Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија. -Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, рече Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје. Прашан дали Бугарија…
„Гласав за единствената демократска партија. Европа доживеа да види венецуелски избори. Тотален хаос во земјата, а во странство се случува кражбата на векот“, вели лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов откако го искористи правото на глас, пренесува бугарската телевизија Нова. -Машини кои не работат, без принтери, без хартија, тотален хаос. Која е поентата за непризнавање на изборите? Тие ја имаат целата моќ. Чекам да излезат резултатите од гласањето, да видиме што се направиле. Благодарен сум му на Бога што не оставија живи, не не затворија и не не убија, додаде Борисов. „Во оваа жештина, има километарски редици, прекин на електричната енергија…
Граѓаните од утре ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без да закажат термин за вакцинација. Првата доза вакцина граѓаните ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи, информираат од Министерството за здравство. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи. – Во Скопје вакцинирање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7:30 до 19:30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт…
Во технолошко индустриските развојни зони, по првиот, и во вториот квартал од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните четири години, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. Во вториот квартал годинава, стои во денешната информација од ТИРЗ, извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра што е за 140 проценти повеќе од истиот период во 2020, додека во однос на 2018 година порастот е околу 27 проценти. Извозната активност и во јуни годинава е највисока на месечно ниво споредено со изминатите 4 години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе…
Градоначалникот Шилегов го потпиша договорот со Владата на РСМ и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година. „Непреченото функционирање на сообраќајот и намалување на метежот е еден од приоритетите на градот. Токму затоа, покрај работата на мостот „Михајло Апостолски” на бул. АСНОМ, се започнува со работа и на уште еден мост кој ќе поврзе два дела од градот. Со изградбата на овој мост ќе се поврзат улицата Љубљанска и бул. Илинден со…
Поранешниот израелски лидер Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство ја напуштија премиерската резиденција по речиси еден месец од крајот на неговото долгогодишно владеење. Портпарол на семејството Нетанјаху го потврди напуштањето на резиденцијата во Ерусалим кусо по полноќ, како што беше договорено со новиот премиер Нафтали Бенет. По 12 последователни години како премиер и вкупно 15 години на функцијата, Нетанјаху беше сменет на 13 јуни, кога израелскиот парламент Кнесет гласаше за нова коалиција предводена од Бенет. Владата тогаш соопшти дека е договорено Нетанјаху, сега лидер на опозицијата, да ја напушти резиденцијата до 10 јули и оти тој веќе нема да има официјални состаноци таму. Демонстрантите кои со месеци протестираа…
Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ биле затекнати девет женски лица на возраст од 22 до 44 години кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири наши државјанки. Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници. – На 10/11.07.2021 година во времето од 23:50 до 01:00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост…
Австралија денеска го пријави првиот смртен случај од коронавирус годинава и рекордни нови 77 случаи оваа година во државата Нов Јужен Велс, која се бори со епидемија на делта мутацијата. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, предупреди дека бројот на случаи во и околу најголемиот град во државата Сиднеј, каде што во сила е тринеделнo целосно затворање, се очекува да порасне во наредните денови. – Очекувам бројките во Нов Јужен Велс утре да бидат повисоки од 100. Ќе бидам изненаден ако се помалку, рече таа. Вчера беа регистрирани 50 случаи, што досега беше рекорден број на новозаразени во 2021 година.
Министерството за образование и наука денеска соопшти дека привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение, согласно усвоените нови наставни програми предвидени со новата Концепција за основно образование. Најавува дека во текот на летниот период ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година. Ѓорги Божиков, наведуваат во соопштение, е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение. Божиков вели…
Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел го оцени одобрувањето на земјата на домашната вакцина против КОВИД-19 како „светло на крајот на тунелот“ во долгата трка со вирусот, јави ДПА. Итно одобрената вакцина „Абдала“ покажала ефикасност од 92,28 проценти во третата фаза на испитувањето, соопшти Државниот центар за контрола на лекови и медицинска опрема. „Абдала“ е првата вакцина против коронавирус развиена и одобрена во Латинска Америка. Куба има значително искуство во развој на вакцини, но досега резултатите од тестовите на „Абдала“ не подложеле на независна проверка. Вакцината се заснова на употреба на преработени протеини на патогенот. За целосна имунизација се користат три дози.…
Им честитам на сите на денешниот ден на изборите, што е уште еден датум на кој треба да ја покажеме нашата одговорност за изградбата на политичка власт, изјави службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев откако гласаше на предвремените парламентарни избори во земјата. . Гласањето е наша одговорност и можност преку партиите да ги покажеме нашите желби и визии за изградба на власт и за транспарентно управување во интерес на Бугарија … Од нас зависи иднината на земјата, нејзините социјални, образовни, економски политики, ги повикувам сите масовно да гласаат, додаде тој. – Се надевам дека ќе се формира кабинет по изборите. Сè зависи…
Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денеска ќе биде одбележана 26-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. Како што јави Бета, на комеморацијата повторно нема да има претставници на српските власти, а најавено е присуство на делегација од Владата на Република Српска. Во Поточари, меѓу другите, ќе бидат црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ. Во Поточари денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште 19 идентификувани жртви во Сребреница. Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се погребани 6.652 жртви на геноцидот врз Бошњаците од „Безбедната зона на Обединетите нации“ Сребреница, додека уште 237 жртви се погребани на други локации, во согласност…