Author: НОВА ТВ
Од утрово од 8 часот за сообраќај е затворен на регионалниот пат Дебар – Маврово, кај Бања „Косоврасти“, поради пропадната дупка на коловозот со длабочина од 10 метри и со можност да се прошири, информира АМСМ. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга. На останатите патните правци надвор од градските средини сообраќајот утрово се одвива непречено по влажни коловози со умерен интензитет. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините,…
Единаесет средношколци се удавија додека се обидувале да преминат река за време на извидничка акција во индонезиската провинција Западна Јава. Учениците пешачеле покрај река во областа Сијамис, како дел од воннаставни активности, кога се случила несреќата, соопшти шефот на локалната полиција Хердиат Сунарија. Учениците на возраст од 12 до 15 години биле повлечени од силна струја додека ја преминувале реката, рече тој. – Екипите за пребарување ги пронајдоа сите жртви низводно, информира началникот и додаде дека неколку наставници биле тешко повредени при обид да ги спасат учениците. Во извидничката акција учествувале 150 ученици од средното исламско училиште Харапан Бару, јавија…
Дури 83 отсто од починатите од Ковид-19 не биле вакцинирани, покажува последната статистика. Исто така, 79 отсто од хоспитализираните не се вакцинирани, како и 74,9 проценти од новозаразените. Надлежните уште еднаш испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат, уверувајќи дека ефикасноста на вакцините против Ковид-19 е потврдена со многу анализи. Според статистиката, од 6 август до завчера, во земјава се потврдени 40.208 граѓани позитивни на Ковид-19, од кои 25 отсто биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Во изминативе два месеца, 30.142 граѓани, односно 74,9 отсто од позитивните на Ковид-19…
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени. Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно, со повремен дожд претпладне и со умерен и повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе досигне до 10 степени. Од утре и во наредните денови следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на последниот ден од изборната кампања ја презентираше програмата „Создади нова иднина“ во Карбинци, Лозово, Свети Николе и Штип, каде се обрати и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Пабло Неруда пишуваше – можете да исечете цвет, но не можете да ја спречите пролета на дојде! Новата иднина доаѓа. Подгответе се, а со новата иднина доаѓаат подобри времиња за сите луѓе во Македонија. Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина, рече лидерот на…
Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар денеска изјави дека актуелната црногорска влада ќе ужива американска поддршка се додека е демократска и фокусирана на европската иднина на земјата. Тој посочи и дека на последниот самит на НАТО, иако неформално, било изразено стравување дека е опасно да се споделат сите информации со новата влада во Подгорица, пишува црногорскиот портал cdm.me. Ескобар додаде дека единственото решение за тензиите на Балканот е членството на земјите од регионот во ЕУ. „Отсекогаш верувавме дека клучот за стабилноста на овој регион е неговото членство во ЕУ“, рече Ескобар. Тој смета дека политиката на САД кон регионот се…
Министерството за одбрана на Бугарија започна инспекција во воените архиви за да утврди дали се чуваат карти, кои покажуваат каде точно се наоѓала теренската болница на 8-та пешадиска дивизија Тунџа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие можат да дадат повеќе информации за тоа дали има гробница на бугарски војници во областа на двата споменика во близина на Кавадарци или станува збор за историска хипотеза. Министерството за одбрана на Бугарија започна истрага по тврдењата на Фондацијата Македонија и бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за можно сквернавење на бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија. Споменик од гранит со крст…
Северна Македонија и Албанија се најголеми генератори на стабилноста во регионот на Западен Балкан, нешто што Европската Унија мора да го препознае, заеднички беше констатирано на денешната средба на амбасадорот Данчо Марковски и претседателката на албанскиот Парламент Линдита Никола, информираа од македонската амбасада во Тирана. Двајцата соговорници размениле мислења за идната парламентарна соработка, како и за актуелните односи меѓу двете држави. Заеднички било констатирано дека иницијативата Отворен Балкан дава можност за натамошно економско поврзување и зголемување на економско трговската соработка во регионот. -Соговорниците се согласија дека Македонците во Албанија и Албанците во Северна Македонија се најсилниот гарант во градењето на…
Четириесет и осумгодишен градежен работник, по потекло од општина Центар Жупа бил усмртен од меракен панел на местото каде што работел. -Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци, а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија, изјави за МИА, жител на Житинани. Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10 -годишна возраст. За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои обивинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката…
Њукасл во многу скоро време ќе стане фудбалска велесила, а Премиерлигата ќе мора да објасни зошто дозволи овој клуб да стане сопственост на една држава, изјави денеска тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Конзорциум од Саудиска Арабија за сума од 303 милиони фунти претходно овој месец го купи Њукасл, и покрај загриженоста во меѓународната јавност поради состојбата со човековите права во таа арапска земја. Клоп оцени дека во рок од неколку години Њукасл ќе има загарантирано место во Лигата на шампиони, мислејќи притоа на финансиската моќ на новите сопственици. – Што значи тоа за фудбалот?. Пред неколку месеци имавме голем проблем…
Протокот на лавата од вулканот на шпанскиот остров Ла Палма денеска стана посилен и многу побрз, јави ДПА. Вулканолошкиот институт на Канарските острови, Инволкан информира за „цунами од лава“, коментирајќи видеа од вулканот. Сепак, геологот Хозе Мангас, професор на Универзитетот во Лас Палмас де Гран Канарија, нагласи дека оваа слика е донекаде искривена. – Во овој случај, не можеме да зборуваме за цунами, туку за текови на лава, со температура од повеќе од 1.200 степени Целзиусови, кои течат многу брзо поради стрмниот терен, изјави тој за државниот ТВ канал РТВЕ. Вулканот еруптираше на 19 септември за прв пат по 50…
Светска здравствена организација (СЗО) вети дека ќе испрати експерти кои би требало да ја спречат сексуалната експлоатација на 10 локации. Одлуката е донесена по големиот скандал во Конго, каде персонал на СЗО е обвинет за сексуално злоставување на жени. Голем број западни донатори на хуманитарна помош побараа од СЗО да покрене детална независна истрага, која треба да утврди како се случил скандалот. Околу 83 лица во Конго кои помагаа во текот на пандемијата со ебола, од кои една четвртина работеа за СЗО, се вмешани во сексуална експлоатација и злоставување на жени во периодот од 2018 до 2020 година, соопшти минатата…