Author: НОВА ТВ

Мобилни скенери, дензитометри и камери, се дел од опремата што УСАИД ја донираше за царинските управи на Северна Македонија и Албанија, за олеснување на трговијата и транспортот и подобрување на прекуграничната соработка меѓу двете земји со цел воспоставување заеднички граничен премин и заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. Донацијата во вредност од 100.000 евра, која се состои и од советодавна помош, денеска на граничниот премин Ќафасан ја промовираа амбасадорките на САД во Северна Македонија и во Албанија Кејт Мари Брнз и Јури Ким, претставникот на царинската администрација на Северна Македонија, Илија Јаноски и директорот на албанската царина Генти…

Read More

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава донираше 1,6 милион денари  на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари“. Средствата се наменети за РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на поликлиниката. По тој повод, претседателот Пендаровски, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, и претставници на ЈЗУ Здравствен дом Скопје денеска ја посетија поликлиниката „Шуто Оризари“. Посетата е завршна фаза од оваа активност по потпишувањето на меморандумот за соработка и реализацијата на донацијата. Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, Пендаровски истакна дека при денешната посета на поликлиниката „Шуто Оризари“ имале чест на…

Read More

Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1, информира Министерството за здравство. Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје – 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 2.866 тестови преку: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска од собраниска говорница соопшти дека предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница. -Резолуцијата е примена во Собранието и е во изготвување да се распредели до сите пратеници. Согласно Деловникот, за актите за коишто не се распределени до пратениците не може да се отпочне собраниска постапка. Се надевам дека до наредната седница ќе биде спремен целиот материјал. Не е започната законската…

Read More

Словенечкото претседателство со ЕУ е многу мотивирано да го реши прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија. Веќе има интензивна комуникација помеѓу нашето претседателство со Софија, со Брисел и со други земји членки на ЕУ. Би сакале да добиеме што е можно поскоро јасна слика за одредени позиции и не би сакале да чекаме до декември, туку доколку е можно порано да го решиме ова прашање. Ова денеска го изјави словенечкиот амбасадор во земјава Милан Предан, презентирајќи ги приоритетите на словенечкото претседателство со Европската Унија на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието.…

Read More

На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, од македонска страна, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија денеска од АМСМ. Зголемен е и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Од АМСМ во соопштението посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за…

Read More

Околу 20 проценти од претставките кои ги добива Државната комисија за спречување на корупцијата од граѓаните се однесуваат на правосудството, нагласи претседателка на ДКСК Билјана Ивановска. На отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на ДКСК, Ивановска, порача дека потврда за ова се и резултатите од овогодинешното истражување на Балкански Барометар 2021 спроведено од Регионалниот совет за соработка каде е утврдено дека 81,1 процент од граѓаните сметаат дека судството е најкорумпирано. – Ако е за утеха, овој процент е малку помал од претходната година. Истражувањето спроведено од Меѓународниот републикански институт – ИРИ…

Read More

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска заедно со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи извршија увид во работите на реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“.  Реконструкцијата на улицата се врши во соработка на двете институции и средства од Светска банка преку проектот „Поврзување со локални патишта“. -Неодамна ветивме дека ќе се работи на две улици во градот, сега сме повторно овде да го одржиме ветувањето. Општина Тетово преку проектот има на располагање преку еден милион евра за реконструкции на нивни улици. Очекувам наскоро завршување на градежните работи со што ќе добиеме целосно нов лик во овој дел од градот. Драго ми е што општината работи на подземната инфраструктура…

Read More

Бојко Борисов ја напушти зградата на Националната полиција по сослушувањето на кое беше повикан. Тој изјави дека бил повикан на информативен разговор за три сигнала до полицијата кои датираат од 2009 до 2012 година. -Централната изборна комисија ме понижи со нејзината желба да ме остави пратеник. Како таков не можев да бидам повикан тука, па среде ноќ се предомислија. Сите сигнали се однесуваа на тоа дека некој нешто слушнал додека правел крос, дека сум кажал некаква закана дека некого ќе изедам, рече Борисов. За време на испрашувањето на поранешниот премиер пред зградата на Генералната дирекција на националната полиција во Софија,…

Read More

Основниот суд во Штип донел решение за поведување претходна постапка за утврдување на причините за отворањeто на стечајната постапка за Баргала АД Штип, а на акционерското друштво му е изречена забрана да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и забрана за одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против ова АД. -На предлог на работниците застапувани од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поради неисплатени повеќе од три плати и тоа што сметките на должникот Баргала АД Штип се блокирани повеќе од 45 дена, Основниот суд во Штип, преку стечајниот судија Емил Пилатов во законскиот рок…

Read More

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов се појави на распит во Главната дирекција на „Национална полиција“. Пред два дена самиот Борисов објави пред медиумите за добиената покана за информативен разговор. Стотици демонстранти во знак на поддршка на поранешниот премиер се собраа пред објектот на Националната полиција. Демонстрантите скандираа против претседателот Румен Радев и привремениот министер за внатрешни работи Бојко Рашков. Исто така, постои зголемено полициско присуство на местото.

Read More

Главната расправа за предметот „Тендери“, закажана за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по добиено известување од Судскиот совет за разрешување на судија – поротник, главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, насроечно за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник. За новите термини за продолжување со главната расправа, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени, информираат од Основен кривичен суд…

Read More