Author: НОВА ТВ
Денес и јас го искористив своето право на глас. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа и гласаа, бидејќи тие ја земаа судбината во свои раце, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по гласањето. -Тоа е единствениот начин како да се стави крај оваа апатија, на безнадежност која што владее во државата, на огромен криминал, корупција и сето она кое што изминатиов период навистина сериозен проблем. Без разлика за кого го дадоа својот глас ја имаат сета моја почит, и им благодарам за тоа што денеска го реализираа и го остварија своето граѓанско право и излегоа…
„Денес е празник за демократијата во Македонија и празник за демократијата во Скопје и скопските општини. Денес заедно со моето семејство го исполнивме своето граѓанска должност и обврска да го дадеме својот глас“, кажа градоначалникот Шилегов веднаш после гласањето. „Имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекувам и се надевам дека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, впрочем онака како што заслужуваат сите граѓани на Република Северна Македонија“, потенцираше Шилегов. „Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите…
Во согласност со Изборниот законик после 19 часот вратите се затвораат, а онаму каде се затекнале гласачи пред објектот ДИК смета дека е добро да им се излезе во пресрет на гласачите, но и медиумите и сите треба да се воздржат до 19.30 часот, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој кажа дека според обработени податоци од 79,25% од избирачките места излезноста е 49,29% на државно ниво. Даштевски додаде дека се очекува оваа бројка да расте, поради тоа што дел од граѓаните оставале отпечаток директно на избирачкиот список, неможејќи да го искористат апаратот за отпечаток на прст. Инаку, првпат оваа…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека САД понудиле на Турција да и продадат борбени авиони Ф-16 во замена за нејзината инвестиција за Ф-35. Ердоган претходно наведе дека Турција сака надомест за инвестицијата од 1,4 милијарди долари за купување на авионите Ф-35. Турција имаше порачано над сто авиони Ф-35, но САД се откажа од продажбата во 2019 година откако Анкара набави руски ракетен систем С-400. Изминатите пет години се влошени односите помеѓу двете најголеми армии во НАТО поради несогласувањето за Сирија, зближувањето на Анкара со Москва, турските амбиции во источен Медитеран, состојбата со човековите права и медиумските слободи во…
Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18:30 часот е 48,96 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија. Најголема излезност има во Макеоднски Брод 76, а најмала во Боговиње 27,25 отсто. ДИК првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии треба да ги објави во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Ова се седмите локални избори од независноста, а трети на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Право…
Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во струшкото село Октиси, К.С.(67) од село Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 17.10.2021 во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во село Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Во соопштението стои дека денеска во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62) од гостиварско Речане, поради сомнение…
41,39% е излезноста на ниво на држава на локалните избори до 17 часот, покажуваат обработени податоци од 72,42% од избирачките места. Еден член од одборот ќе излезе надвор за да ги распоредува гласачите, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција, по настанатите метежи пред избирачките места. Тој кажа дека порачал проверката на отпечатоци на прсти да се прави најмногу двапати, затоа што процесот е забавен поради неколку причини, како што се повеќето страници во Избирачкиот список за разлика од претходните изборни циклуси и лошите податоци на отпечатоци на прсти добиени од МВР. -Молкот ќе трае и после 19…
Турција со ресурсите што ги има може да има активна улога во инвестирањето, реализација на дел од проектите и во обновата на Авганистан, изјави вршителот на должност министер за надворешни работи на власта во Кабул, Амир Хан Мутаки во интервју за турската новинска агенција Анадолија. Тој додаде дека официјалното признание на неговата влада и меѓународната помош имаат големо значење за обнова на авганистанската економија. Мутаки на 14 октомври ја предводеше талибанската делегација во официјална посета на Турција. Тој имаше средба со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, на која се разговараше за официјално признавање на талибанците. – Како што кажавме…
До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на Локалните избори до 15:00 часот пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како и известувања за случени евентуални изборни нерегуларности. Дежурните јавни обвинители од основните јавни обвинителства будно го следат изборниот процес и со приоритет постапуваат во насока на утврдување на фактите во предметите, информира Јавното обвинителство на Република Северна Макеоднија. -На електронската адреса izbori@jorm.mk , стои во…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: • Направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе – 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1. • Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од: Скопје – 103,Куманово –…
Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми. До 12.00 часот, денеска, има за 39 проценти вкупно намалување на бројот на настани во споредба со изборите во јули 2020 година. Покрај настаните за кои претходно информираше МВР, регистрирано е дека во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено оти бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во дворот на основното училиште „Лирија“ во гостиварското село Рачане, а во кој објект било сместено избирачкото место број 528. Од МВР…
31,51% е излезноста на ниво на држава до 15 часот, при обработени податоци од 86,79% од избирачките места. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски истакна дека проблемот со метежот тешко се надминува поради три причини. -Избирачкиот список има многу повеќе страници поради рекордниот број на листи. Исто така, преку една четвртина од отпечатоците од прст од МВР се со лош квалитет и тешко се потврдуваат. Воедно се запазуваат и ковид протоколите. ДИК е едногласна дека ќе се продолжи гласањето за сите кои ќе се најдат пред избирачкото место. Мора да гласаат сите кои се нашле во кругот на избирачкото место, информира…