Author: НОВА ТВ

Две лица од струшкото село Велешта и тројца вевчанци утрово физички се пресметале во близина на Струга. Причина за тепачката било нетрпеливост во сообраќајот. – Утрово околу 8 часот во близина на продажен објект лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(63) и В.Ш.(31), двајцата од струшкото село Велешта, од една и Б.Ѓ.(32), Д.Ѓ.(39), К.Ј.(40), сите од Вевчани, од друга страна, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Лицата, додаде, се приведени и по целосно расчистување на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Read More

Наместо во име на законот полицајци делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски, обвини членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. „Црн список на возила за отстранување”, „измислете прекршок, тргнете го”, „барајте му лекарско”, „до вечер список од акцијата глас плус важи за сите”, е дел од содржината од комуникацијата на, како што тврди Ковачки, полицајците кои ги саботирале партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. „ПП 8(725) АД – бел…

Read More

Големо мнозинство Австријци се против враќањето на Себастијан Курц на функцијата канцелар, покажа анкетата на јавното мислење на Институтот „Јуник Рисрч“ (Unique Research). Според анкетата, 73 проценти од Австријците сметаат дека лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) не треба повторно да стане канцелар. Само 22 отсто од испитаниците би сакале да го видат „камбекот“ на Курц во блиска иднина.Приврзаниците на ОВП, 69 отсто од нив, го поддржуваат Курц и сакаат тој да се врати на чело на Владата. Курц мораше да поднесе оставка поради покренување истрага против него за проневера и поткуп. Анкетите на јавното мислење покажуваат и дека…

Read More

Сувото време по обилните врнежи е повеќе од добредојдено во овој период од годината за земјоделските култури, кога есенската сеидба е на почеток, но поволно се одразува и врз прибирањето на родот што остана на нивите пред врнежите, посебно на жетвата на оризот. Како што велат агрометеоролозите, промената на времето што се случи викендов беше од локален карактер и краткотрајна, поради што не треба да ги вознемирува земјоделците. -И во овој период земјоделските производители ќе имаат оптимални услови за дособирање на родот. Во моментов влага во почвата има доволно, па временските и почвените услови се оптимални за интензивно изведување на…

Read More

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, по поразот од Ливерпул (0:5) во натпреварот од 9. коло на Премиер лигата изјави дека понекогаш не е можно да се дојде до резултатот за кој се бориме. -Понекогаш резултатот не е онаков каков што сакаме. За ова сме одговорни ние и само ние, бидејќи нема кој друг виновен. Нашите навивачи повторно беа неверојатни, не поддржуваа цело време. Тие заслужуваат повеќе, многу повеќе, и ние мора да го направиме ова за нив. Времето дојде! – напиша Роналдо на Инстаграм. Во 52. минута од средбата 36-годишниот Португалец постигна гол, но главниот судија на натпреварот, Ентони…

Read More

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска вети дека Кина секогаш ќе го поддржува светскиот мир и меѓународните правила, во услови на загриженост изразена од Соединетите Американски Држави и другите земји поради се поголемата самоувереност на земјата на глобално ниво. Тајван овој месец објави дека воените тензии со Кина се најлоши во последните 40 години, во услови на зголемена загриженост дека големиот сосед би можел да се обиде со воена сила да го врати островот со сопственото самоуправување на кое полага право. Во говорот по повод 50-годишнината од враќањето на Кина во Обединетите нации, Си рече дека таа секогаш ќе биде „градител…

Read More

Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе…

Read More

НАТО има строги протоколи за да обезбеди доверливост на информациите, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Запрашан да ја коментира изјавата на американскиот специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар, дека во НАТО постои вистински страв кога станува збор за споделување информации со новата црногорска Влада, тој кажа дека го цени придонесот на Црна Гора, но дека Алијансата ги чува информациите на сигурен начин. -Црна Гора не стана членка на Алијансата толку одамна. Таа е многу ценет сојузник и го цениме придонесот што го дава кога станува збор за нашата колективна безбедност. Го поздравувам и присуството на министерот за…

Read More

Владата во ниту еден момент ниту се мешала, ниту имала било какво политичко влијание во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија. Напротив, секогаш ја поддржувала нивната работа, како научници кои сами, заеднички двете страни, ги утврдија своите принципи на работа, информираат од Владата. Оттаму категорично отфрлаат било каква инсинуација дека имало било какво влијание на одлуката на професорот Ванчо Георгиев да го прекине својот ангажман како член на Комисијата од страна на Владата или било која нејзина институција. -Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на Комисијата,…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 21-годишен гостиварец за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност според член 292 став 3 во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – На 1 мај 2020 година, обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен. Обвинетиот, оштетениот и уште четворица другари биле во викенд куќа во селото Сретково, па во еден момент обвинетиот од гаражата извадил воздушна пушка и започнал да нишани кон својот пријател. Оштетениот реагирал со барање да…

Read More

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираа од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над…

Read More

Владата на Луксембург денеска соопшти дека ќе им дозволи на своите граѓани да одгледуваат канабис за лична употреба. Како што пренесуваат локалните медиуми, ваквата одлука е резултат на коалицискиот договор меѓу либералите, социјалдемократите и зелените од 2018 година, што го „туркаа“ младите од трите партии. Со дозволување на трговијата и поседувањето семе од канабис, Луксембург планира да им дозволи на возрасните легално да одгледуваат до четири растенија канабис по домаќинство за лична употреба. Луксембург има 620.000 жители. Возрасните жители ќе можат да купуваат семиња во продавниците во Луксембург, да ги увезуваат од странство или да ги купуваат преку Интернет за…

Read More