Author: НОВА ТВ

Виена, како центар на многу дипломатски активности, до неодамна беше безбедна за работа на многу американски дипломати, но од почетокот на годинава се забележува нагло зголемување на здравствените инциденти со симптоми слични на мистериозната мозочна болест што се појави во Хавана во 2016 година, објави Радио слободна Европа (РСЕ). Американската влада истражува низа здравствени инциденти во Виена во кои се вклучени нејзините дипломати и друг персонал во администрацијата, пренесува Би-Би-Си, истакнувајќи дека пријавените симптоми се слични на „синдромот Хавана“ за кој се уште не е утврдена дефинитивната причина, но американските научници велат дека тоа е најверојатно предизвикано од микробранова радијација.…

Read More

Околу двесте уметници и културни работници и порачаа на белгиската влада дека нема повеќе да ја застапуваат земјата во странство додека не се реши проблемот на мигрантите без документи кои 57 дена штрајкуваат со глад. Над 400 лица кои со години живеат и работат во Белгија без да добијат легален престој или државјанство од 23 мај штрајкуваат со глад, а денеска го започнуваат третиот ден на штрајкот со жед. Меѓу „мигранти без документи” има луѓе кои во Белгија живеат повеќе од 30 години без регуларен статус. Ситуацијата во црквата каде штрајкуваат се влошува од ден во ден. Денеска културните работници…

Read More

Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради ширењето на делта сојот на коронавирусот, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата. Австралиските власти денеска соопштија дека во државата Викторија и во следните денови ќе биде продолжен локдаунот поради Ковид-19, по утрешниот ден како однапред утврден рок, и покрај благиот пад на бројот на нови инфекции, додека двата најголеми града на континентот се борат да го запрат ширењето на позаразниот делта сој на вирусот. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, потврди дека правилата за заклучување нема да бидат укинати, бидејќи има…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон ја изгуби популарноста меѓу младите во таа земја, откако француските власти претставија нови правила во врска со здравствените пропусници и задолжителната вакцинација на вработените во здравствената заштита. Популарноста на Макрон се намали за 13 проценти кај луѓето на возраст од 12 до 24 години, покажува анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење на ИФОР за весникот „Журнал ду Диманш“. Поддршката за Макрон во таа возрасна група во моментов е 51 процент. Процентот на оние кои не ја одобруваат политиката на францускиот претседател е зголемен во возрасните групи од 25 на 34 и од 35…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.470 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 8, Скопје – 4, Гостивар и Охрид – по 2, Радовиш и Дебар – по 1. Регистрирани сe 5 оздравени пациенти од: Тетово – 3, Скопје – 2. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 3.470 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за…

Read More

Забележан е напредок во транспарентноста на јавната администрација, како и подобрување во областа на јавните финансии, но се уште е потребно унапредување на соработката со граѓанскиот сектор. Слабости се забележани и во управувањето на човечките ресурси и времените вработувања. Ова се главните заклучоци на вториот извештај за Мониторинг на реформата на јавната администрација, спроведен во 2020 година од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ). Истражувањето на ЕПИ за мониторингот на реформата на ЈА, покажува дека Северна Македонија предничи пред земјите во регинот во управувањето со јавните финансии, при што е утврдено дека се преземени значителни чекори за подобрување на…

Read More

Според податоците од Министерството за здравство (МЗ), вкупно 1.798 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. За нив вакцинирањето ќе почне од понеделник. Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 402, „Јане Сандански“ – 287, „Чаир“ – 110 и „Бит Пазар“ – 5. Во Тетово се пријавени 112 деца, во Битола 123, Куманово 88, Охрид 84, Велес 79, Кавадарци 54, Гостивар 53, Струмица 47, Гевгелија 46,  Штип 45, Струга 31, Кичево 30, Неготино 20, Ресен 19, Кочани 17, Вевчани 13, а во останатите градови…

Read More

По донесената наредба за спроведување истражна постапка, седуммина припадници на т.н. група од Гази Баба, осомничени во предметот „Планина“, откако беа запознаени со доказите што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се товарат, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Врз основа на признание на вина, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучило Предлог – спогодби со осомничените. Судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд – Скопје ги прифатил Предлог – спогодбите…

Read More

Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација, информираат од Министерството. -Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи, се работи на надминување на проблемот, уверуваат од МЗ. Денеска привремено беше блокиран официјалниот профил на министерот за здравство поради, како што се наведува, „забележана необична активност од овој профил“. Сепак, се уште може да се пристапи на профилот на Филипче, но само откако ќе се прочита предупредувањето објавено од социјалната мрежа.

Read More

Немало непроверени лица во овие работи, само најблиски, изјави денеска обвинителката Лиле Стефанова во воведниот говор од првото рочиште за случајот „Плацови на Водно“ во кое првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски, а со обвинението се соочени и Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен…

Read More

Предлог-законот за учебници кој Владата го повлече од собраниска процедура за да биде на јавна расправа, повторно е отворен за сугестии и предлози откако и претходно беше на ЕНЕР (Електронски регистар за прописи), соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Одговарајќи на новинарски прашања при посета на средното училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров по повод реконструкцијата на објекото, Царовска не прецизираше кога Предлог-законот повторно ќе биде вратен пред пратениците и соопшти дека дебати ќе има во септември. – Сега е летен период и ги чекаме експертите. Тој беше достапен на ЕНЕР повеќе од два месеца и сите…

Read More

Дигитализацијата е во завршна фаза и наскоро ќе почне опремувањето на првите судови низ државата, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на состанокот на работната група на земјите од Западен Балкан. Маричиќ се осврна и на важноста и придобивките од дигитализацијата во земјите од Западен Балкан во олеснувањето и подобрувањето на пристапот до правдата за граѓаните од целиот регион. – Заедничката дигитална стратегија на земјите од Западен Балкан ќе ги забрза напорите за интеграција во ЕУ. Се очекува да донесе побрзи промени во однос на владеењето на правото, да помогне да се создаде функционална пазарна структура во регионот и ја поттикнува модернизацијата на администрацијата и општеството, рече…

Read More