Author: НОВА ТВ

„Граѓаните ќе имаат јасна прилика за кој концепт ќе ги дадат своите гласови во вториот круг. Во Карпош има два концепта, едниот е бетонизација на Карпош, а другиот е проеврпски концепт со проекти и јасно движење на општината“ кажа кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Душко Весковски на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека Стевчо Јакимовски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ во минатиот негов мандат го смени демографскиот лик на општината и го бетонизираше карпош. „Мора да имаме реални проекти за граѓаните, општината четири години беше блокирана и се уште е блокирана за жал. Не знам колку граѓаните тоа го разбираат, но…

Read More

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште, информираа од Владата. Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан и биле под закана на новиот талибански режим во земјата, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации. -Во моментов во земјава престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и…

Read More

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зборуваше за фреквенцијата на Светските првенства. – Ја анализираме можноста Светското првенство да се одржува на секои две години, оценувајќи дали тоа ќе има позитивен ефект врз фудбалот. Имаме предлози за кои спроведуваме внатрешни консултации. Некои се за, а некои се против. Предностите од одржувањето на Светското првенство на секои две години ми се чинат очигледни. Повеќе натпревари од највисоко ниво, повеќе шанси да се донесе надеж и забава на светот. Кога беше одлучено Светското првенство да се одржува на секои четири години, имаше само 40 репрезентации. Сега има 211 од нив. Се зборува за…

Read More

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.669 новозаразени со коронавирусот, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови, а според стручните лица толкав број позитивни тестови е исклучително загрижувачки. Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Парламентот рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат. Причината за повторното ширење на инфекцијата ја гледа во прениската стапка на вакцинација, но и недозволивите јавни собири и протести и предупреди дека ширењето на епидемијата во Словенија во последните неколку дена е најбрзо во Европа. Инфектологот Матеја Логар, која ја предводи владината експертска група за борба против Ковид-19,…

Read More

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската комисија и делови од Европскиот парламент дека неправедно ја издвоиле неговата земја за прашања поврзани со владеењето на правото, јави ДПА. – Не смееме да молчиме кога нашата земја е нападната, рече Моравјецки пред европратениците и претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лејен. – Го отфрлам јазикот на заканите и нема да дозволам политичари од ЕУ да ја уценуваат Полска, рече тој. Моравјецки цитираше правни одлуки од Франција, Германија и Данска за кои тврде дека ја релативизирале превласта над законодавството на ЕУ на сличен начин како и неодамнешната пресуда на полскиот Уставен суд.…

Read More

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти. Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на цените на храната и на енергенсите, најверојатно ќе биде направена умерена нагорна ревизија на инфлацијата со следните макроекономски проекции. – Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во…

Read More

Жител на селото Градец-гостиварско бил повикан на разговор во полициска станица откако бил пријавен дека пукал од пиштол пред штаб на политичка партија во селото Неготино-Полошко. Од СВР Тетово информираат дека, вчеравечер околу 21 часот и 30 минути во Полициска станица Гостивар повикан е Е.Ј.(44) од гостиварски Градец. Тој претходно бил пријавен дека вечерта на 17 октомври околу 21 часот со огнено оружје пукал на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино-Полошко. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. На посоченото место се пронајдени и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. одземен е, исто…

Read More

Чешката Влада привремено го укина данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија и гас поради големиот пораст на цените на енергијата. Чешкото Министерство за финансии соопшти објави дека ДДВ-то, кое изнесува 21 отсто, нема да се наплатува во ноември и декември. Одлуката мора да биде одобрена од Европската комисија. Се очекува тоа да чини околу 78,5 милиони евра месечно. Ова значи дека домаќинствата што плаќаат 1.000 круни месечно (околу 40 евра) за електрична енергија ќе заштедат околу 350 круни во последните два месеци од годината. Владата планира следната година да направи законски измени за трајно исклучување од ДДВ на…

Read More

Членови на Конгресот на САД, ги обвинија директорите на „Амазон“ дека ја довеле во заблуда, или лажеле државната антимонополска комисија за своите деловни дејности, по неодамнешните наводи дека компанијата користи податоци од продавачи од трети страни за да копира производи и ги промовира тие верзии во резултатите од пребарувањето. Претставници на Комитетот за недоверба при Претставничкиот дом, ја разгледуваат можноста Министерството за правда да отпочне кривична истрага. Во писмото до главниот извршен директор Енди Џеси, се бара од Амазон да обезбеди „ослободителни докази“ во поткрепа на сведочењето на извршните директори (вклучително и поранешниот извршен директор Џеф Безос) од 2019 и…

Read More

Официјален Техеран ги поддржува разговорите за иранската нуклеарна програма со шесте големи сили, кои ќе бидат ориентирани на резултати, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси. – Ние сме сериозни во врска со преговорите базирани на резултати … Ако Американците се сериозни, неправедните санкции против Иран треба да се отстранат, изјави Раиси за државната телевизија. Во април, Иран и шест светски сили започнаа разговори за враќање кон договорот откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп донесе одлука да ги повлече САД од договорот пред три години и повторно воведе санкции против Иран. Разговорите беа прекинати по изборот на Раиси во јуни.

Read More

Барселона е во потрага по купување на фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, но шпанскиот клуб ќе има тешкотии да го реализира трансферот. Според „Марка“, премиерлигашот бара од Каталонците 80 милиони евра за трансфер на Англичанец. Барселона не може да плати толкава сума поради финансиски проблеми. Договорот на 26-годишниот играч од средниот ред со Манчестер сити истекува во 2023 година. Сезонава, тој одигра десет натпревари за тимот и постигна еден гол и една асистенција.

Read More

Постапката за сумирање на резултатите трае и како што завршува избирачките одбори со собирање на резултатите тие се внесуваат на веб апликацијата, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Тој изрази задоволство што изборниот ден изминал во мирна атмосфера. -Среќен сум што изборниот процес помина без поголеми проблеми. Се гласаше регуларно, законски. Среќен сум што сè помина во најдобар ред, рече Даштевски. Гласањето е завршено во сите 11 избирачки места во кои беше продолжено, за толку колку што беше прекинот. Во последните избирачки места е завршено во 21:55 часот, односно два часа и 55 минути после 19 часот. На…

Read More