Author: НОВА ТВ

Фејсбук се согласи да плати 14,24 милиони долари за да го запре гонењето на американските власти кои го обвинуваат за доделување на некои добро платени работни места на странски државјани, на штета на американските граѓани и жителите со дозвола за постојан престој (зелена карта). Американското Министерство за правда поднесе тужба кон крајот на 2020 година, тврдејќи дека социјалната мрежа намерно изградила систем за вработување што ги спречува квалификуваните Американци да дознаат за одредени работни места и да се натпреваруваат, на пример, со неприфаќање на онлајн кандидатури. Компанијата на Марк Закерберг всушност ги чувала тие работни места за вработени кои веќе…

Read More

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија, веќе функционира Совет за унапредување на високото образование, посочуваат од Стопанската комора. Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми: Клуб на менаџери-претприемништво и лидерство – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школо на бизнис -лидери (почеток 25 ноември 2021 година); Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси – со едукативни и…

Read More

Пензионерите со средствата од октомвриската пензија преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа ќе можат располагаат од 26 октомври, а готовинска исплата на пензии за оние кои не користат платежни картички ќе се врши од 26 до 29 октомври. -Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 октомври 2021 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата…

Read More

Руската вицепремиерка Татјана Голикова ја повика владата од 30 октомври до 7 ноември да воведе неработни денови за да го спречи натамошниот рекорден раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 и смртните случаи. Русија денеска има 1,015 смртни случаи како последица на Ковид-19, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа, во неа се регистрирани и 33.740 нови случаи на инфекцијата. -Регионот крај Москва остана без болнички кревети за пациентите со Ковид-19, изјави денеска гувернерот. Кремљ со недели наназад им порачува на жителите на Москва и цела Русија поактивно да се вклучат во кампањата на…

Read More

Коалицијата „За обнова на Македонија“ на гласањето за советничките листи освои 55 илјади гласови повеќе од СДСМ и коалицијата, што претставува убедлива победа и јасна порака до власта, но и голема одговорност за опозицијата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој повика на обединување на целата опозиција во вториот круг, затоа што, како што рече, разликите меѓу нив се мали во однос на заедничката цел „да се собори оваа власт“. Мицкоски од граѓаните побара поддршка и во вториот круг за да може, според него, да се оствари таа цел. – Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство…

Read More

Стратешка цел останува целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека очекуваат стратешка дискусија на шефовите на дипломатиите на ЕУ на состанокот во ноември, јави дописничката на МИА од Атина. -Целосната интеграција на Западен Балкан останува стратешка цел и како што се покажа на неодамнешниот Самит во Словенија, и ЕУ и Западен Балкан треба да ги продолжат напорите во оваа насока. Ја очекуваме стратешката дискусија на министрите за надворешни работи на ЕУ, следниот ноември. Да потсетам дека последната таква дискусија,…

Read More

Министрите за транспорт на Северна Македонија, Бугарија и на Албанија, Благој Бочварски, Христо Алексиев и Белинда Балаку денеска во Софија, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8. По потпишувањето на Меморандумот, министерот Бочварски изјави дека Скопје е силно посветено на изградба на инфраструктурните проекти и оти во шестгодишната стратегија на Владата, земјата ветила 2,7 милијарди евра во нејзиниот развој, јави дописникот на МИА од Софија. Северна Македонија планира да инвестира 200 милиони евра во првиот квартал од 2022 година за изградба на железничката…

Read More

Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас. Според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу неважечки ливчиња кај општините има во Битола – 2.659, по што следат Куманово со 2.076 и Гази Баба со 2.020. Најмалку неважечки ливчиња само 48 има во Општина Пласница по што следат Ранковце со 57 и Центар Жупа со 62 неважечки ливчиња.…

Read More

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. ММФ ја прекина финансиската помош за Авганистан од 370 милиони долари во август поради „нејаснотиите во меѓународната заедница“ околу признавањето на новата талибанска влада, јави Би -Би -Си. Владата на американскиот претседател Џо Бајден на почетокот на минатиот месец објави дека не планира да ослободи милијарди долари вредни авганистански резерви злато, инвестиции и девизни резерви што ги има Авганистан во САД, а кои Вашингтон ги замрзна откако талибанците ја…

Read More

До крајот на 2022 година ќе се спроведе реформа во буџетското сметководство и од готовинско ќе се премине на пресметковно начело, најави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на ИПСАС обуката за сметковители во јавниот сектор организирана од страна на Центарот за извонредност на финансиите што денеска се одржа во Охрид. – Согласно „модифицирано пресметковно начело“ расходите ќе се евидентираат во моментот на настанување на деловниот настан во извештајниот период, а не во моментот на плаќање, а приходите и понатаму ќе се признаваат во моментот на наплатата. Овој концепт на евиденција ќе овозможи пореално и поажурно следење на неподмирените обврски кај…

Read More

Француските министри денеска предложија воведување ваучери за бензин за домаќинствата со ниски примања, додека Владата на претседателот Емануел Макрон се обидува да ја ограничи економската штета од скокот на цените на енергијата и горивото шест месеци пред претседателските избори. Владата размислува за ограничување на цената на гасот и електричната енергија и како да им помогне на сиромашните да ги платат сметките за греење во текот на зимата, поради скокот на цените на енергијата низ целиот свет поради големиот раст на побарувачката по заздравувањето од пандемијата. Цените на бензинот постојано се зголемуваат во изминатите недели и француската Владата се соочува со…

Read More

Олимпискиот оган е подготвен да го започне патувањето од Атина за Кина за да стигне на Олимпискиот стадион во Пекинг за свеченото отворање на 24-те зимски олимписки игри. Уникатниот оган ќе ја пренесе пораката на мир и пријателство, рече претседателот на грчкиот олимписки комитет Спирос Капралос на свечената церемонија во Атина, кусо, пред олимпискиот оган да му го предаде на потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022“ Ју Зајчин, јави дописничката на МИА од Атина. Олимпискиот оган што вчера беше запален во античка Олимпија, денеска им беше предаден на организаторите на Зимски олимписки игри “Пекинг 2022”, а во текот на денот,…

Read More