Author: НОВА ТВ

Италија предлага експеримент на младинското првенство. ФИФА размислува за враќање на стариот формат на определување офсајд во фудбалот. Се разгледува опција, во која офсајд позиција ќе се смета само кога ќе има видлив јаз помеѓу играчот во нападот и дефанзивецот, објави „Скај спорт Италија“. Сегашното правило е дека напаѓачкиот фудбалер се смета за офсајд, ако соиграчот започне со додавање, а кој било дел од телото, освен рацете, на офанзивецот е поблиску до гол-линијата отколку последниот противничкиот играч, вклучувајќи го и голманот. Италијанската фудбалска федерација предложи да се тестира иновацијата од следната сезона во младинскиот шампионат до 18 години со вклучување…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ, истакна дека со овој собир Унијата испраќа многу важна порака до регионот, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. – Сакаме да испратиме многу јасна порака, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство. Ја делиме истата историја, вредности и убедена сум и иста судбина, рече таа. Фон дер Лајен нагласи дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан…

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија да го сублимира мислењето на компаниите, Регулаторната комисија за енергетика најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите, а Владата да изнајде начин да им помогне на фирмите во рамки на можностите. Ова е заклучокот од вчерашната средба на владините претставници со раководството на Стопанската комора по предупредувањата за можен ценовен шок поради енормното покачување на цените на енергенсите на светските берзи. Како што беше речено, кризата е реалност, ќе потрае подолг период и ќе бара решенија со долгорочен и краткорочен карактер. За таа цел,…

Read More

Западен Балкан не смее да се гледа како заден двор на Европа, туку како клучен регион без кој нема напредок ниту во трансатлантската, ниту во европската интеграција, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на безбедносниот форум во Варшава. Тој синоќа на панел дискусијата за стратегијата на НАТО рече дека не е сигурен дека земјите од Западна Европа се целосно свесни за важноста на безбедноста и стабилноста во регионот, а една од причините може да биде тоа што не знаат доволно за регионот бидејќи географски се далеку од него. Сијарто рече дека е спорно што ЕУ не постигнала напредок…

Read More

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2.813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство. Заклучно со 5 октомври, вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани. Од Министерството посочуваат дека 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и…

Read More

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 425 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 4 октомври вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини,…

Read More

„Силната држава зависи од квалитетот на образованието кое го пренесува наставникот како главна алка во воспитно образовниот процес“, ова им го порача Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на просфетните работници на денешниот „Меѓународниот ден на наставниците“. Герасимовски заедно со носителката на листа Андријана Будимир во паркот на Франкофонијата се сретнаа со дел од наставниците на училиштата во општина Центар каде зборуваат за нивната работа, посветеност но и враќање на сјајот на професијата. Герасимовски го истакна влогот на Владата на СДСМ која неуморно работена изминатите четири години за враќање на дигнитетот и сјајот на…

Read More

Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, ние имаме стабилно производство и ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почувствува ценовен шок кај граѓаните, порачува генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. Но, додава, за стабилен електро-енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија, за што е потребен засилен ископ на јаглен во РЕК Битола, како и набавка на јаглен на меѓународен јавен повик. -АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира…

Read More

Веројатно сме најдобро подготвена земја кандидат во историјата на Европската Унија. Значи потребна ни е, заслужуваме реална можност за да ги започнеме преговорите и се потпираме на вас, на вашата поддршка, како и секогаш, рече претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на почетокот на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Пендаровски истакна дека Грција е меѓу најсилните поддржувачи на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и изрази надеж дека утре во Словенија, заедно со многу други европски пријатели и Атина ќе го поддржи барањето на сите земји од Западен Балкан, а главно на Северна…

Read More

Ако е потребно, ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со вчерашното предупредување на преработувачите дека храната драстично ќе поскапи. Бектеши по средбата со дел од еснафот на Старата скопска чаршија нагласи дека состојбата будно се следи. -Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа…

Read More

Нортвел Хелт, најголемата институција за пружање здравствена заштита во државата Њујорк, во понеделникот објави дека 1.400 вработени – помалку од два процента од нејзиниот персонал – одбиле да се вакцинираат против коронавирусот и дека мора да ги напуштат своите работни места, пишува Њујорк Тајмс. Властите во Њујорк решија повеќе од 650.000 медицински персонал и вработени во домови за нега на стари лица задолжително да бидат вакцинирани, а одлуката стапи на сила минатата недела, по што десетици илјади вработени решија да ја примат првата доза. Други поднесоа тужби, а судиите низ државата одредуваат кога и како да дозволат исклучоци од одлуката.…

Read More