Author: НОВА ТВ

На новинарското прашање од денешната прес конференција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во однос на наводите дека е бугарски државјанин, таа истакна дека во целост ги негира таквите тврдења. -Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и цела Македонија знае и верува дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегуваат со наводи кои што јас не можам низ постапка да ги докажам и тоа го прават зошто, затоа што јас не бев ниту човекот ниту жената која…

Read More

Културниот живот е една од главните одлики на Карпош, а библиотеката „Другарче“ буди многу спомени кај многумина од нас и постарите генерации. Младите генерации заслужуваат да бидат дел од оваа приказна, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Карпош, Душко Весковски. -Преку реконструкција и адаптација на библиотеката „Другарче“, ќе основаме Младински културен центар, каде што сите карпошани, а особено младите, ќе имаат можност да го зголемуваат и да го прошируваат своето знаење, да разменуваат мислења и искуства. Проектот предвидува екстерно реновирање и обнова на објектот, внатрешно уредување, зголемување на фондот на литература за сите возрасти, осовременување на читалната, со дигитален…

Read More

Во Северна Македонија постои јасно видлива политичка определба за спроведување на децентрализацијата, но потребно е дополнително разјаснување на законодавството и понатамошно унапредување на реформите во сферата на локалната самоуправа, се наведува во Препораката за земјава што денеска едногласно ја усвои Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа. Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, коизвестителите за земјава, Харалд Бергман од Холандија и Зденек Броз од Чешка го поздравија фактот што Владата „стави силен акцент на процесот на децентрализација“, што е потврдено и со усвојувањето на новата Програма за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2021-2026…

Read More

Германскиот регулатор има рок до почетокот на јануари да го сертифицира гасоводот, но би можел и порано да ja донесе одлуката. Транспортот на руски гас во Германија преку гасоводoт „Северен тек 2“ нема да го загрози снабдувањето на најголемите европски економии, ниту на Европската унија, соопшти германското Министерство за економија. Иако гасоводот е подготвен за испорака на гас, сертификатот на Федералната агенција на германската (гасна) мрежа се уште недостига, а анализата на Министерството е клучен услов за ова регулаторно тело да продолжи со процесот на сертификација. „Во својата анализа, Сојузното Министерство за економија заклучи дека издавањето на сертификатот не ја…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ги прекина преговорите за продолжување на договорот, објави „ЕСПН“. Договорот на играчот е пресметан до летото 2022 година. Манчестер јунајтед сака што поскоро да го обнови договорот со Французинот за да не си замине бесплатно на крајот од сезоната. Претходно беше објавено дека по натпреварот со Ливерпул (0:5) во Премиер лигата, фудбалерот им се извини на соиграчите за исклучувањето, а го навредуваше и главниот тренер Оле Гунар Солскјаер. Погба е во Манчестер Јунајтед од 2016 година.

Read More

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Студеничани, соопштуваат од РЦУК – Скопје. Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Добромир Хрс“ и „Лазар Димитров“, а од 08:30 до 12:00 часот од улицата „Зеленгора“, Општина Кисела Вода. Исто така, од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат објектите на бул. „Гоце Делчев“ во близина на Бензиската пумпа – „Макпетрол“ спроти поранешниот Саем, како и околните објекти на кејот „Димитар Влахов“ до зградата на…

Read More

Демократски и републикански пратеници во Конгресот на САД ја повикаа администрацијата на претседателот Џо Бајден да не и продава борбени авиони „Ф-16“ на Турција, соопштувајќи му убеденост дека Конгресот ќе го блокира секој таков извоз. Во писмото до Бајден и американскиот државен секретар Антони Блинкен, 11 членови на Претставничкиот дом изразија „длабока загриженост“ поради најновите наводи дека Турција ќе нарача 40 нови авиони „Ф-16“ и 80 комплети за модернизирање на постојните авиони од истиот тип . Британските медиуми наведуваат дека претседателот Бајден писмото го добил вчера, а било со датум од 25 октомври. „По најавата на претседателот Ердоган во септември…

Read More

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик. – На 16.10.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворно место на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање. По преземени мерки било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и…

Read More

Претседателот на Бугарија Румен Радев во Претседателството прими делегација на бугарската заедница во Република Северна Македонија, составена од претставници на политичката партија Граѓанско-демократска унија, здруженијата Центар за култура „Иван Михаилов“ од Битола, „Трибина“ од Прилеп, Македонска – бугарско пријателство од Скопје, „Коридор 8“ – Скопје, „Интеракција“ – Охрид и „Единство“ од Кочани. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е прва средба на бугарски претседател со претставници на Бугари од С Македонија. Бугарија стои цврсто зад македонските Бугари, рече Радев, додавајќи дека овој став веќе го искажал пред ЕУ и за време на неговите средби со францускиот претседател…

Read More

Барселона сака да го види првиот човек на Ливерпул Јирген Клоп како главен тренер, објави „Sport.es“. Во каталонскиот клуб се уверени дека актуелниот нивни тренер, Роналд Куман, следната година ќе го напушти тимот. Меѓу кандидатите за негова замена е и екс-фудбалерот на Барса, Чави. Барселона засега нема официјална понуда до Клоп. Според изворот, се размислува и за кандидатурата на Томас Тухел, кој моментално работи во Челзи, но оваа опција е малку веројатна. По девет кола од Ла Лига, Барселона со 15 бодови го зазема 9. место.

Read More

Данска ги олесни КОВИД правилата за влез на државјаните на Република Северна Македонија. Со најновата одлука на данските авторитети, нашите државјани ќе можат да влезат во Данска, без ограничувања или валидни причини но, потребно е да приложат валиден ЕУ дигитален сертификат кој што вклучува потврда за вакцинација (одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест. Инаку, со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за државјаните на Република Северна Македонија во Италијанската Република. Притоа на нашите државјани им…

Read More