Според податоците од Министерството за здравство (МЗ), вкупно 1.798 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. За нив вакцинирањето ќе почне од понеделник.

Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 402, „Јане Сандански“ – 287, „Чаир“ – 110 и „Бит Пазар“ – 5.

Во Тетово се пријавени 112 деца, во Битола 123, Куманово 88, Охрид 84, Велес 79, Кавадарци 54, Гостивар 53, Струмица 47, Гевгелија 46,  Штип 45, Струга 31, Кичево 30, Неготино 20, Ресен 19, Кочани 17, Вевчани 13, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени.