Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, мора да знаат дека не се сами, објави денеска на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочува дека дава поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на индивидуалниот, но и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство. – Само заедно можеме да се избориме против молкот и стигмата, но и да обезбедиме поддршка, заштита и сигурна средина која ќе ги охрабри жртвите да проговорат гласно…
Министерката за образование и наука Мила Царовска се приклучи кон одбележувањето на годинашната кампања против насилство врз жени и девојчиња со порака дека насилството не смее да се премолчува и дека сите заеднички треба да дејствуваме. – Затоа, со новата Концепција, кај учениците уште од најрана возраст развиваме свесност и ги учиме да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените. Постојаното гласно зборување и дејствување против родово базирано насилство ја зајакнува борбата и нè прави уште посилни и солидарни во добивањето на оваа важна битка, а одбележувањето на…
За време на работната посета на Брисел ја пренесов порака дека понатамошното одложување на почетокот на преговорите со Европската унија ќе има негативно влијание не само врз Северна Македонија, туку врз целиот регион, напиша утрово на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ. – На состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји повторив дека сите реформи кои беа побарани од нас како држава за почеток на преговорите се спроведени, вклучително и оние во правосудството, истакнува Маричиќ. Во Европската комисија, министерот за правда, одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Реиндерс на кој, како што вели, му ги претставил реформите…
Утринава после 10 часот се случила сообраќајна несреќа на патот кај приградската населба Умка, во правец кон Белград, пренесуваат српските медиуми. Како што може да се забележи на фотографиите на репортерот на „Новости“ од местото на настанот, се превртел автобус на јавниот превоз. Според првичните информации од српската полиција, во несреќата се повредени неколку лица. Создадени се колони од автомобили во двата правца, а сообраќајот е во застој.
На европските берзи утрово цените на акциите паднаа за околу три отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од ширењето на новата варијанта на коронавирусот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 3,3 отсто во 9.30 часот. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс падна за 2,95 отсто, на 7.093 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 3,0 отсто, на 15.439 поени, а париски CAC 4,25 отсто, на 6.775 поени. Цените на акциите драстично паднаа и на азиските берзи, па индексот на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските акции, беше во минус за околу два отсто околу 9.30 часот. На токиската берза…
Според правилата на Европската унија, доколку автобусот на Беса Транс кој имаше несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски патници, немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија. Законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, според информациите што ги доби МИА, не е исклучено тие да биле прекршени, но Европската Комисија не се меша во истрагата. Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и спроведувањето на законите на ЕУ е во рацете на земјите членки на Унијата. Доколку се…
Вакцините речиси сигурно ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта на коронавирусот што се шири од Африка, изјави за Би-Би-Си професорот Џејмс Нејсмит, биолог од Универзитетот во Оксфорд. – Тоа е лоша вест, но не е крај на светот, рече Нејсмит, додавајќи дека вакцината ќе биде ефикасна до одреден степен, но веројатно помалку ефикасна отколку што беше кај претходните варијанти. Нејсмит во интервју за Би-Би-Си додаде дека големиот број мутации забележани во новата варијанта може да сугерираат дека се работи за позаразен вид. Но, биологот наведува дека нивото на зараза со вирусот не е толку едноставно и зависи од тоа…
За брзо возење казнети се 566 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија. Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, соопштија денеска од МВР, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне пензија од 11 илјади до 14 илјади денари, во вторник од 14 илјади до 18 илјади денари, а во среда пензии над 18 илјади денари. – Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед…
Во Израел е откриен првиот случај на зараза со новиот вид на коронавирус Б. 1.1.529, кај граѓанин кој се враќал од Малави, соопшти денеска прес-службата на израелското Министерство за здравство. – Видот на коронавирус, откриен во неколку земји во јужна Африка, е пронајден во Израел кај граѓанин кој се вратил од Малави. Покрај тоа, постојат сомневања за уште два случаи на зараза кај странски државјани кои во моментов чекаат тестови во изолација, се вели во соопштението. Агенцијата ДПА претходно јави дека во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост. Во Јужна Африка се откриени првите 22…
Решенијата засновани на природата можат да дадат клучен придонес и за ублажување на климатските промени и за адаптацијата, истовремено поддржувајќи го зачувувањето на биолошката разновидност, здравјето, искоренувањето на сиромаштијата и другите општествени цели договорени во рамките на Целите за одржлив развој, истакна министерот за животната средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот настан „Сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата (РЗП) во Северна Македонија” – од политика до спроведување на терен, на кој се презентираше Глобалниот стандард на Меѓународната унија за заштита на природата IUCN за решенија засновани врз природата. Нуредини, на настанот кој беше организиран од страна на…
Раководителот на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер сака „да го види првиот астронаут“ од Стариот континент на Месечината до 2030 година, објави ДПА. – Целта е да испратиме астронаути на површината на Месечината до крајот на ова десетлетие, изјави Ашбахер за агенцијата во Париз. Тие „зад себе би ги оставиле првите отпечатоци од европски чевли“ на површината на Месечината – што секако би било од симболично значење. Ашбахер смета дека целта може да се постигне и дека очекува Месечината во иднина да стане нов економски простор и – нов континент. Но, нема конкретни планови за европска мисија. Ашбахер рече…