Author: НОВА ТВ

На почетокот на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори во Бугарија што се закажани на 14 ноември, најголем рејтинг има партијата ГЕРБ, покажуваат резултатите од анкетата на „Сова Харис“, јави дописникот на МИА од Софија. Според анкетата шест или седум партии и коалиции ќе освојат пратенички места. За ГЕРБ се изјасниле 24,2 процента од испитаниците, 19,1 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Бугарската социјалистичка партија. Коалицијата „Ја продолжуваме промената“ на двајцата доскорешни министри од привремената влада Асен Василев и Кирил Петков, според анкетата би освоила 14,6 проценти од гласовите, додека партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов…

Read More

Во Русија е развиена вакцина против коронавирус за деца, која најверојатно ќе биде именувана „Спутник М“, а буквата „М“ доаѓа од зборот „малите“. Ова го објави Александар Гинзбург, директор на Центарот Гамалеја, кој ја разви вакцината Спутник В, пренесува РИА Новости. Центарот веќе доставил документи до руското Министерство за здравство за регистрација на вакцината. Имунизацијата на децата ќе биде доброволна, ќе се прави само со согласност на родителите или старателите, изјави рускиот заменик министер за здравство Алексеј Кузнецов. Во меѓувреме во земјата, бројот на смртни случаи за првпат од почетокот на пандемијата надмина 1.000 лица за едно деноноќие. Рекорд е…

Read More

Според најновите податоци на Евростат во четири земји-членки на Европска Унија, во Бугарија, Романија, Грција и во Шпанија повеќе од една-четвртина од населението е изложено на ризик од сиромаштија. Во Романија 35,8 отсто од населението е изложено на ризик од сиромаштија, потоа следи Бугарија – 33,6 проценти, Грција – 27, 5 отсто и во Шпанија 27 проценти. Еден од пет луѓе во ЕУ е изложен на сиромаштија. Во 2020 година, 96,5 милиони луѓе во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија, што претставува 21,9 отсто од населението. Евростат наведува дека во 2020 година, во ЕУ 75,3 милиони луѓе биле изложени…

Read More

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се сретна со суперѕвездата во UFC Конор Мекгрегор во италијанската престолнина. Португалскиот специјалист на Ирецот кој со семејството го посети Вечниот град, му подари дрес на „волците“. На дресот со број 10 е испишано и името на борецот. Од друга страна, стратегот кој на Инстаграм објави фотографии од средбата, го проба вискито на Мекгрегор. View this post on Instagram A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) Утре, екипата на Мурињо ќе има тешка задача, бидејќи и претстои соочување со Јувентус во Торино во натпревар од 8.коло во Серија А.

Read More

Американската дипломатија и бугарските партнери во ЕУ манифестираат двојни стандарди кон Бугарија, но таа нема да го смени својот став во билатералните односи и не може да се очекува дека Софија ќе направи отстапки под надворешен притисок, изјави копретседавачот на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и поранешен амбасадор на Бугарија во земјава, Ангел Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, гостувајќи во надворешно-политичката емисија „Сабота 150“ на Бугарското национално радио, Димитров излезе со тврдење дека САД „најверојатно водат разговори со Република Северна Македонија околу нејзината позиција, но тоа јавно не се соопштува“. Тој…

Read More

Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески и се поклонија во спомен обележјето на Гумење. Крушевчани ултрамаратонците ги пречекаа со црвени рози. Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија, а уште 10 ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумењего го започнаа утредента, на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево. Помеѓу маратонците за првпат е и најстариот, 69-годишниот Ангел Малинов. По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава и…

Read More

Олга Панкина е овогодишниот добитник на највисоката награда за превод „Златен Витез“ на истоимениот Дванаесетти меѓународен книжевен форум во Русија. На оваа голема меѓународна манифестација се доделуваат награди за повеќе уметнички области. За номинација за литература, оваа година пристигнале над 400 дела. – Се радувам што го добив „Златниот Витез“ токму како преведувач чиј труд обично останува во сенка, кој е помалку забележлив, но, не е помалку важен и тежок од писателскиот. Среќна сум што со своја преведувачка активност придонесувам за популаризација на македонската книжевност на руските jазични простори, за единство на словенскиот свет, за зближување на словенските литератури, култури…

Read More

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го објави календарот за новата сезона во Формула 1 во кој се запишани рекордни 23 трки. Новата сезона ќе стартува во Бахреин на 20 март 2022 година, по што следуваат трките за Големата награда (ГН) на Саудиска Арабија (27 март) и ГН на Австралија (10 април), која се враќа во календарот за прв пат по 2019 година. Нова трка во календарот е ГН на Мајами (8 мај), а по двегодишна пауза во календарот се враќаат и трките во Јапонија, Канада и Сингапур. Следната сезона нема да се возат трките за ГН на Португалија, Катар и Турција.

Read More

Францускиот напаѓач Набил Фекир (28) е на списокот желби на премиерлигашот Њукасл, кој претходно овој месец мина во рацете на инвестициски фонд од Саудиска Арабија за сума од 305 милиони фунти. Британските медиуми пренесуваат дека преговорите за трансфер на Фекир од Бетис во Њукасл веќе се почнати, а англискиот клуб е подготвен да плати 20 милиони евра. Голем интерес за Фекир во 2018 година пројави и Ливерпул, но Французинот мина од Лион во шпанскиот прволигаш за 19 милиони евра. Фекир има 25 настапи за француската репрезентација.

Read More

Забраната за сообраќај на патниот правец Дебар – Маврово, во близина на селото Долно Косоврасти, која беше воведена утрово во 8 часот е укината, јави дописникот на МИА. Со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, оспособен е помошен пат и според раководителот на секцијата, Деар Лиманоски, возилата непречено се движат. – Прекинот во сообраќајот од 8 часот беше како последица на појава на кратер, пропадната дупка на коловозот со длабочина од 20 и широчина од 5 метри. Продолжуваме со пополнување на кратерот со песок. Поради тоа до 12 часот сообраќајот беше…

Read More

Во тек е гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица, кое, како што информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на денешната прес-конференција, тече без проблем. – Со право на глас на овие избори во избирачкиот список се запишани 1 824 863 лица. Денеска, пред денот на изборите, своето право на глас можат да го остварат вкупно 10 653 гласачи. На гласачките места во 13-те поправно казнени установи, можат да го остварат…

Read More

Светскиот ден на храната годинава не затегнува во критичен момент – пандемијата на Ковид-19 останува глобален предизвик, предизвикувајќи невидени загуби и потешкотии, а влијанијата на климатската криза се насекаде околу нас, вели Чу Донгју, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) по повод Светскиот ден на храната. – Посевите уништени во пламен. Домовите однесени од вода. Животот и егзистенцијата се фрлени во немир поради конфликти и други хуманитарни кризи. Глобалните предизвици за сигурноста на храната не биле толку сериозни со години. Сепак, среде сето ова, постои охрабрувачки нов импулс и енергија, додека се стремиме да ги…

Read More