Author: НОВА ТВ

Оставката на премиерот Заев од претседател на Владата и од лидер на СДСМ се уште е фејсбук оставка, се уште не е испратена до институцијата каде што треба да биде доставена, а тоа е Собранието на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски. Додаде дека во зависност од писмото што ќе биде добиено ќе се знаат и процедурите, односно она што ќе треба да се прави како наредни чекори во Собранието. Посочи дека согласно Уставот имало постапки каде претседателот на Републиката по доставувањето на оставката, таа се констатира во Собранието и претседателот на…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15% во однос на Одлуката од 25.10.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242…

Read More

Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари, изјави претставникот на Комитетот за заштита на новинари, Алберт Хутсен. Тој додаде дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен во болница откако бил пронајден повреден и дека и покрај интервенцијата на лекари не бил спасен. Фреди Лопез Аревало, кој работел како известувач за локален весник во провинцијата Чиапас, бил цел на вооружен напад додека излегувал од своето возило на 28 октомври, по што починал. Повеќе од 130 новинари се…

Read More

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем објави претпладнево дека ја прекинува соработката со португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто. Отказот за португалскиот стратег доаѓа два дена по поразот на домашен терен од Манчестер јунајтед (0-3) со што кулминираше слабиот почеток на Тотенхем во новата сезона. Санто, кој својата афирмација во англиското првенство ја имаше на клупата на Вулверхемптон, остана само четири месеци на чело на Тотенхем, оставајќи го лондонскиот клуб на осмото место со 15 бодови од 10 натпревари. Санто го наследи Мурињо по четиригодишна соработка со премиерлигашот Вулверхемптон, со кој избори пласман во Премиер лигата во сезоната 2018/19, а следната сезона настапи во…

Read More

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 1 ноември. -Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи…

Read More

Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 12 степени. Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, наместа засилен ветер…

Read More

Федералното истражно биро (ФБИ) и други клучни американски агенции за спроведување на законот не одговорија на плејадата совети и други информации пред 6 јануари, што сигнализираа дека тој ден може да се случи потенцијално насилен настан во Капитол, покажуваат документите објавени од Вашингтон Пост. Според весникот „документите на внатрешното биро“ вклучувале информации добиени од официјални лица во неделите пред пратениците да се состанат за да ги потврдат резултатите од претседателските избори. Меѓу информациите на ФБИ била и дојава, добиена на 20 декември, дека поддржувачите на Доналд Трамп разговарале онлајн како да се внесе оружје во Вашингтон за да ја „прегази“…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишен скопјанец, на 17 септември, заканувајќи се со огнено оружје – пиштол, одзел 101.000 денари од обложувалница на улица „Финска“ во Скопје. Со пиштолот му се заканил на вработениот, ги одзел парите и избегал. На 27 октомври, пак, осомничениот влегол во продавница М-Кеш на улица „Методија Андонов Ченто“ и повторно со закана со пиштол кон вработената одзел метална каса во која…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од увидот во изданијата на Службен весник од 2021 година и по увидот во својата евиденција утврдила дека во 710 случаи по избори и именувања односно престанок на функцијата не е исполнета законската обврска односно во законски предвидениот рок од 30 дена лицата не поднеле анкетен лист до Антикорупциската комисија. Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во…

Read More

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го постигна јубилејниот 400 гол во својата кариерата и придонесе во синоќешната победа на Милан на гостувањето во Рим кај Рома со 2-1. Ибрахимовиќ (40) го отвори резултатот со гол од слободен удар во 26 минути, а во 50 минута на шведскиот ветеран му беше поништен гол поради офсајд. Милан со триумфот го задржа чекорот со водечкиот Наполи со идентични 31 бодови, а во следното коло „црвено – црните“ ги очекува градското дерби против актуелниот италијански шампион Интер.

Read More

ЕК предложи нови правила за зголемување на отпорноста на банките на ЕУ на можни идни економски шокови. Со предлозите се комплетира имплементацијата на договорот Базел III во ЕУ, се вели во соопштението на Комисијата. Тој договор беше постигнат од ЕУ и нејзините партнери од Г-20 во рамките на Базелскиот комитет за банкарска супервизија, а има за цел да ја зголеми отпорноста на банките на можни економски шокови. Предлозите се последниот дел од оваа реформа на банкарското законодавство. Целта е да се спречи потценувањето на опасностите од „внатрешните модели“ што ги користат банките за пресметување на нивните капитални потреби и, според…

Read More

Изборната кампања за седмите локални избори во земјава заврши. На 30 октомври на сила стапува молкот, кога паузираат активностите на политичките партии и кандидатите за градоначалници, а и медиумите имаат забрана и се воздржуваат од пренесување на партиско-политички ставови. Правилата за изборниот молк траат до 19.00 часот на 31-ти октомври, односно до затворање на гласачките места. Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела ќе се гласа во вкупно 44 општини, а право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Гласање за градоначалник ќе нема во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не…

Read More