Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Kако земја и како подрачје со 11,2 проценти заболени, влегуваме во групата држави со висока преваленца на дијабетес. Тоа е повеќе од алармантен показател за една динамична прогресија на оваа здравствена состојба. Потребни се системи на континуирано следење на гликемијата и нивна достапност за поголем број на пациенти, изјави денеска Димче Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија на Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот – 14-ти Ноември, насловен „Што не сторивме против Дијабетесот?“, што денеска се одржа во Скопје. Во рамки на настанот, Министерството за здравство и Сојузот на дијабетичари потпишаа Меморандум за…
На граничниот премин „Богородица“ кај местото Борови денеска околу 9.30 часот полицијата го лишила од слобода Г.Н. од Зелениково откако пронашла двајца мигранти од Сирија во возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки што го управувал. Како што соопшти МВР, Г.Н. бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитиниот центар Винојуг. – По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.
Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 7.169 дози вакцини, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 11 ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од МЗ. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани…
По завршување на изборниот процес Министерството за економија започна со исплата на финансиска поддршка за мерката – ваучери за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи. -Досега се исплатени над 23 милиони денари за околу 2.000 ваучери искористени во домашните хотелски капацитети, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил Согласно Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи за 2021 година за оваа мерка се предвидени 38 милиони денари за околу 3.500 домаќинства. Според Јавниот повик, потврда – ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи можеа…
Македонските фудбалери ќе имаат голема поддршка в недела против Исланд, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи навивачите завршниот натпревар од мундијалските квалификации да можат да го следат и од Источната и Западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Билетите за Источната и Западната трибина можат да се купат од денеска преку продажната мрежа MkTickets по цена од 100 денари. Претходно ФФМ одлучи за неделниот натпревар против Исланд да бидат отворени само Јужната и Северната трибина, а влезниците се продаваат по цена од 150 и 300 денари. Избраниците на селекторот Благоја Милевски со триумф против Исланд првпат во историјата ќе…
Италијанскиот фудбалски репрезентативец Лоренцо Инсиње е на излезна врата од Наполи, чиј дрес го носи од 2010 година. Неговиот менаџер Виченцо Писакане обелодени дека Наполи му понудил намалување на плата за 50 отсто на Инсиње за да остане во клубот. – Мојот однос со претседателот Де Лаурентис е одличен, но морам да појаснам дека понудата доаѓа со намалување на платата за 50 отсто. Јас сум менаџер и морам да го бранам капитенот во кој било момент, изјави Писакане за италијанските медиуми. Инсиње има важечки договор со Наполи до крајот на оваа сезона и без отштета може да го напушти клубот,…
ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјави за Нова ТВ поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов го цитира францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Северна Македонија треба да почне преговори, што, според него, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки и, како што вели, сето тоа е поради претседателот на земјата, Радев. Според Борисов, Румен…
Нов ден, нова надеж, научени лекции и иста цел. Вчерашниот неуспех на ретроградните сили да ја урнат Владата е само дополнителна обврска за нас, да продолжиме во битката за нашата европска иднина, напиша денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, на неговиот фејсбук статус. Од денеска, вели тој, целата енергија ќе ја насочиме кон решавање на проблемите кои ќе ја однесат нашата земја на повисоко ниво, европско ниво, каде придобивките нема да ги ползуваат политичките елити, туку граѓаните. – Убеден сум дека во тоа ќе успееме. Лекциите од минатото се научени, а македонската иднина е европска и никој не е посилен…
Демаскирана е уште една голема лага на Христијан Мицкоски. Се покажа дека со измами, со манипулации не може да се дојде до парламентарно мнозинство. Соочен со пораз на неговите невистини, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, да се извини и да поднесе оставка, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа рече дека со денови Христијан Мицкоски го лажел народот дека има ново мнозинство, односно дека има 61 глас за недоверба на Владата. -За пуста власт по секоја цена, седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор. Без било какви…
„Северна Македонија: Владата на Заев ја преживеа иницијативата за недоверба поради немање кворум во Собранието“, „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го „турне“ Заев“, „Северна Македонија: Како Заев го надмина предлогот за недоверба“, „С. Македонија: Трилер седница за гласањето недоверба на Заев“, „Северна Македонија – Заев се спаси во последната минута“, „Северна Македонија: Заев го доби облогот“… се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашната седница на Собранието, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го пренесуваат електронските изданија на медиумите, детално пишува…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 200 денари во однос на септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка. Според овие податоци, синдикалната минимална кошничка во октомври изнесува 34.584 денари. Храната учествува со 42,7 проценти во вкупната структура на кошничката или за храна и пијалоци потребни биле 14.779 денари. За режиски трошоци биле потребни најмалку 10.879 денари, а за хигиена 2.390 денари. – Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да…
Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 8 до 15 часот спровеле акциска контрола на возила, кои на подрачјето вршат јавен превоз, најмногу автобуси и комбиња. При контролата вкупно биле откриени и санкционирани осум технички неисправни возила, сите со несправни сопирачки. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци по Законот за возила. При контролата, исто така, констатирани се и 16 други видови прекршоци кои биле адекватно санкционирани, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Воедно биле откриени и санкционирани и 11 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна…