Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Собранието и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор потпиша Меморандум за разбирање
Претседателот на Собранието Талат Џафери, и директорот на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ), Томас Гербер, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ) и Северна Македонија, за партнерство во спроведувањето на „Програмата за реформи во секторот за безбедност и разузнавање во Република Северна Македонија“ (2021-2026). Како што се наведува во соопштението од Собранието, директорот Гербер искажа благодарност за конструктивната соработка со Собранието и ги поздрави напорите за унапредување на надзорот врз безбедносниот сектор. Тој подвлече дека, донесувањето на закони со кои се формираа соодветните институции во разузнавачкиот сектор подразбира комплексни процедури и…
Сите сме силно погодени од пандемија со Ковид-19 и ставот на австриските власти во моментот е дека треба да се охрабрат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинација на што повеќе луѓе е вистинскиот пат, вели австрискиот министер за европска и меѓународната соработка Михаел Линхарт во интервју за МИА. – Состојбата постојано се менува. Бројките на инфицирани граѓани во Австрија повторно одат нагоре, и тука е вакцинацијата каде ние сме во рамките на европскиот просек. Во моментот сметаме дека треба да ги охрабриме луѓето да се вакцинираат. Сега имаме мерки преку кои луѓето кои не се вакцинирани ја немаат таа слобода…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид ќе учествува на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, покрај Димитров на форумот ќе учествуваат државниот секретар за ЕУ на Шпанија, претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот. Тема на дискусијата ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата. Настанот е во организација на Кралскиот институт Елкано, Бледскиот стратешки форум, Амбасадата на Словенија во…
Просечната месечна нето-плата по вработен во Босна и Херцеговина за септември 2021 година изнесува 1.006 КМ (514 евра) и е номинално повисока за 4,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Агенцијата за статистика на БиХ. Најниска плата имала во дејноста обезбедување сместување и подготвување и подготовка на храна – 625 КМ (319 евра), потоа во градежништвото 715 КМ (365 евра), а во административни и помошни услужни дејности 760 КМ (388 евра). Во финансиските и осигурителните дејности, просечната нето плата во септември изнесува 1.623 КМ (830 евра), во производството и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација…
Поранешниот американски државен секретар, 84-годишната Медлин Олбрајт, положи заклетва како нов претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД, соопшти Пентагон, јави Си-Ен-Ен. Овој развој на настаните доаѓа речиси точно една година откако администрацијата на Трамп ја отстрани неа и другите експерти за национална безбедност од советодавниот комитет. Олбрајт е првата претседателка на одборот откако министерот за одбрана Лојд Остин започна ревизија на советодавните комитети на Пентагон претходно оваа година. На почетокот на февруари, Остин отпушти стотици членови на 42 одбори и комитети, вклучувајќи, според Си-Ен-Ен, контроверзни членови назначени за време на администрацијата на Трамп.
Претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе од 9 до 16 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има намалување на облачноста, а во недела ќе преовладува претежно сончево време. Во почетокот на следната седмица се очекуваат врнежи од…
Бугарија е под многу силен меѓународен притисок да го повлече ветото за Северна Македонија, изјави за БНТ поранешниот бугарски заменик-министер за надворешни работи, Љубомир Ќучуков. Тој, сепак, смета дека рокот за тргање на ветото за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ е прекраток, јави дописникот на МИА од Софија. – Во сегашните услови, кога во Бугарија претстојат преговори за формирање влада, нема начин да се донесе таква одлука пред самитот на ЕУ, вели Ќучуков. Поранешниот висок бугарски дипломат смета дека е важно да се види дали декларираниот став на лидерите на „Промената продолжува“ Кирил Петков и Асен Василев за…
Директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP), Дејвид Бисли, претстави план како да се потрошат 6,6 милијарди долари за борба против гладта во светот, со што одговори на предлогот на директорот на Тесла, Илон Маск, да ги продаде акциите на Тесла за финансирање план, ако WFP може да опише точно како би функционирал. Бисли објави на Твитер линк до „извршно резиме“ на планот од 1.000 зборови, јави Си-Ен-Ен. Тој истакнува план за ОН да дистрибуираат оброци и ваучери од 6,6 милијарди американски долари за да нахранат повеќе од 40 милиони луѓе во 43 земји кои се на раб…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Дуда, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев. Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум…
Австрија се загала за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ уште во декември, и тоа интензивно го бара од партнерите во Унијата. За Скопје декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ, Софија пак наговестува дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор за разликите. – Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа…
Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Средбата треба да се одржи во Клубот на пратениците во 15:30 часот. Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24 кажа дека имаат мнозинство во овој момент од 61 пратеник, како и дека Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.…
Во очекување Владата да се произнесе за предлогот на Комисијата за заразни болести за заострување на мерките против КОВИД-19 и зголемување на опфатот на имунизација, Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 818.689, а ревакцинирани се 787.837 граѓани. Трета доза примиле 59.735 граѓани. Вакцинирано е 39 отсто од целокупното население во земјава, а 38 отсто примилe две дози. Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози 48 проценти. Две дози примиле 57 отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, а 33 отсто од популацијата од 18 до…