Author: НОВА ТВ

„Ова ќе ми биде најнасмеаната прес-конференција, благодарам до „Има таков народ“ и на Слави Трифонов за номинацијата за претседател на Владата“, кажа сега веќе бившиот кандидат за бугарски премиер, Николај Василев, кој се повлече од намерата. -Последниве два месеца заедничка работа ги запознав и Слави и неговиот тим, тоа се професионалци и добри луѓе. Кон мене беа упатени голем број критики. Останатите 17 предлози за министри се одлични луѓе и се надевам дека овој проект за нив тука не завршува. Ако добиевме поддршка ние ќе бевме најреформаторската Влада. Ќе управувавме чесно, со ДНК на иднината. Позитивно е што општеството се…

Read More

Од денеска попладне до вторник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуват повремени краткотрајни поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град. Според УХМР, на некои места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата како и појава на одрони и свлечишта. Исто така можна е и појава на течење и слевање вода низ дел од градските урбани средини на места каде…

Read More

Сто процентен е одзивот за имунизaција во штипското село Горачино. Здравствениот тим од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип утринава во домовите на жителите на ова село со прва доза вакцинирале шест повозрасни граѓани. Дијана Коцева-Миланова одговорен лекар за вакцинација против Ковид 19 вели дека теренскиот тим денеска се во четири села во Лакавичкиот регион. Според здравствените работници активностите на терен течат без никакви проблеми, во домовите, или на пунктовите во месните заедници. -На половина сме од теренската вакцинација на жителите од селата во штипско-карбинскиот регион. Дневно прва доза примаат од 70 до 80 жители во риралните подрачја. На пунктот во штипскиот…

Read More

Македонскиот народен театар почна со санација на проодната тераса која се наоѓа на североисточниот дел од првиот кат на објектот – кон Музејот на холокаустот. МНТ информира дека во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје и дека со зафатот ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот и ќе се спречи натамошно руинирање на објектот. – Средствата, во износ од 1.200.000 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура. Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го почнеме во безбеден…

Read More

Американската амбасада во Софија реагираше на колажот што на прес-конференција го прикажа претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој искористи фотографија од американски астронаути што починале за време на мисијата. „Прашањето беше отворено директно кај господинот Борисов“, соопшти прес-службата на амбасадата на САД во Софија, пренесува бугарската редакција на „Слободна Европа“. Во средата, за време на прес-конференција, лидерот на ГЕРБ ги исмејуваше своите политички противници со колаж со слики на Маја Манолова, Христо Иванов, Тошко Јорданов, Николај Хаџигенов, Иво Мирчев и Цветан Цветанов. Нивните лица беа поставени на фотографија од НАСА, со астронаутите од екипажот на шатлот „Колумбија“ во мисијата СТС…

Read More

„Регистрираме рекордно полугодие во работењето на зоните во изминативе дваесет години, односно обем на економска активност од над една милијарда и 559 милиони евра извоз“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, презентирајќи го отчетот за работењето на ТИРЗ во првите шест месеци од годинава. -Споредбено, забележан е раст од 68% во однос на истиот период од 2020 година, 12,5% раст за разлика од 2019 година и 33,5% раст во однос на 2018 година. Овие бројки покажуваат дека економијата во рамки на ТИРЗ е на добар пат, остварен е реален раст и ќе работиме за овие бројки…

Read More

Рокот за достава на документите за продолжување на правото на стипендија е од 1 до 30 септември за учениците и од 1 до 30 октомври за студентите. МОН на својата веб-страница објави дека документи во наведениот рок може да поднесат сите корисници на правото на ученичка односно студентска стипендија остварено во некоја од изминатите учебни/академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на стипендијата. Корисникот на ученичка стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидителство. Корисникот на студентска стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на…

Read More

На територијата на Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, информираа денеска од МВР. Како што стои во соопштението, 19 се прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 17 за возење под дејство на алкохол и 13 за возење без возачка дозвола. – Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, пет за непочитување на првенство на минување, 66 санкции за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните…

Read More

Во 2020 година, Северна Македонија го подготви својот прв Доброволен национален преглед (ДНП) што служи како основа за напредокот кон Целите за оддржлив развој (ЦОР), со забележани значајни достигнувања во категориите Луѓе и Благосостојба. Земјата оствари еден од долгогодишните стратешки приоритети – членство во Северно-атлантската организација (НАТО). Поради неможноста да се започнат преговорите за пристапување во Европската унија (ЕУ), предвремени парламентарни избори беа закажани за април 2020 год, а техничката Влада беше формирана во јануари 2020 год, се вели во извештајот на Обединетите нации за остварените резултати на Република Северна Македонија во 2020 година. Во извештајот објавен неодамна се вели…

Read More

Министерството за здравство информира дека денеска пристигнал, како што велат, најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19 – моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите „CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА). „Министерството за здравство по бројни преговори успеа да се приклучи кон Заеднички Договор за Рамковна спогодба на кој ексклузивно право имаат земјите-членки на Европската унија, за приоритетна достапност на моноклоналната „коктел терапија“. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Во рамките на Проектот за итно…

Read More

Холандскиот истражувачки новинар, врз кого беше пукано на 6 јули во Амстердам, починал во болница како последица на тешките здобиени повреди, како што објавија денеска холандската телевизија РТЛ. Де Врис бил погоден во главата, а по нападот бил пренесен во болница. И покрај напорите на лекарот да го одржи во живот, тој почина. Според локалните медиуми, Врис починал во присуство на неговото семејство. Претходно, премиерот на Холандија, Марк Руте изјави дека нападот врз Де Врис е напад врз „слободата на печатот“. Холандското кралско семејство, кое за време на настанот било во Берлин, на социјалните мрежи соопштија дека се шокирани и разочарани. Нападот…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека граѓанската обврска за масовна вакцинација е неопходна мерка заради заштита на  здравјето на луѓето, информираат од огранизацијата, од каде додаваат дека ваквиот став го темелат на должноста да се чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, што претставува највисока граѓанска обврска. -Оваа обврска е и уставно регулирана во членот 39  од Уставот на Р.С Македонија, кој гласи: „На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“, соопштуваат од Хелсиншкиот комитет. Оттаму, според нив, граѓаните покрај…

Read More