Author: НОВА ТВ

Дваесетте најбогати земји во светот мора да ги надминат разликите за итно да воспостават нови глобални механизми за справување со идни здравствени катастрофи, им порачаа група високи политичари и функционери на лидерите на Г20. Лидерите ќе се сретнат во Рим овој викенд и треба да разговараат за начините за подготовка за следната пандемија откако кризата со Ковид-19 откри очигледни недостатоци во меѓународната соработка. Сепак, дипломатите велат дека сè уште има големи поделби околу тоа како најдобро да се спречи и запре ширењето на потенцијално катастрофалните заразни болести во иднина. Група истакнати личности кои ја советуваат Г20 или имаат високи улоги…

Read More

Големите успеси кои во кариерата ги постигнува фудбалерот Мохамед Салах ќе се изучуваат како наставен предмет во египетските основни и средни училишта како дополнителна инспирација за учениците да постигнуваат успеси во животот. Како што пренесуваат американските медиуми, спортските успеси на египетскиот напаѓач на Ливерпул и еден од најдобрите светски фудбалери ќе се изучуваат во пониските одделенија, а повозрасните ученици ќе се запознаваат се сè што Салах има направено за да врати во општеството дел од својот успеси. Во учебниците се наведува дека „Салах сака да им помогне на другите, бидејќи сака да им даде шанса на децата да успеат во…

Read More

Најмалку 200 милиони деца во 31 земја со низок и среден приход немаат услови за образование на далечина, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ. Според анализата на Индексот на подготвеност за образование на далечина на ОН, 31 од 67-те земји (најчесто во Западна и Централна Африка) не можат да обезбедат можности за образование на далечина, додека 17 од земјите се во можност да обезбедат само умерен пристап, пренесува Анадолија. Во Извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека предучилишното образование е образовна група која е најзапоставена и дека голем број земји не спроведоа соодветна политика за време на појавата на Ковид-19. Исто…

Read More

Најсилната порака што ЕУ сега можа да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарска година, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик државен секретар за европски и евроазиски пршања на САД. Со тоа, рече тој, „ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во Западен Балкан“. Во сослушување пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика денеска на тема ангажманот на САД во Западен Балкан, Ескобар укажа дека и Северна…

Read More

Една Американка ги урна сите рекорди на Ковид-19, боледувајќи од коронавирус 335 дена. Ова е најдолгото времетраење на болеста регистрирано во светот, пишува списанието „Сајнс“ (Science). Жената (47) била хоспитализирана во пролетта 2020 година. По неколку недели поминати во болница, таа била пуштена на домашно лекување. Дома морала да користи дополнителен апарат за кислород. Сепак, нејзините последователни тестови за коронавирус продолжиле да покажуваат позитивен резултат. Првично, лекарите претпоставувале дека тоа се само резидуални честички од вирусот. Набргу потоа, сепак, еден од тестовите јасно покажал дека нивото на вирусот кај пациентката е зголемено. Истражувачите ги споредиле резултатите на Американката кои се…

Read More

Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а подгревање на инфлациските движења не е потребно, порача денеска вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска. – Причината за побрзиот раст на цените во првите девет месеци годинава од 2,8 отсто, во однос на очекувањата за раст од 2,2 отсто за целата година, се на страната на понудата. Тоа се должи, пред се, на повисокиот…

Read More

Можностите за унапредување на соработката во сите области, а особено во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал беа во фокусот на денешната средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со Иван Гешев, Главен јавен обвинител на Република Бугарија. Работната посета на бугарскиот главен обвинител во Скопје се остварува на покана на Јовески. Во делегацијата која ја предводи Гешев е и Сијка Милева, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Бугарија. – Јовески и Гешев на состанокот ги разгледаа можностите и потребите за евентуална измена на Меморандумот за соработката меѓу двете обвинителства склучен во 2015 година, а дискутираа…

Read More

Граѓанската иницијатва „Учебници и настава мора да има” денеска поднесе две претставки до Министетството за образование и наука и Народен правобранител. Драгана Спасевска, овластен застапник и претставник на Граѓанската иницијатива, изјави дека првата е за повлекување од употреба на материјалите за учење за прво и четврто одделение според новите наставни програми поради, како што рече, „суштествени проблеми и недостатоци во нив, негативното влијание што го имаат врз децата и поради кршењето на некои фундаментални човекови права во делот на правото на образование“. -Втората претставка е за кршење на уставните и законски права на децата од страна на МОН и Бирото…

Read More

Сите учесници на Локалните избори 2021 се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање – 30 октомври годинава, да изготват и до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата да достават Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, укажува Државниот завод за ревизија (ДЗР). За таа цел, како што велат, ДЗР на 30 октомври ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием…

Read More

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се аплицирани како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина, информираа од Министерството за здравство. Заклучно со 26 октомври вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424 а трета доза примиле 20.119 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. -Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според…

Read More

Инвестициите имаат значајна улога во заздравување на економијата и постигнувањето на повисоки стапки на раст. За таа цел со Планот за забрзан економски раст што го подготви Министерството за финансии, а вчера беше усвоен од Владата, се обезбедува координиран пристап на јавниот и на приватниот сектор како начин за проширување на опфатот на опциите за финансирање одржлив раст на економијата и поттикнување деловни иницијативи. Покрај предвидените инвестиции од 4 милијарди евра од јавниот сектор се проценува дека дополнително ќе бидат инвестирани 8 милијарди евра приватен капитал, а за тоа е воспоставен и начин за управување со целиот процес и широк…

Read More

Фудбалската федерација на Италија има намера да испита 62 трансфери направени од клубови од Серија А во периодот од 2019 до 2021 година. Според „Sky Sport Italia“, Комисијата за надзор на фудбалските клубови испратила извештај до обвинителот Џузепе Чине и шефот на федерацијата Габриеле Гравин. Комисијата смета дека во овие 62 трансакции трансферната вредност на играчите била проценета превисока без објективна причина. Најголем дел од сомнителните зделки ги направил Јувентус – 42 трансфери, каде 21 играч беа разменети за 90 милиони евра. Еден пример е трансферот на Марли Аке во Јувентус за осум милиони евра. Франко Тоња за истата сума…

Read More