Author: НОВА ТВ

Предлог-буџетот за 2022 година е развоен со зголемени капитални расходи за 27 проценти во однос на лани. Намалени се непродуктивните трошоци, а планирана е редовна исплата на платите, пензиите и социјалните трансфери. Зголемени плати ќе има во здравството, образованието, културата, судството, Јавното обвинителство…. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува дека Предлог-буџетот ќе биде донесен навреме и покрај политичката криза во земјава. – Предлог-буџетот е навреме усвоен во Владата и пратен во Собранието и не гледам причина зошто не би се донел навреме. Има најави и од најголемата опозициска партија дека ќе биде разгледан, рече Бесими на денешната прес-конференција во Владата.…

Read More

Упадот во Собранието на 27 април 2017 година е најсериозниот инцидент во кој не само што се повредија правата на 20-тина новинари и медиумски работници, туку се повреди правото на јавно информирање на граѓаните. Новинарите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) останаа сами да ја бараат правдата пред надлежните судови и истите судови покажаа различен аршин. Не ги видоа виновниците, ниту во насилниците, ниту во државата која не ги заштити, изјави претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на денешниот собир пред Основното јавно обвинителство со кој го одбележаа Меѓународниот ден за прекинување…

Read More

Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок утре и задутре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција. Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.

Read More

Европската комисија се воздржува од коментар за најавата на премиерот Зоран Заев дека поднесува оставка, поради резултатите на локалните избори, јави дописничката на МИА од Брисел. МИА побара реакција за оставката на премиерот Заев, но од Европската комисија кусо прокоментираа дека земјата „треба да продолжи со реформите за ЕУ“, без повеќе детали. Што се однесува до самите избори, Европската комисија смета дека врз основа на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР изборите биле конкурентни и дека се почитувале темелните слободи. Изборната администрација е пофалена за справувањето се „некои административни недостатоци од првиот круг“. – Сепак негативната реторика и наводите дека имало притисоци врз…

Read More

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги известува сите учесници во изборната кампања дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг, односно до 4 ноември 2021 година, да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг. Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг треба да се достави до архивата на Државниот завод за…

Read More

Наставничкиот пленум бара зголемување на платата на сите вработени во образованието за 20 отсто од јануари 2022 година, повикувајќи се на растот на цените на производите за секојдневни потреби и на растот на минималната плата во државава. Во барањето кое го упатува до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум посочува дека на анкетата што ја спровел, големо мнозинство од неговите членови се изјасниле дека се незадоволни од сегашните примања на вработените во образовните институции. – Вработените во образованието заслужуваат подобар животен стандард и повеќе средства за егзистенција и поради тоа бараме од Вас сериозно да пристапите кон…

Read More

Најмалку 19 луѓе загинаа, а 50 се повредени во двете експлозии што се случија во близина на воената болница во главниот град на Авганистан, Кабул. Според очевидците по експлозиите се слушнале и истрели. Се уште се непознати причините за експлозијата во близина на болницата Сардар Мохамад Дауд Кан.

Read More

Државната комисија за спречување на корупција ги потсетува сите новоизбрани советници, градоначалници и функционери за одредбите од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, како и дека при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, партиски и етнички интереси. Непочитувањето на сите обврски и забрани од Законот за спречување на корупција и судир на интереси претставуваат прекршок и за истите се изрекува одредена прекршочна санкција, односно јавна опомена. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, на денешната 54-та седница, укажа на начелото на интегритет и обврската при вршењето на функцијата да внимаваат на…

Read More

Тетовските полицајци фатиле разбојник половина час по кражбата која ја направил во една од градските обложувалници. Дваесетгодишникот кражбата ја извршил после 15.30 часот во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово. -Околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Л.Х., кој половина час пред тоа во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово насилно одзел парични средства, но, набрзо бил фатен. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок по член 236 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски портпарол…

Read More

Повремените врнежи од дожд кои наместа се пообилни, во попладневните часови ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени, а во Скопје 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. До 7 часот утрово, најмногу врнежи се измерени во Охрид, 11 литри на квадратен метар. Девет литри се измерени во Претор, седум во Дојран, пет во Маврово, четири во Лазарополе и Пожаране, три литри во Битола, Прилеп и Дебар, два литра на квадратен метар се измерени во Гевгелија и…

Read More

Овде или некој во коалицијата не разбрал нешто, или „патриотизмот” и принципите на сите во веселата дружина им се на копче и им важат само за ПР, но не и за плати, хонорари и тендери, пишува на својот фејсбук профил поранешниот пратеник Павле Богоевски, потсетувајќи на изјавата на функционерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари дека услов за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е почитување на Преспанскиот договор, додека пак поранешниот генерален секретар на таа партија, Игор Јанушев истакна дека за нив Договорот со Грција е завршена работа. „Таравари: За нас услов за коалиција е Преспанскиот договор, а Мицкоски нема проблем со…

Read More

Одлука да не се користи уставното име ВМРО – ДПМНЕ како партија ќе треба да ја образложи и нормално да сноси некаков вид на политички санкции би рекла. Популистичка е таа одлука, тоа што се случи вчера. Тоа покажува дека во ВМРО – ДПМНЕ ништо апсолутно не е променето ниту пак е реформирано, рече пратеничката Славјанка Петровска во гостувањето на “Утрински брифинг” -Однесувањето на ВМРО – ДПМНЕ во изминатиов период и пред кампањата и во текот на кампањата, а и сега покажува дека тие се далеку од реформирање, а и далеку од ЕУ. Тие ризикуваат да предизвикаат во државата отворање…

Read More