Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
По денешното разрешување на судијата Горан Бошевски, во скопскиот Кривичен суд од самиот почеток ќе мора се вратат сите судења на кој тој бил дел од судечкиот совет. Таков е и случајот со два предмета на кои работеше згаснатото Специјално јавно обвинителство – „Талир“ и „Траекторија“, па ги презеде редпвното, Јавно обвинителство. Случајот „Талир“ е за незаконско финансирање на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а во него се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари, додека Илија Димовски, Леко Ристоски и ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект се обвинети само за перење пари.…
Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски се кандидира за нов мандат на локалните избори во октомври, соопштија од општината. Мотив за нов градоначалнички мандат на Димитриевски му била поддршката од граѓаните. – Градоначалникот Димитриевски заедно со својот тим и со поддршка од граѓаните во изминатите неполни четири години успеа во реализација на многу заеднички проекти за Куманово и кумановчани, со што покажа вистинска промена и докажува дека Куманово се менува на подобро, соопштија од Општина Куманово. Максим Димитриевски на локалните избори во 2017 година ја доби победата во Куманово и го наследи дотогашниот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, кој…
Македонската одбојкарска репрезентација својот прв натпревар на претстојното Европско првенство ќе го игра против кодомаќинот Финска, соопшти денеска Европската одбојкарска федерација, објавувајќи го комплетниот распоред за завршниот турнир што ќе се одржи од 1 до 19 септември. Својот премиерен настап македонските одбојкари ќе го играат на отворањето на Европското првенство, на 1 септември во Тампере со почеток од 19 часот. Во второто коло македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на…
Комисијата за финансирање и буџет како матична собраниска комисија денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои за годинава се предлага намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена вредност за електрична енергија од пет проценти да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите и за индустријата. Претседателот на Комисијата Тимчо Муцунски апелираше до пратениците од парламентарното мнозинство да го прифатат амандманот бидејќи, како што рече, тие се во интерес и на…
Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, преку твитер упати честитки до министерот за надворешни работи, Бујар Османи и Владата за, како што пишува, успешната организација на првиот „Преспа форум дијалог“. „Пораките од Европската унија беа јасни: 1. Иднината на Западен Балкан е во Европската унија. 2. Патот до Европската унија се одвива преку реформи. Ова е во интерес на сите и ќе им помогне на младите од Западен Балкан да ги реализираат своите аспирации за подобар живот дома. 3. Кога разговараме за иднината на Европа, сакаме да ги слушнеме гласовите од Западен Балкан. 4. Европската унија ќе го испорача ветеното“, пишува…
Џенаро Гатузо категорично ги негираше гласините дека неговите расистички, сексистички или хомофобични убедувања биле причина за неговото заминување од Фиорентина. „Не мислам дека причината за непостигувањето договор се некои изјави и настани од пред десет години. Покрај тоа, јас не сум расист, сексист или хомофоб. Многу од моите изјави едноставно беа погрешно протолкувани. Да, јас сум традиционален, но можете да прашате некој од моите поранешни соиграчи дали сум расист, сексист или хомофоб. Верувам дека треба да се живее сопствен живот, а не да се живее каков што другите очекуваат од него“, рече Гатузо во интервју за „Ла Република“. Гатузо беше…