Author: НОВА ТВ
Со почеток во 11:30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за финансии Фатмир Бесими, на којашто ќе го образложи Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Предлог-буџетот за 2022 година Владата го усвои во саботата, но не беше презентиран поради изборниот молк. https://www.youtube.com/watch?v=k2XRuTodrNo
Во врска со последните случувања на конститутивните седници на Советите на општина Штип и општина Аеродром, Министерството за надворешни работи изрази загриженост од постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори во врска со потпишувањето на свечената изјава согласно Законот за локалната самоуправа. Со Законот за ратификација на Конечната спогодба, Одлуката за прогласување на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и ХХХVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија од јануари 2019 година, уставното име на државата е Република Северна Македонија и дека сите државни институции…
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, како претставник на шесте земји од Западен Балкан во Одборот на Виенската иницијатива, учествуваше на две панел-дискусии во рамки на Годишната конференција на Виенската иницијатива, што годинава се одржа во Хрватска. – Со оглед на недоволната развиеност на пазарите на капитал во регионот на Западен Балкан, банкарските системи се главниот надворешен извор на финансирање на корпоративниот сектор. Оттаму, солидната кредитна поддршка во текот на пандемијата им помогна на претпријатијата полесно да се справат со ликвидносниот шок со кој се соочија. За да се продолжи со кредитната поддршка на компаниите, што е особено важно кога се намалува фискалната…
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, истовремено и портпарол на ДУИ, за емисијата „Реална приказна“ (Real Story) на Њуз 24 го презентираше ставот на ДУИ за последните предизвици по завршувањето на локалните избори во Северна Македонија. Османи говореше за одржаните локални избори, при што потсети дека ДУИ на своето конто, како што рече, има 10 општини и зголемување од 20 отсто на гласачкото тело, споредено со претходните избори. – Забележавме зголемување на поддршката. Да имаше парламентарни избори ќе имавме 18 пратеници. ДУИ повторно беше потврдена како најважна и најголема партија меѓу Албанците. Од друга страна, имаше нестабилни коалиции, ВМРО-Алијанса, привремени,…
Американскиот претседател Џо Бајден и романскиот претседател Клаус Јоханис имаат намера да ги објават своите планови за изградба на „прва од ваков вид“ нуклеарна централа со мал модуларен реактор (ММП) во оваа европска земја, соопшти денеска Белата куќа на својата веб-страница. „Оваа соработка ќе и обезбеди на Романија технологија за мали модуларни реактори, што ќе даде предност на развојот на САД во глобалната конкуренција на ММП. Малите модуларни реактори ќе бидат важен фактор во намалувањето на улогата на јаглеродот во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението од Белата куќа. Во проектот учествува американскиот производител на мали модуларни реактори NuScale Power.…
На светот му е потребен рестарт, време е за брза акција. Ако досега бевме качени на воз кој застанува не секоја станица, сега треба да се качиме на брз воз. Мора да носиме брзи, прецизни и јасни одлуки за поздрава и поодржлива економија, што значи и поздрава животна средина, порачаа учесниците на конференцијата „Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродните емисии“. Како што беше речено на отворањето, ИКТ е една од најзелените индустрии и нејзината задача е да им помогне на останатите „да го фатат чекорот“ зашто последиците од климатските промени се сé поголеми. Една од пораките беше…
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој пропушти голем дел од оваа сезона поради операција на стапалото, тренира напорно и уверен е дека подготвено ќе го дочека настапот на Австралија Опен идната година. – Мојот план е да играм во Абу Даби во текот на декември. Потоа сакам да одиграм турнир во јануари пред Австралија Опен и подготвен да ги дочекам настапите во Мелбурн. Напорно работам сето тоа и да се случи, изјави Надал, кој како и Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер има освоено 20 грен-слем титули во кариерата. – Во моментов тренирам по час и половина. Тоа е навистина добро. Има…
Кинеската Влада им порача на граѓаните да подготват залихи од храна и други потреби за домаќинството во случај на вонредна состојба по невообичаено обилните дождови кои предизвикаа зголемување на цените на зеленчукот и во момент на пандемијата со Ковид-19 во светот. Во синоќешното соопштение од Министерството за трговија се повикани локалните власти да обезбедат редовно снабдување и стабилни цени и навреме да ги предупредат граѓаните за сите проблеми и прекини во снабдувањето. Централната влада обично прави дополнителни напори за зголемување на понудата на свеж зеленчук и свинско месо во пресрет на најважниот празник во Кина, Лунарната Нова година, кој се…
Бројот на самоубиства во Јапонија во 2020 година е зголемен за првпат по 11 години и тоа е директна последица на проблемите предизвикани од пандемијата, се вели во владиниот извештај. Минатата година се самоубиле повеќе од 21.000 луѓе, 912 повеќе од претходната година. Ова зголемување целосно се должи на зголемениот број на самоубиства кај жени кои биле вработени, се вели во извештајот. Повеќето од нив биле вработени хонорарно или привремено – група што е најмногу погодена од технолошки вишок и намалување на платите поради различни карантински ограничувања. Во 2019 година, Јапонија имаше најмалку самоубиства од 1978 година, кога почна да…
Италијанскиот стратег Антонио Конте денеска се очекува официјално да биде назначен за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем на местото на Португалецот Нуно Еспирито Санто, кој вчера доби отказ поради слаби резултати. Конте и Тотенхем, како што јавуваат италијанските медиуми, ќе потпишат договор за соработка до 2023 година. Според истите извори, двете страни постигнале вербален договор и Конте се враќа во Премиер лигата каде од 2016 до 2018 седеше на клупата на Челзи. Конте (52) со клубот од „Стемфорд бриџ“ ја освои шампионската титула (2026/17) и трофејот во ФА купот следната сезона.
Локалните избори генерално поминаа во фер и демократска атмосфера, но и овој пат беа регистрирани кршење на изборниот молк, притисоци, злоупотреба, дезинформации и говор на омраза. И покрај ветувањата и наводните заложби од политичките партии, сепак само две жени ќе раководат со локалните самоуправи од вкупно 80 општини и Градот Скопје, што повторно го потврдува проблемот со родовата нееднаквост во земјава. – Сметам дека изборениот ден помина мирно во демократска и фер атмосфера каде што беше слободно изразена волјата на секој гласач, изјави вчера претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Тој им се заблагодари на сите граѓани за, како…
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го отвори глобалниот самит за климата во Глазгов и предупреди на климатските промени, метафорично велејќи дека светот во моментов е „поврзан за уред на судниот ден“. Џонсон ја спореди ситуацијата со планетата со онаа во која тајниот агент Џејмс Бонд е врзан за бомба која може да ја уништи планетата, а тој се обидува да најде начин да ја деактивира. Тој на светските лидери им порача дека светот „е приближно во иста позиција, само што сега уредот на судниот ден што отчукува е вистински“, а не плод на нечија имагинација. – Имаме можност да ја…