Author: НОВА ТВ
Октомври бил постуден и натпросечно влажен месец во споредба со повеќегодошните вредности, покажува статистиката на УХМР. Темпратурите на ниво на држава биле пониски за 2,4 степени. Во текот на октомври се забележани минимални температури под нулата на речиси сите мерни места. Најмногу денови со негативни температури имало во Берово – 11, а најмалку во Штип – 1. Апсолутна најниска температура од минус 5,1 степен е измерена во Берово на 28 октомври. Највисока, пак, е регистрирана во Гевгелија на 4 октомври кога се измерени 26 степени. Вкупните месечни врнежи дожд во октомври варирале од 94,7мм во Крива Паланка до 176,7 мм…
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска оствари средба со шефот на Делегација на Европската унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата, како што соопшти Градот Скопје, се зборувало за предизвиците кои го очекуваат Градот, а Арсовска го информирала амбасадорот Гир за приоритетите на новата администрација во наредните четири години со цел креирање на подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје. Амбасадорот Гир и го честитал изборот на Арсовска за градоначалник, со желба за успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и…
При претрес во стан во населбата Аеродром е пронајденa таблетa екстази и вага со остатоци од кокаин, а во подрумските простории е пронајдено едно пакување експлозив – тротил со жици електрични запалки – детонатори М5 за експлозив, кои од страна на Секторот за антитероризам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал се подигнати со цел понатамошно вештачење, информираа од МВР. Акцијата продолжила со претрес на гаража на ул. „Бојмија” во хартиена кеса е пронајдена поголема количина парични средства во апоени од 100 долари, или вкупно 396.200 долари, за кои од првичниот увид може да се утврди дека се работи…
Во понеделникот и вторникот аплицирани се вкупно 8.518 дози вакцини, од кои 1.883 се аплицирани како прва доза, 1.938 се ревакцинирани, а 4.700 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 ноември вкупно се вакцинирани 811.226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48.087 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираа од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над…
Грчката поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, како и на останатите земји од регионот, ја изрази и повтори портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите. Во однос на изјавата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотс дека „враќањето на националистичка реторика од соседите“, ќе доведе до „редефинирање на грчката национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ“, Папајоану, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали тоа значи и можно вето од Ггрција, објасни дека и во самите заклучоци од Европскиот совет се вклучени и…
Нов модел за вработување на лица со попреченост нема да ја подобри нивната инклузија, туку само ќе ги зголеми давачките, оценија Организацијата на работодававачи на Македонија (ОРМ) и Заедницата на заштитни друштва (ЗАПОВИМ) на денешниот состанок, во рамки на проектот „Деловен појадок“. Тие сметаат дека Законот за вработување на инвалидни лица во пракса носи и повеќе од очекуваните придобивки во областа на вработувањето на лица со попреченост, како од економски, така и од социјален аспект. -Пред да се размислува за воведување нов модел за вработување на лица со попреченост неопходно е институциите да направат сериозни и длабински анализи за тоа…
Полициски службеници од ЕВР – Карпош синоќа во 21.30 часот во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, осомничен дека одзел повеќе предмети од продажен објект во трговски центар на скопската улица „Љубљанска“. Украдените предмети биле пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот, соопштија од МВР. По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Генералниот секретар на движењето Беса, Аријанит Хоџа преку домашни и странски фактори бара да се повлече од иницијативата за гласање на недоверба на Владата, брифираат високи извори на СДСМ за „Фокус“. Според истите извори, Хоџа се обидувал да ги релативизира односите со СДСМ, знаејќи дека „Алтернатива“ е на момент од одлука за влез во Влада. „Алтернатива“ на чело со Африм Гаши вчера најави дека ќе гласаат за недовеба на владата, но порачаа дека нема да бидат дел од влада која е против евроатлантските интеграции на земјава. Хоџа беше прв од Беса која е дел од владината коалиција, кој почна да…
Седницата на која треба да се расправа и да се гласа за Иницијативата за доверба на Владата не може официјално да биде отворена и да биде изгласан дневниот ред, бидејќи нема кворум откако беше констатирано дека во салата нема доволен број пратеници. Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60. Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број…
Северна Македонија годинава ќе забележи економски раст од 4 отсто, а во 2022 од 3,9 проценти, предвидува Европската комисија во есенската макроекономска прогноза за земјите членки на ЕУ и државите кандидати. ЕК оценува дека економското закрепнување на Северна Македонија бележи добар напредок, а домашната и странската побарувачка се зголемуваат. Напредокот се очекува постепено да продолжи и во 2022 и 2023 година, врз основа на зголемувањето на домашната потрошувачка и побарувачката од странство. Реалниот раст на БДП се предвидува просечно да биде 3,9 отсто во периодот од 2021 до 2023 година. Закрепнувањето на јавните финансии веројатно ќе биде подолготрајно од претходно…
Двајцата пратеници од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Станува збор за пратеникот Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, како и за пратеничка Ангелика Петкова.
Во Собранието почна седницата на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата ги повлече претседателот на Левица Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. На седницата присуствуваат 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот…