу подобро. Не сме зборувале за разрешување, но не сакам да прејудицирам, затоа што имаме сега седница на Влада…

Read More

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните. За преземање на овој сертификат треба: 1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk…

Read More

Руските служби за итни случаи ќе добијат засилување од вооружените сили за борба против шумските пожари. Дополнителна опрема за гаснење пожар ќе биде доставена до погодената област на сибирската република Саха, позната како Јакутск, на исток од земјата, соопшти Министерството за одбрана. Според официјалните податоци, 173 пожари се активни во областа и ситуацијата и натаму е многу тешка. Повеќе од 2.500 припадници на итните служби се обидуваат да спречат ширење на пламенот во неколку села, каде што луѓето се жалат на густ чад. Станува збор за огромна област каде што пожарите не се изгаснати, бидејќи тоа се оддалечени подрачја.

Read More