Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Фернандо Сантош проговори за можна оставка од селекторската функција на португалската репрезентација, која ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство 2022 година. На прашањето од новинарите дали разговарал со Фернандо Гомеш, претседателот на Португалската фудбалска федерација, за можно повлекување по поразот од Србија, Сантош одговори: „Не, не ни помислив на тоа. Кога преговарав со Гомеш во 2014 година, реков дека ако не ја завршам задачата, ќе си заминам истиот ден, без никакво одлагање. Ги решив сите задачи што ми беа доделени. Одевме на големи турнири три пати, но сега не успеавме директно. Сепак, колку пати Португалија играла во…
Даниел Лорер од коалицијата „Промената продолжува“, кој се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи во новата влада во Софија, изјави за „БТВ“ радио дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Лорер ако биде оставена единствено историјата да ги движи преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, тоа нема да биде доволно добар резултат и двете страни. Според Лорер, ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји. – Почитувањето на правата на македонските Бугари е од…
Според владини податоци, во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5G мрежата, технологија дизајнирана да внесе револуција во мобилниот интернет. 5G Интернетот, чија брзина е 100 пати поголема од 4G, овозможува пренос на големи количини на податоци за многу кратко време. Кина, која беше една од првите земји што официјално лансираше 5G во 2019 година, е пионер на ова поле благодарение на технолошкиот напредок на нејзиниот лидер Huawei. Повеќето од паметните телефони што се продаваат во земјата каде што локалните брендови доминираат на пазарот се компатибилни со 5G. Околу 450 милиони луѓе во Кина користеле 5G барем еднаш, што…
Големопродажните цени на гас во Велика Британија и во Европската унија се зголемија за 17 отсто, откако германскиот енергетски регулатор суспендираше издавање дозвола за гасоводот Северен поток-2 од Русија до Германија, јави Би-Би-Си. Беше нагласено дека компанијата што ќе управува со гасоводот мора да го почитува германското законодавство пред да може да се издаде дозвола за проект вреден 10 милијарди евра. Критичарите стравуваат дека гасоводот ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија. Гасоводот беше завршен во септември, но изградбата беше проследена со доцнење. Поминувајќи под Балтичкото Море, Северен поток-2 ќе го удвои извозот на руски гас во Германија,…
Австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Линхарт ќе биде пречекан од неговиот домаќин шефот на дипломатијата Бујар Османи со кого ќе има тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации. Според најавите, во фокус на разговорите на средбите се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи меѓу двете земји, како и европската перспектива на земјава, со посебен акцент на очекувањата од претстојниот декемвриски Самит на Европската Унија. Во рамки на официјалната посета на земјава, Линхарт ќе…
Хеликоптери доставуваат храна до луѓе во градовите отсечени поради големите поплави и лизгање на земјиштето во канадската провинција Британска Колумбија додека некои региони се подготвуваат за повеќе врнежи во следните неколку дена. Одрони уништија патишта и мостови и го прекинаа пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, нарушувајќи ги глобалните синџири на снабдување кои веќе се борат со проблемите предизвикани од Ковид-19. Канадската провинција Британска Колумбија денеска најверојатно ќе воведе вонредна состојба за да помогне во санирањето на штетите предизвикани од големите поплави. Одроните предизвикани од поројните дождови уништија неколку главни патишта и загина едно лице. За два дена…
Сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една примена вакцина или ПЦР негативен тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. За овие мерки било одлучено на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести (КЗБ), која предлозите ќе ги достави до Владата. Освен вакцинација и ПЦР тест, Комисијата предлага вработените да прикажат или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена или пак потврда од лекар специјалист дека не можат да ја примат вакцината. Се препорачува и задолжителна вакцинација за…
Европа од минатата недела е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО), откако бројот на смртни случаи се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19. СЗО ја информира јавноста дека бројот на смртни случаи од коронавирус насекаде низ светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа. Најголем број нови случаи низ Европа е регистриран во Русија, Германија и Обединетото Кралство. Русија вчера имаше нов дневен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 – 1.247. Во…
Времето утре ќе биде умерено до значително облачно, со појава на магла и значителна ниска облачност по котлините претпладне и со услови за слаб дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој во ноќните часови кон петок ќе почне да се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Утре и в сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе…
Полскиот претседателот Анджеј Дуда денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев. Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, Дуда утре ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вила Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција. Дуда и Пендаровски истиот ден ќе се обратат и…
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави сет совети за Меѓународните спортски федерации за прашањето на трансродовите лица и спортистите кои го декларираат својот пол спротивен. Сетот вклучува 10 принципи кои, според ИОК, федерацијата треба да ги земе предвид. ИОК смета дека на сите спортисти треба да им се дозволи да се натпреваруваат, без разлика на пол, статус или родов идентитет. На пример, трансродовите луѓе не можат да бидат исклучени од конкуренцијата само затоа што се трансродови. – Спортистите треба да се натпреваруваат во категоријата пол во која се чувствуваат најдобро. Истовремено, федерациите мора да ги утврдат критериумите по кои одредени спортисти…
Припадниците на Морнарицата на САД кои ќе одбијат да се вакцинираат против Ковид-19 ќе мора да ја напуштат армијата и би можеле да изгубат некои од бенифициите кои ги имаат ветераните, соопшти американската морнарица. Рокот за целосна вакцинација е 28 ноември. Морнарите можат да поднесат барање за ослободување од медицински или религиозни причини, но ако тоа барање биде одбиено, тој мора да започне со вакцинација во рок од пет дена. Морнарите кои ќе одбијат да се вакцинираат ќе ги изгубат бенефициите за образование, унапредување и бонуси. Повеќе од 99 отсто од активните морнари примиле барем една доза од вакцината против…