Author: НОВА ТВ

До Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени кривични пријави против Т.Х.(43) од Скопје, осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, и В.Т.(55) од Скопје, осомничена за кривично дело „потикнување“. Како што информира МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице – матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т., ја злоупотребил својата службена положба и овластување и постапил спротивно на процедурата за пријавување починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција. -Тој од второпријавената…

Read More

Одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ. Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, една сила повеќе доколку двете земји продолжуваат заедно, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи, нагласи дека, никогаш не бил поборник на одвојувањето, бидејќи, како што рече, овие процеси се циклични и може да сменат во обратна насока. – Се сеќавате 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Северна Македонија треба да ги продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви…

Read More

Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со овогодишниот претседавач Шведска и претседавачот во 2022 година Полска, додека веќе во 2021 година ќе претседаваме со медитерански партнери за соработка на ОБСЕ како генерална проба за нашите обврски како претседавач со организацијата во 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочи дека денешната работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, била искористена генерално за прашања поврзани со процесот на организација и самото претседавање на нашата земја со ОБСЕ, која како што посочи, претставува најголемата регионална организација на северната хемисфера која опфаќа 57…

Read More

Во јавното здравство жените тешко доаѓаат до термини за ехо на дојка или мамограф особено во изминатата година и пол од почетокот на пандемијата со КОВИД-19. На одбележувањето на Месецот за борба со ракот на дојка, Здружението за борба против рак „Борка – За секој нов ден” и годинава укажа на важноста од навремени дијагностички прегледи со оглед дека се работи за болест што не може да се превенира и чиј позитивен исход зависи од раното откривање. -Ракот на дојка не може да се превенира, може да се открие рано, а за да се открие рано треба да им овозможиме…

Read More

Трговците со обврзници ги зголемија очекувањата за раст на инфлацијата во САД на нивоа што не се забележани повеќе од една деценија поради загриженоста дека тесните грла во синџирите на снабдување и заживувањето на побарувачката на потрошувачите ќе продолжат да ги зголемуваат цените на стоките и услугите. Иако ФЕД до неодамна ја уверуваше јавноста дека инфлацијата е само привремена и дека ќе се стабилизира веќе следната година, се поизвесно е дека инфлацијата ќе трае со години, објави Фајненшал тајмс. Десетгодишна инфлација, т.н Break-even стапка – што ја означува разликата во приносот помеѓу државните обврзници што се заштитени од инфлација и…

Read More

Европската комисија во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2021 година го поздрави изборот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и како позитивен аспект го истакна фактот што во составот на Комисијата влегуваат искусни професионалци од граѓанскиот сектор, соопштија од Комисијата. -Тие исто така потенцираат дека КСЗД има широки овластувања, вклучувајќи го и правото да започнува постапки по сопствена иницијатива. Сепак, Европската комисија ги истакна и бројните логистички и финансиски потешкотии со кои се соочи Комисијата во првите неколку месеци од нејзиното постоење. Тие препорачуваат овие предизвици да бидат адресирани и решени со цел да се…

Read More

Генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид денеска изјави дека секогаш е важно да се спроведат препораките коишто се даваат пред и по изборите и очекува Северна Македонија да ги спроведе сите препораки. Во однос на борбата против корупцијата, таа, одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека е одлично што Северна Македонија учествува во регионалниот проект за мониторинг на судењата за борба против организираниот криминал и корупцијата затоа што овој мониторинг ќе даде индикации за таму каде треба да се зголемат капацитетите. – Уште еден проблем кој влијае врз сите е трговијата со…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО. Обвинетата, како законски застапник на дете родено 2019 година, не постапила според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Имено, иако со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат детето било ставено под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од 11.08.2021 година, обвинетата без да го запознае таткото на…

Read More

Четирикратниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, ќе ја почне трката за Големата награда (ГН) на САД, која овој викенд ќе се вози во Остин, со казна од десет стартни позиции. Астон Мартин, екипата за која вози Германецот, мораше да го замени моторот на болидот по четврти пат оваа сезона, што не е дозволено, и резултираше со казна од десет стартни места од позицијата, која ќе ја оствари по саботните квалификации. Фетел е во очекување на први бодови од трката за Големата награда на Белгија, кога беше петтопласиран, а оттогаш врза четири трки без пласман меѓу првите десет.…

Read More

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува до крајот на годинава да имаат предлог за новиот закон за градење и верува оти ќе се донесе најдоброто решение за сите страни. Бочварски во обраќањето на стручната расправа за новиот предлог-закон за градење, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, истакна дека со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економски развој, ќе се стимулира инвестирањето во градењето, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките, но и ќе се овозможи разрешување на голем број наталожени проблеми кои постојано се…

Read More

Кина денеска соопшти дека „нема простор за компромис“ за кинеските интереси по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД се подготвени воено да го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг. – Кина нема да остави простор за компромис за прашања поврзани со своите основни интереси, како што се суверенитетот и територијалниот интегритет, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. Бајден вчера изјави дека САД ќе го бранат Тајван и дека имаат обврска да го бранат островот, кој Кина го смета за своја територија. Воените тензии меѓу Тајван и Кина се најлоши во последните 40…

Read More

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 21 октомври, во која за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. -Во период од 06.08 до 21.10.2021 на територија на државата 42.945 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминатиов период 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид…

Read More