Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Околу три килограми марихуана, 139 семки канабис и ќесе со кокаин пронашла струшката полиција во три одделни контроли вчера во Струга и околината. СВР Охрид денеска соопшти во близина на граничниот премин „Ќафасан“, полициска патрола од ОВР Струга, пронашла и одзеде ќесе со околу три килограми марихуана. – Ќесето го пренесувале две лица кои, откако ја забележале полициската патрола, ја фрлиле и побегнале на албанска територија. Се работи на расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, полициски службеници, со судска наредба извршиле претрес во домот на К.П.(47) од Струга, заради основано сомнение за кривично дело…
На повидок е излез од тунелот на пандемијата на Ковид-19, но мора да останеме будни поради новите варијанти што се појавуваат, изјави денеска во Дубровник министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и повика на соработка со Русија и Кина, кои, како што рече, користат „вакцинална дипломатија“. – Излегуваме од тунелот, но пандемијата е сè уште беснее, особено во Јужна Америка, Африка и Индија. Треба да останеме будни бидејќи се појавуваат нови варијанти, рече шефот на дипломатијата на ЕУ на 14-то издание на министерскиот форум на кој една од темите е влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз геополитичките односи и светската економија. Тој предупреди на…
УЕФА ја казни Англиската фудбалска асоцијација со 30 илјади евра за однесувањето на публиката на „Вембли“, по победата со 2: 1 во продолженијата над Данска во полуфиналето на ЕВРО 2020. Санкцијата следува откако беше осветлен со ласер од трибините данскиот голман Каспер Шмајхел пред изведувањето на пеналот досуден за домаќините во судиското продолжение, што чуварот на мрежата го одбрани, но топката повторно се најде пред нозете на Хари Кејн кој ја донесе победата на неговиот тим. Приврзаниците на Англија, исто така, ја исвиркаа данската химна пред мечот, а приредија и недозволен огномет на мечот во средата.
ЕУ мора да најде начин за интеграција на Западниот Балкан, што би претставувало географска и политичка консолидација на европскиот континент. Toj процес е од стратешки интерес за двете страни и потребно е поголемо вклучување на земјите од регионот во дебатата за иднината на ЕУ, на начин како иницијално беше овозможено за време на Преспа форумот и панелот на конференцијата Иднината на Европа. Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи во обраќањето на панелот на министри за надворешни работи „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, што се одржа денеска во рамки на Дубровник…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите три дена, спроведоа вонредни контроли во Охридско – струшкиот регион и во Дојран, при што опфатени биле 89 оператори со храна и уништени се над 200 килограми небезбедна храна. Спроведени се контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркети и други објекти, каде има зголемена фреквенција на туристи, а зајакнати контроли се спроведуваат и во малопродажните објекти во сите населени места. – За утврдените неусогласености ( најдена храна со поминат рок, лоши хигиено-технички услови, нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство и…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 7, Скопје – 6. Регистриран e 1 оздравен пациент од: Прилеп – 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 3.404 тестови преку: ИЈЗ-115, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-54, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово–24, ЦЈЗ Куманово–23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–17, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-237, Биотек-160, Систина-77, лабораторија Лаор-212, Синлаб-34, Ремедика-31, Плодност–31, Генеа–9,…
Откриена е работилница за поправка на оружје во домот на 38-годишен жител на селото Љубен. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера при контрола на патничко возило „опел зафира“ управувано од 38-годишниот М.Ш. откриени се 300 куршуми различен калибар, а потоа со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом при што откриена е работилницата, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција. М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ, велат од МВР.
Европската унија забележа во 2020 година најголем број на смртни случаи во изминатите 60 години поради пандемијата на коронавирусот, што доведе до мал пад на популацијата, објави Евростат. Во земјите членки на ЕУ починале 534.000 луѓе повеќе отколку во 2019 година (зголемување за 11 проценти). Бројот на починати се зголеми од 4,7 милиони на 5,2 милиони лица. Таа бројка „ги одразува последиците од пандемијата Ковид-19“, наведува Евростат. Портпаролка прецизираше дека станува збор за „најголем број починати во една година од 1961 година“, кога првпат биле достапни статистиките за сите тие земји. Бројот на починати се зголемил во сите земји-членки на…
За првпат во јавното здравство во нашата земја, денеска се направи една интервенција што означува почеток во работа во една сосема нова сфера во неврохирургијата и неврологијата, а тоа е т.н. постапка за стимулација на нервот вагус и се користи за подобрување на квалитетот на животот на пациентите кои имаат епилепсија, изјави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клиниката за неврохирургија. Станува збор за пациенти кај кои терапијата нема никаков ефект и кои имаат многу чести епилептични напади и не можат да ги вршат нормалните животни функции. – Со оваа метода се намалува и фреквенцијата и силината на…
Пратеникот Димитар Апасиев упорно шири лажни вести, обвинуваат од МВР. „По минатонеделниот обид со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста. Тој на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР. Вистината е сосема различна“, се вели во демантот на МВР. Оттаму додаваат дека спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, за сопствениокот на возилото изречена е соодветна санкција. -Апелираме до пратеникот да почне да се однесува како пример за…
Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик. Нема да побарам одговорност затоа што очекувам токму од претседателот на Собранието да го објасни тоа што таму се случило, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница. Претседателот на Собранието, посочи Заев, е еден од главните чувари на Уставот на Република Северна Македонија и очекувам сите ние да бидеме пример на почитувањето на Уставот.…
Вкупно 103 компании од пристигнатите 700 апликации ќе бидат кофинансиски поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за да ги реализираат своите идеи за технолошки развој за забрзан економски раст. Поддршката од ФИТР е 5,7 милиони евра, додека компаниите ќе вложат сопствени средства во вкупна вредност од 5,3 милиони евра. Компаниите кои влегоа во финалната селекција имаат 2.049 вработени лица. Најголем дел или 69 се мали компании, 21 се микро и 13 се средни компании. Само 22 се компании кои и претходно користеле средства од ФИТР, а останатите за првпат аплицирале. Солиден процент, речиси 30 компании, се старт…